top of page
Writer's pictureinfoislam

Причини поради кои се будите уморни

Дали се будите уморни без оглед на тоа што сте спиеле осум часа или сте отишле во кревет пред полноќ? Наместо да бидете свежи и одморени, се прашувате кои се причините поради кои се чувствувате уморни и после осумчасовно спиење.

1.Анксиозност

Понекогаш пред да одите на спиење размислувате за работите што треба да ги направите наутро- тоа е една причина што се будите уморни. Истражувањата покажуваат дека размислувањето за работи што ви предизвикуваат стрес може да предизвика анксиозност што предизвикува немирна ноќ.

2.Стрес

Стресот е неизбежен и тереба да се помирите со тоа. Ако одите со стресни мисли во кревет ќе бидете вознемирени. Кога сте под стрес тешко дека телото ќе може да ви се опушти и одмори во текот на ноќта. Опуштете се! Ќе спиете подобро и ќе се разбудите свежи.

3.Социјални мрежи, Интернет, игрици

Ако се нашле нова игра или навечер пребарувате по Интернет или „чатувате“ со некој, нема да може да се одвоите од компјутер и ќе помине долго време пред да си легнете. Исклучете го компјутерот! Време е за спиење!

4.Хорор филм

Ако се исплашите од страшни сцени на филм или серија и во глава почнат да ви се вртат црни мисли, почнете да размислувате на убави и позитивни работи и оставете го светлото вклучено. Може да се напиете и чај за да се опуштите.

5.Доцна вечера

Кога навечер ќе почувствувате глад и кога ќе изедете нешто, на вашето тело му треба многу време да ја свари храната. Кога ќе легнете со полн стомак, сигурно нема мирно да спиете и нема да се разбудите одморени.

6.Деца

Ако имате деца, веројатно се будите барем еднаш во текот на ноќта од безброј причини. Особено кога е сезона на грип. Ова може да биде многу исцрпувачки и често ви се случува во текот на ноќта да се преместувате од еден во друг кревет. Сето ова многу може да влијае на сонот.

7.Расправија

Немојте да одите во кревет скарани. Да лежите до некој во кревет со кого сте скарани и лути не е добра идеја. Особено немојте да се расправате во кревет, тоа создава тензија и потоа неможете да заспиете. Простете и заборавете!

С. Д.

0 views0 comments

ความคิดเห็น


bottom of page