top of page
Writer's pictureinfoislam

Преферирање на неутралност кога ќе настапат нереди – Предзнак на Судниот ден

Ако можеш кога ќе настапат такви настани , нереди, разидувања и неслагања,  да бидеш убиен, а не да убиеш, стори го тоа.(Ахмед и Ел Хаким- сахих)

Секогаш е подобро да бидеш убиен отколку да убиеш. Посебно ова се однесува на период на анархија и неред, па како може исламот да го обвинуваат за насилство и терор? Зарем овој хадис не ги отфрла оптужбите на тие кои што го оптужуваат исламот?

„Ќе дојде до нереди во кои оној кој седи ќе биде подобар од оној кој стои, оној кој стои ќе биде подобар од оној кој оди, а оној кој оди ќе биде подобар од оној кој трча. Кој во тиее нереди непосредно ќе учествува- ќе го упропастат! Оној кој ќе најде засолниште или заклон нека се засолни.“

(Ел Бухари, Муслим и Ахмед)

„Ќе настапат времиња на нереди. Навистина ќе дојде до такви нереди во кои оној што ќе седи ќе биде подобар од оној што оди. Оној што оди ќе биде подобар од оној кој што трчи. Затоа кога тие ќе се спуштат или ќе случат, а некој ќе има камила, нека се занимава со неа. Ако некој има овци нека се занимава со нив, а ако има земјиште нека се занимава со него.

Некој човек запрашал: Божји Пратенику а што ако некој нема ниту камила, ниту овци ниту земја?

Кажал: Нека ја земе својата сабја и нека со камен ја истапи нејзината острица. И ако може нека се спаси! – т.е. нека не учествува во тие нереди. О Аллаху дали доставив, дали доставив, Аллаху, дали доставив?

Другиот човек запрашал: Божји Пратенику, што мислиш ако со сила и присилба бидам донесен во еден од таборите или дружините, па некој човек ме удри со сабја или со стрела ме погодат и ме усмртат?

Кажал: „Ќе го носат и својот и твојот грев и ќе бидат дел од жителите на пеколот.“

(Ет Тирмизи, Ебу Давуд, Ахмед и Ел Хаким – сахих)

Знаејќи го ова многу од асхабите биле неутрални во време на судирот помеѓу Алија, радијаллаху анху, и Муавија , радијаллаху анху, Еден од нив е и најпознатиот преносител на хадиси од Божјиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, големиот Ебу Хурејре , радијаллаху анху,. Тој за време на судирот помеѓу муслиманите си правел насебе сабја од дрво, па кога бил запрашан за тоа тој кажала, дека муслиманот мора да има нешто со себе да се брани, па дури и да удри друг муслиман со тоа нема да го убие, а доколку друг муслиман го нападне и го убие ќе умре како маченик – шехид.

Шиите секој оној муслиман кој се наоѓал од страна на Муавија , радијаллаху анху, го сметаа за непријател, па дури и тие асхаби кои беа неутрални. Така и Ебу Хурејре , радијаллаху анху, се нашол помеѓу оние асхаби чиви хадиси воопшто не ги земаат во обѕир. И кога ќе земеме дека 5.374 хадиси колкиу што ги пренесува Ебу Хурејре , радијаллаху анху, од АЛлаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кого шиите категорично го отфрлаат како може нивното разбирање и перцепција на исламот може да биде крајно исправна?!Кога ќе земеме уште голем број асхаби кои биле отфрлени и кои не биле на страна на Алија , радијаллаху анху,може да замислиме колку дупки има во шиитското учење, а знаеме дека исламот е втемелен на Куран и Суннет. Со ваквата постапка шиите напросто ги отфрлаат повеќето Пратеникови , саллаллаху алејхи ве селем, хадиси со што ни останува да се запрашаме како шеријатот може правилно да биде разбран и вистински да биде практикуван без огромен број на автентични хадиси и кои биле отфрлени на овој начин?

Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажал:

„Нередот ќе дојде од тука, па покажал со раката према истокот- отткаде искачаат роговите на шејтанот(ѓаволот). Преносителот додал: Вие едни надруги вратовите ќе си ги сечете.(Ел Бухари и Муслим)

Овде тој исток бил истокот на Медина одкаде истокот бил Ирак и другите подрачја кои се наоѓаат на таа страна. Баш од тие подрачја се хариџиите, шиите, рафидиите, кадериите, џехмиите, мутезелиите. Ибн Хаџер напоменува дека изворот на првиот неред настанал на исток, што ја предизвикало поделбата на муслиманите. (Фетхул Бари)

Од истокот се огнопоклониците, маневиите, хиндусите, будистите, кадијаниите, бахаиите, маневиите, таоистите, шинту и др. Од тој исток дошле многу ветришта на нереди и искушенија, новотарии, фалсификати и отпадништва. Оттаму дошла идејата на комунизмот, материјализмот и безбожништвото. Ако додадеме дека Деџалот(Антихрист), Јеџуџ и Меџуџ(Гог и Магог) заправо ќе бидат од Исток, тогаш ни станува сосема јасно предупредувањето на Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кој не подучил за нередите кои доаѓаат од таа страна.

„Смак на светот еве доаѓа“ проф. Д-р. Шефик Курдиќ

0 views0 comments

Komentáře


bottom of page