Многубројни се причините за единството и неединството на човечките срца. На нас останува да ги приближуваме верничките срца какао што ни е обврска да се отргнеме од сето она што не одалечува и не разделува едни од други.
Добрите луѓе и претходницо биле познати по многубројните ибадети(обреди и чин на обожување) посветеност и постојаност во нив. Тие имале искрен однос кон Аллах и одговорност кон своите обврски. Исламот ги одгоил со најдобар одгој кој го прифатиле со двете раце. Со срце го сакале Возвишениот Бог, Неговите пратеници и верниците. Давале во име на Аллах и крателе во негово име.
Биле милостиви едни према други и милоста им била укажана. Давале предност на другите иако и самите имале потреба од тие работи. Во своите гради не носеле ништо лошо спрема другите верници. Се натпреварувале во добродетелството и меѓусебно се потпомагале. Од искрената предаденост кон својот Господар со чисто и искрено верување го потикнувале чувството за искрено братство со права и обврски кон општеството и заедницата. Сакале во име на Аллах и во негово име преѕирале. Ја чувале светоста на својот брат, не го оговарале и не го потварале, не ги пренесувале неговите зборови, не го шпиунирале и не се распитувале за работи кои се од лична природа. Се поседувало најубаво мислење за него и не го сомничеле, ниту го потварале, туку го бранеле и советувале и се имало искрен однос кон него.
Кога би се сретнале имале искрен однос и со ведро лице, не свртувајќи ја главата кон него и избегнувајќи го без да му каже причина за оправданоста на неговата лутина. Реално ја разбирал состојбата на својот брат и сестра, верник и верничка, прифакајќи го неговото оправдување без да го оптеретува со она што неможе да поднесе и не брза во поглед на суд кон него, туку е чуствителен и се обидува да му помогне. Се моли за својот брат во неговото отаство бидејќи е свестен дека ангелите му ја чинат истата дова, и не му се заканува дека ќе чини молитва против својот брат поради разидување во некои работи.
Ја покрива неговата мана, срамота или недостиг, бидејќи е свесен дека и Аллах ќе ја покрие неговата срамота на Судниот ден. Не прифаќа лоши вести за братот верник како конечен факт, бидејќи луѓето често знаат да додадат свои претпоставки и лични заклучоци. Тоа за што го познава треба да го поучи на убав начин и мудро, и не го исмејува и не го преѕира поради неговото незнаење. Го предупредува на опасноста која му се заканува и настојува да го заштити, а никако да го издаде или да се наситува со на неговата мука и искушенијата кои го погодиле. Му посакува добро како на самиот себе и го советува со најдоброто што го знае и умее. Го зема најубавото од неговиот говор и го прифаќа и не му ги мери зборовите за да најде нешто со што би се замериле. Не говори во тајност со друг во негово присаство и во потполност ги избегнува грдите имиња и надимоци, бидејќи тоа внесува отворено непријателство и отворен грев. Не го остава на цедило и него напушта. Го почитува својот брат и го слуша неговиот говор, не го прекинува и не ја потценува неговата личност. Настојува да ги помири скараните и наоѓа оправдување за пропустите со убав совет. Го шири селамот и на него со најубаво возвраќа. Го посетува братот кога ќе се разболи, му кажува дова кога ќе кивне, и му клања џеназа (погреб) кога ќе почине. Но денеска на многумина овосветските интереси му се побитни и следењето на страсти, како и меѓусебното дружење од интерес, но факт е дека срцата им се разделени. Да се искрени би биле сите заедно би биле соединети во верувањето и покорноста во единствениот Бог и Неговите прописи.
„Па, ако веруваат во тоа во што вие верувате, на Вистинскиот пат се; а ако главите ги свртат, тогаш тие се далеку од Вистинскиот пат и Аллах од нив сигурно ќе те заштити, бидејќи Тој сè слуша и сè знае.“(Куран; Ел Бекаре, 137)
Од книгата: Исламски упатства за верување, живот и работа Магистер Фадил М. Порча.
Kommentare