top of page
Writer's pictureinfoislam

Претераните емоции предизвикуваат болести

Емоциите се неизоставен секојдневен елемент во човечкиот живот. Вообичаените човечки емоции имаат големо влијание и на органите, односно на нивнот функционирање и здравје.

Радоста е чувство на длабоко задоволство, а се поврзува со срцето. Кога сме многу возбудени, поради голема радост можеме да почувствуваме и некои негативни симптоми како што се вознемиреност, несоница, температура и силно чукање на срцето. Вистинската радост не се доживува на овој свет и затоа верникот кога ќе се израдува на нешто треба да му се заблагодари на Аллах.

Гневот е емоција која се поврзува со навреди, фрустрации, нервоза и лутина. Оваа расположение се одразува на црниот дроб и жолчката. Гневот ја одзема енергијата и предизвикува главоболка, вртоглавица, а го крева и крвниот притисок. Верникот затоа треба пред да се разгневи да земе длабок здив, своите мисли да Му Ги посвети на Создателот и да каже : Сите сме Божји и кај Него се враќаме. Рекол Пратеникот ﷺ,: „стрпливоста е при првиот удар“, затоа вистинскиот верник несмее да дозволи да падне во состојба на непресметливост и да сее немир и страв, и во вакви моменти се познаваат вистинските јунаци кои се стрпливи во најтешките моменти.

Немирот е емоција која е последица на претерана загриженост, а може да влијае на белите дробови и цревата. Луѓето поради чувството на немир не можат да ја искористат енергијата која ја поседуваат, страдаат од недостаток на здив, појава на чир и воспалителни процеси во цревата. Немирот на овој свет нема да исчеезне освен доколку како верник не си се обезбедил со најдобрата зделка, а тоа е да го искористиш овој свет во обожување на Создателот, за да на оној свет немирот потполно исчезне.

Тагата не ги поттикнува само солзите, туку креира и дисхармонично работење на белите дробови, а ја блокира и циркулацијата. Тагата може да ни ја одземе волјата за живот, да ги оштети белите дробови и да предизвика респираторни болести.

Меланхолијата влијае на слезината, а резултира со замор, безволност и слаба концентрација. Некои научни студии тврдат дека може да влијае и на органите за варење и да предизвика подуеност. Вакво чуство на празнотија верникот може да го промени преку молитва и да бара нови начини и методи кои ќе го исполнат за да успее како верник на овој свет и ја заслужи ветената награда.

Стравот може да го попречи работењето на бубрезите, а познато е дека предизвикува и спонатано испуштање на урината. Екстремниот страв ги „шокира“ бубрезите и меурот. Аллах вели дека стравот од луѓето не е ништо на овој свет и дека ќе настапи час во кој погледот од страв ќе се вкочани, тоа ќе го чувствува секој неверник, додека на верниците им е ветено блаженство и радост.

Шокот е состојба на вистинки страв, односно паника. Краткотрајниот шок влијае на срцето, а ако трае подолго ги оштетува бубрезите.

Поради тоа:

Бидете благодарни. Не превртувајте ги очите на се што ви оди на нерви. На хартија напишете ги работите поради кои треба да сте благодарни. И тоа е работа но на тој начин ќе се потсетите на добрите работи во вашиот живот.

Излезете надвор. Голема соба со висок син таван, свеж воздух и тревен под. Само пет минути шетање надвор има ефикасно влијание на чувството на среќа.

Појадувајте. Нема да бидете мрзливи и полесно ќе се справите со задачите.

Редовни оброци. Изедете нешто на секои три до четири часа и осигурајте го своето тело со доволно енергија и држете го својот шеќер под контрола.

Паметно време за одење в кревет. На телото му се потребни минимум неколку саати одмор за да биде спремно за идниот ден. Запомнете го тоа и следниот пат порано в кревет.

Среќно лице. Безбројни студии покажаа како еден едноставен трик, како што е насмеаното лице, ќе ви помогне да се чувствувате посреќно. „Ставите насмевка и чувствувајте се подобро“. Мухаммед ﷺ ни кажал: „И насмевката кон својот брат верник е милостина.“

1 view0 comments

Commentaires


bottom of page