top of page
Writer's pictureinfoislam

Причините за преминот на христијаните во исламот во историјата

Земајќи ја предвид слободата на исповедувањето на верата, која е општо дадена на христијаните во почетокот на исламското владеење, произлегува дека е апсолутно невозможно да се примат претпоставките, кои се општо раширени, дека мечот е фактор за исламското преобраќање.

Според тоа, должни сме да побараме други причини за преобраќањето надвор од присилувањето. За жал, бидејќи сме во недостиг на податоци во овој поглед, потребно ни е да се обрнеме на претпоставките. Во времињата кога теолошките расправи биле повеќе во мода, постоеле многу мислители кои биле подготвени за примање на исламското учење. Слично согледување на исламското учење имале членовите на сталежот Шерхиган (земјопоседници) во осмиот век. Тие, кои биле христијани само по име, го сметале Иса (Исус) за обичен човек и дека бил еден од веровесниците.

Понекогаш тие им задавале многу непријатности на свештениците, кои настојувале да ги вовлечат во една изразито христијанска секта, но бидејќи повеќе биле наклонети кон исламот отколку кон христјанството, доста е веројатно дека се наредиле меѓу оние кои го зголемиле бројот на муслиманиоте откако Арапите ја освоиле Персија.

Според претпоставките на мнозината христијанаски теолози, тамошниот морален пад на источните цркви и духовната пониженост против себе ги предизвикала срцата на мнозината и ги навела да бараат почиста духовна атмосфера во исламот, кој што доаѓал во потполната сила на новото верско одушевување. Во овој поглед пример, за приврзаник на ова мислење се наоѓа во следново објаснување на големиот црковен достоинственик Милмен (Миллман):

„Во каква состојба се наоѓало христијанството во оние краишта кои први биле изложени на муслиманските освојувања? Едната верска секта била противречна на другата, свештенските собири биле спротивни еден на друг во оние нејасни верски прописи и во метафизичките точки; православните, несторијанците, јакобитите во својот неисцрпен антагонизам се мачеле едни другите. Мнозина од нив, наместо да се обединат поради одбраната на заедничкото (им) христијанство, оделе толку далеку што сакале да ги видат своите противници и соперници под власта на муслиманите. Сето ова, колку жестоко да го осудуваме, е малку.“

Кој знае колку ги има меѓу нив кои во овие бесконечни расправии ги разнишале верските основи. Меѓутоа, чудно е дека илјадници вчудоневидени христијани не прибегнале кон вистината на едноставното свето едниство, макар по цената на признавањето на Мухамедовото пратеништво, за да се спасат од оние бескрајни расправии. Италијанскиот писател Цаетани истакнува дека оддалечувањето на чувствата од лабринските догми, кои се внесени во христијаството преку византискиот дух, е причина за ширењето на исламот меѓу припадниците на источната црква; и во тој правец рагледува:

Андалузија – Денешна Шпанија

‚За Истокот, кој имал повеќе наклонетост спрема поедноставното и поразбирливото сфаќање, болскањето на хеленистичката култура, од верско гледиште, било пропаст, бидејќи едноставното и возвишеното учење на Исус (Иса) се претворило во секта полна со неизвесност и сомнеж. Ова, сепак, резултирало со чувствувањето на малодушност и од темел го разнишало верувањето. Додека состојбата на работите била ваква, конечно од пустината почнале да доаѓаат вести за новата Објава. Тогаш овој дегенериран вид на христијанство на Исток, збркан од внатрешните раздори, погоден во самата срж на верувањето, со запрепастеност стоел во недоумица. Повеќе не ја одбивала привлечноста на новата вера, но на таква вера која со еден удар ги рушела сите оние сомнежи и колебања, така што со едноставни, јасни и неоспорни верувања давала уште и многу материјални користи. Еве вака Истокот го напуштил Исус и се фрлил во прегратките на веровесникот кој доаѓал од Арабија.‘
Тејлор (Таѕлор) за исламот вели: „Лесно е да се сфати како оваа форма на реформиран мојсиевизам брзо се ширела низ Азија и Африка. Афричките и сириските научници наместо Исусовата вера поставиле мистериозни и метафизички верувања; и во борбата против моралната распуштеност на своето време, како лек против неа, прогласиле целибат, сметајќи го за рајска доблест. Патот кон светоста бил во повлеченоста (испосништвото), главната особеност на калуѓераството била (во) нечистотијата. Обичниот свет бил маса која ги обожувала мачениците, светците и ангелите, слично на политеистите. Неговите повисоки слоеви биле со перверзен морал; средните биле пригмечени со давачки, робовите биле лишени од секаква надеж и спас. Исламот дошол како прочистувачко средство испратено од страна на Бог, и спречувајќи ги оние криви верувања и оние злоупотреби, ги уништил. Оваа состојба била некаков вид на револт против оние залудни теолошки расправии и мажевниот протест против восхитувањето на целибатот како круна на богобојазноста. Исламот како основа на верата ги поставил големината и единството Божје; ја објавил покорноста на волјата кон возвишениот Бог, кој бил праведен и милостив, личната одговорност, Судниот ден, жестока казна за заблудата, потоа ја одредил должноста на молитвата, постот, давањето на мислостина и вршењето на добри дела. Во позадина ги фрлил вештачките доблести, лукавствата правени во име на верата, со интерпретацијата на напнатите морални чувства и искривените говори за верувањето. Наместо монаштвото ја поставил должноста на мажевноста. На робовите им дал надеж за слобода, а на човештвото чувство на братство, и ги потврдил основните суштини на човечката природа.“

Исламот, од една страна се прикажува као појава на реакција против византиското свештенство. Ова свештенство за инмператорот (царот) и неговиот двор било онаа друга страна на возвишената светост која се наоѓала на највисоката позиција. Импретаторот не само што е сметан за највисок христијански владетел, туку и за понтифеџ маџимус (врховен свештеник, папа). Прифаќањето на овој принцип од страна на свештенството и сталежот надвор од него, се вкрепило во форма на деспотизам, кој со еднаквата тежина ги притискал обичните верници за време на Јустинијан. Против Јустинијановата држава во Цариград во 532. година букнал жесток бунт, кој бил манифестација на незадволоството како против државата така и против црквата, а која можеле да ја задушат дури откако уништиле триесет и пет илјади луѓе. Незадоволниците, кои се нарекувале зелени, жестоко и јавно протестирале. Викале против власта на императорот:

„Правината е изгубена и веќе нема да се пронајде. 
Ќе се поеврејчиме или, 
уште полесно, ќе се вратиме назад во идолопоклонството!“ 

Ниту сто години подоцна не можеле да исчезнат причините за незадоволството што биле повод за онака жестоките изјави. Тешкиот удар на раката на византиската држава не дал можност да се повтори овој бунт, така што незадоволниците се распрскале. Но, сепак, во 560. година во Цариград се фатени и прогонети оние што тајно го исповедувале идолопоклонството. Меѓутоа, незадоволниците можеле непречено да живеат во пограничните покраини, оддалечени од престолнината на Царството. Еретиците, кои биле изложени на маки, со останатите незадоволници прибенгале во источните краишта. Душевните потомци на оние што пред околу сто години сакале да го заменат христијанството со некоја друга вера, сакале да & излезат во пресрет на исламската војска.

Во Хилафетската Империја, а особено во градовите, откако арапскиот јазик бил примен за општ јазик, по два века освоените краишта постепено го порпимале однесувањето и обичаите на владеачкиот народ, што морало да предизвика длабок впечаток во верскиот и интелектуалниот живот на приврзаниците на другите вери, кои влегле во нејзината заштита. Интелектуалното движење, во многу работи материјалистичко, кое од петтиот век според Хиџра влијаел многу на исламската теологија, изгледа дека многу влијаело и на христијанските мислители, така што ја напуштиле верата во која тогаш преовладувала наклонетоста кон верување во невозможни работи. Еден исламски писател од 4. век според Хиџра наведува разговор со еден христијанин (Копт). Овој разговор може да се земе како пример за општиот начин на сфаќањето и за другите тогашни цркви:

„Дека христијанството не е правата вера, во ова прашање ќе ги наведам следниве докази: објавите на овие вери ги рушат прописите едната на другата; многу заповеди се противречни еден на друг и навистина поради нивната неповрзаност и противречност разумот ги одбива, така што го тераат умот на револт. Никакво размислување не може да ги потпомогне, никаква расправа не може да ги докаже. Колку и да ги испитуваме, ниту за разумот, ниту, пак, за сетилата не можеме да наведеме доказ кој би можел да н# увери во нив. Сепак, наспроти ова, сум видел многу владетели и народи со знаење и здраво расудување кои останале при дадениот збор на христијанството. Затоа тврдам дека, покрај сите овие противречности, овие го прифатеиле христијанството бидејќи биле принудени да ги примат доказите кои им се покажувани во облик на чуда и симболи.“
0 views0 comments

Comments


bottom of page