Пренесува Сеид ибн ел-Мусејјиб од Абдуррахман ибн Семуре кој вели:
“Излегол Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., меѓу нас додека ние бевме во кругот на Медина и ни рече:
«Видов како еден човек од мојот уммет го опседнале шејтаните, одеднаш му дојде Зикрот (спомнување на Аллах џ.ш.) и ги растерува шејтаните од него.
Видов друг човек од мојот уммет како мелеките на казната го совладале, одеднаш му дојде неговиот намаз и го спаси од нив.
Видов човек од мојот уммет како јечи (лелека) од жед, кога ќе се приближи до извор – ќе биде спречен и вратен, одеднаш му дојде неговиот Пост на месец Рамазан го напои и освежи.
Видов човек од мојот уммет и видов пејгамбери седнати во кружоци, кога и да се приближи човекот до кругот, станува отфрлен и спречен, одеднаш му дојде капењето од нечистотија (џенабет) го фати за рака и го седна до мене.
Видов човек од мојот уммет опкружен со темнина од десна и лева страна, од озгора и одоздола, а тој талка во неа, одеднаш му дојде неговиот хаџџ и умра и го извлекоа од таа темнина.
Видов човек од мојот уммет како се брани и штити од пламените на огнот, одеднаш му дојде неговата садака и стана како препрека меѓу него и огнот и сенка на неговата глава.
Видов човек од мојот уммет како им зборува на верниците а тие не зборуваат со него, одеднаш му дојде неговото одржување на роднинските односи и им рече: О дружино на верници, овој човек ги одржуваше роднинските односи, затоа зборувајте со него, потоа верниците зборуваа и го поздравуваа.
Видов човек од мојот уммет како Зебаније (мелеки на Џехеннем) го совладале, одеднаш му дојде неговото наредување на добро и возвраќање од лошо и го спаси од рацете на Зебаније и им го предаде во рацете на мелеките на милоста.
Видов човек од мојот уммет седнат на колена меѓутоа меѓу него и Аллах џ.ш., препрека, одеднаш му дојде неговиот убав карактер го фати за рака и го седна пред Аллах џ.ш..
Видов човек од мојот уммет како неговата книга (сахифе) му доаѓа од левата страна, одеднаш му дојде неговиот страв од Аллах џ.ш., ја зеде книгата и му ја стави во неговата десна рака.
Видов човек од мојот уммет како неговиот кантар (на дела) му е лесен, одеднаш му дојдоа неговите деца кои умреле мали и го отежнаа кантарот (мизанот).
Видов човек од мојот уммет како стои на работ од Џехеннем, одеднаш му дојде неговата надеж во Аллах џ.ш., и го спаси од тоа.
Видов човек од мојот уммет како паѓа во Оган, одеднаш му дојдоа неговите солзи кои плачел заради страв од Аллах џ.ш., и го спасија од тоа.
Видов човек од мојот уммет како стои на Сират (мост) и се тресе како што се тресе перо при силен ветер, одеднаш му дојде неговото убаво мислење за Аллах џ.ш., и му го смири неговиот трепер и потоа замина.
Видов човек од мојот уммет како еднаш се турка на Сират,еднаш ползи еднаш се беси, одеднаш му дојде неговиот намаз и го исправи на нозе и го спаси.
И видов човек од мојот уммет како стигнал до прагот на џеннетските врати и тие му се затворија пред да влезе, одеднаш му дојде Шехадетот – Ла илахе иллаллах, и му ги отвори вратите и го влезе во Џеннет.»
Подготвил: Ариф Рамадани
Commentaires