top of page
Writer's pictureinfoislam

Природата на Бог во христијанството

213945.b

Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот

Прочитај го овој текст со истражувачко-критичко читање, далеку од сите предрасуди и поранешни убедувања.

Исус кажал: „барај ја вистината и таа ќе те ослободи.“ После многугодишно истражување и компаративно студирање, преку животното патување кое го поминав во учење и барање на вистината, разбрав дека луѓето, воглавно своите верувања и прописи ги базираат на трошливи и слаби, но не и на цврсти, силни темели, како што Исус советувал. Што се однесува до темата која е предмет на оваа студија, воочив некои темелни разидувања помеѓу концептот на Бог во официјалното и народното христијанство и концептот на Бог во самото Евангелие. Затоа сакав со оваа мала книга да го поделам она што го воочив и научив преку моето непрекинато патешествие кое се воочува во истражување, анализирање и студиозно проучување. Суштинската цел на оваа студија е мирното и искрено излагање на вистината која ја најдов, без навреди кон било чии чувства. Ќе расправаме за некои прашања врзани за природата на Бог во христијанството, особено врзани за светото тројство и Исусовата божественост.

Дали е Аллах еден Бог или тројца ?

Дали е Исус Бог или дел од Бог?

И гледај, некој пристапи и му кажа: „Учителу добар! Какво добро да правам да би имал живот вечен?“ Тој му одговори: Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. Но ако навистина сакаш да влезеш во вистинскиот живот, држи се до заповестите,“ (Евангелие по Матеј, 19:16-17)Да го побараме одговорот во Евангелието:

***

„Зошто ме нарекуваш добар?“

Овој текст во некои верзии на Евангелијата нема да го најдеме, но се наоѓа во верзијата на кралот Џејмс. Лично разубеди се и врати се на својата верзија на Евангелието. Многу прашања може да  се постават врзани за претходните стихови, од кои најбитни се следниве:

  1. – „Зошто ме нарекуваш добар?“ Зошто Исус прашува за својата добрина?

  2. – Исус потврдил дека: „Никој не е добар освен Единиот, а тоа е Бог.“ Зошто укажал тој на тоа дека само Бог е добар?

  3. –  Ако Исус е Бог, зошто негирал дека е добар и за себе тоа го негирал?

  4. – Исус му појаснил на човекот кој го прашал дека: „Ако сакаш да влезеш во вечниот живот, држи се до заповедитте.“, Па ако тој е Бог, зошто не наредил тој човек да да влезе во вечниот живот?

  5. – На база на она што Исус го потврдил, зарем придржувањето на заповедитте не е доволна за влез во вечниот живот?

Да ги прочитаме шеснаесеттиот и седумнаесеттиот стих на деветнаесетотто поглавје на Матеевото евангелие од верзијата на кралот Џејмс[1] од новата меѓународна верзија на Светото писмо.[2]

*И гледај некој пристапи и му рече: „Учителу добар! Какво добро да правам за да имам вечен живот? “ Тој му одговори: Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. Но ако навистина сакаш да влезеш во вистинскиот живот, држи се до заповестите,“ (Евангелие по Матеј, 19:16-17 – Верзија на кралот Џејмс)

* Тогаш еден човек му пристапи на Исус и му рече: „Учителу добар! Какво добро да правам за да постигнам вечен живот?“ „Зошто ме прашуваш за тоа што е добро?“, Исус одговори. „Постои само Еден Добар. Но доколку сакаш да влезеш во вистинскиот живот, покорувај се на заповедитте. (Евангелие по Матеј, 19:16-17)(Нова интернационална верзија)

Да направиме мала компарација; овде постојат две различни прашања поставени од страна на Исус. Според верзијата на кралот Џејмс, Исус прашува: „Зошто ме нарекуваш добар?“, а според новата меѓународна верзија, Исус прашува: „Зошто ме прашуваш за тоа што е добро?“ Ве молам, објективно споредете помеѓу двете верзии на ова прашање кои се забележани во Верзијата на кралот Џејмс и Новата меѓународна верзија, и размисли дали имаат исто значење?

Дали и двете би можеле да бидат точни?

Да се навратиме со прецизно критичко прашање: Дали Исус е Бог?

Верувам дека доколку Исус би бил Бог или дел од Бог, логичен негов одговор би бил потврда на фактите дека тој е добриот учител, како што го ословил поставувачот на прашањето. Здравото размислување и чистата логика ни потврдува дека Бог е Оној Добриот, дека кога Исус би бил Бог или дел од Бог, т.е. дел од тројството би било обврзително да биде наречен Добар. Зарем не се сложуваш?

Исправно е дека постојат неколку можни и очекувани одговори кои Исус можел да ги каже на момчето кое го нарекло како „добар учител“:

  1. „Секако дека Јас сум Добриот, бидејќи јас сум Бог.“

  2. „Во право си, јас сум Добриот.“

Најмалку што Исус, ако е Бог или Божја манифестација, можел да му каже на оној што прашува, игнорирајќи ги неговите зборови: „Ако сакаш да влезеш во вечниот живот, придржувај сè до заповедитте.“ Меѓутоа Исус одговорил чудејќи сè, вознемирен со тоа што овој човек му се обратил со „добар учителе“. Му одговорил на неочекуван начин, порекнувајќи дека тој е „добар“, зачудено го запрашал: „Зошто ме нарекуваш добар?“ Зарем не му беше покорисно, Исус, наместо негирање на својата добрина, да ја искористи оваа прилика и да ја потврди својата добрина, доколку тој вистински е Бог или манифестација на единиот Бог? Зошто Исус укажал на единиот Вистински Бог? Зошто не открил и јасно не ја изнел својата добра божественост? Дали Исус ја прикривал вистината за себе пред оној што го прашал?

***

А ова е живот вечен, да те познаат Тебе Единствениот вистински Бог и и Исус Христос кој си го испратил. (Евангелие по Јован, 17:3)

Месијата во овој стих повторно себеси се разликува од вистинскиот Бог, за кој вели дека е Единствениот вистински Бог кој создава и Кој го испратил месијата. Според тоа, кој е оној кој ја носи одговорноста на наредувањето и праќањето на пратениците?

Дали е тоа „Единствениот вистински Бог“ или пак Месија?

Кој е поголем? Дали оној кој наредува и ги праќа Пратениците или оној на кој му се наредува и кој е испратен?

***

Бидејќи еден е Бог, а и еден е посредник помеѓу Бог и луѓето – човек Исус Христ. (1 Павлово писмо до Тимотеј, 2:5)

Овој стих укажува на две егзистирања:

  1. Егзистенција на еден Бог;

  2. Егзистенција на еден посредник (Исус).

Исус во овој стих е опишан како човек и не е наречен „Богот Исус Христ“. Всушност, така не е наречен на ниту едно место во Евангелијата!

[1] Верзијата на кралот Џејмс е англиски превод на Билијата завршен во 1611 година (оп. Прев.)

[2] Новата интернационална верзија на Библијата е новиот модификуван превод на Библијата на англиски завршен во 1970 година, а обновен во 2011.(оп.прев)

0 views0 comments

Comentários


bottom of page