top of page
Writer's pictureinfoislam

Приговор кон тие што тврдат дека Исус е бог


1.Бог по себе нужно опстојува и не е ограничен со тело , место, време, ниту со некаква особина. Исус наспроти Бог бил во човечки облик, како и сите луѓе , настанал откако не постоел, убиен е (спред исламот бил само воздигнат) откако бил жив, бил мало дете, па момче и конечно возрасен човек. Јадел, пиел, вршел физиолошки потреби и спиел. Само по себе се подразбира дека се што настанало не е од секогаш, на оној што нешто му е потребно, не е независен, она што е можно не е нужно, и тоа што е променливо не е вечно.

  1. Вие тврдите дека евреите го фатиле Исус , го распнале, потоа го мачеле, и го оставиле жив да виси на крст. Пред тоа тој се обидувал да побегне од нив и да се сокрие и ги поучувал луѓето на да незборат за него и да кријат за него. За сето време покажувал знаци на страв и преплашеност, за што му семолел и на Бог, и доколку е можно да го одмине тој немил час за него. Доколку Исус бил бог или доколку Бог бил втеловен во него, дали би било потребно да се плаши и брани од нив? Зошто не ги уништил? Зарем било потребно да се плаши, крие и бега од нив?

  2. Тврдите една од три работи, дека Исус бил бог во човечки облик, или дека Бог целосно се воплотил во него, или некои негови делови, но има некои нелогичности:

  3. Како е можно откако Евреите го убиле бог на овој свет, светот да остане без Бог и да егзистира?

  4. Верувањето дека Бог во целост се воплотил во нечиво тело е бесмислено, бидејќи Бог не е ни тело ни својство и апсурдно е да се воплотува. Ако Бог е тело , Неговото воплотување во друго тело би значело дека Неговите делови не се слагаат со деловите на телото во кои се воплотува, а со тоа нужно би дошло до нескладност во однос на деловите на тој бог. А доколку тоа му е особеност, тогаш треба да постои место каде што тој Бог ќе се покаже. Тоа ќе значи дека Тој бог не е независен и дека има потреби, што е чисто неверство.

  5. Верувањето дека во телото се воплотуваат само одредени делови на Бог е исто така апсурд, бидејќи ако воплотениот дел се смета неодвоив дел од Бог, самото одвојување од него ќе значи дека таквиот чин го вади од тоа да биде бог. Од друга страна ако одвоените делови не носат божествена особеност, тогаш тие не се сметаат за бог.

  6. Со самиот факт што Исус со сето свое битие бил предаден во покорноста и робувањето на Бог ја побива неговата божественост.

Неможе Бог да се обожува сам себеси.

  1. Неможе Бог да биде под влијание на времето и просторот. Апсурдно е Тој што го создал времето и просторот да биде под влијание на истото. Апсурдно е да создаденото го контролира Создателот кој е независен од се што постои околу нас, и апсурдно е Бог да се манифестира во облик и форми кои се ограничени што е спротиставено со сите Божји Објави досега каде јасно се укажува дека на Бог не Му е ништо слично.

  2. Доколку некој тврди дек Исус е божја особина и својство, повеќе од јасно е дека никој претходно несмеел да личи ни да се покаже со слични особености на Исус. Но сосема е познато од самата библија дека постоеле многу пратеници кои ги содржеле сличните особини на Исус, и дека тие правеле чуда, и дека пророчувањето и лечењето не се само својство на Божјите Пратеници и дека лечењето не се врши само во името на Исус, ниту тоа е вршено пред него во негово име. Спасот на човештвото пред Исус не било во името на Исус, ниту човештвото се спасило со верба во Исус, туку се спасува со верба во Единиот Бог, Семоќниот, Милостивиот, на кој не Му е ништо рамно, Контролорот и Обликувателот. Спасот преку Исус користел само кога се следела неговата пракса и неговиот начин на обожување на Бог, а тоа е да во сите времиња постоеле спасители кои го повикувале на спас народот кој грешел и кој бил заведен од паганизми и алчност и заборав кон Единиот Бог. Секој од тие спасители се молел да дојде наредниот спасител кој ќе ја продолжи таа пракса. Така и Исус рекол дека ќе се помоли за спасителот кој ќе дојде после него(Јован 14:16; Јован 15:26 , Јован 16:7), односно оној кој ќе ја каже сета вистина на спасението. Таа вистина е несменета и денес е достапна до сите луѓе. Таа вистина се бара првин со срце, и љубов и правда кон Бог, а потоа со праксата и со следењето на Божјите упаства содржани во Единствената книга која останала непроменета од своето спуштање на Земјата, наменета за да му служи на човечкиот род. Упаство кое треба да го отргне од сите лажни божества и идоли , од страсти и патишта кои го водат до пропаст и страдање на двата света. Исус бил светло кое покажало кон каде да се движи цело едно поколение, покажал напред далеку пред него со многу јасни знаци. Исус повторно ќе дојде  носен од крилјата на ангелите за да го потврди истото.

Паметен е оној што чекори храбро по знаците Божји и не се обѕира позади.

Подготвил : Ебу Абдулмалик

Дел од користена литература: „Вистина за христијанството низ историјата“

0 views0 comments

Comments


bottom of page