top of page
Writer's pictureinfoislam

Протестантизмот и нивното верување

Протестантството или протестантизмот е религиозно движење кое се одвоило од Римокатоличката црква во времето на Реформацијата во Европа во 16 век.

Терминот за прв пат бил употребен во 1529 година од страна на Мартин Лутер како протест кон Римокатоличката црква. Називите протестант или пак протестантизам произлегле од тоа што приврзаниците на германскиот монах Мартин Лутер вложиле протест во Рајхстагот во Шпајер во 1529 против одлуката на католичкото мнозинството со која се забранувале какви било промени во католичката црква. Главното мислење на Протестантската реформација од 16 век било да се исфрлат строгите правила и традиции на католичката црква и верниците да се концентрираат на Исусовото учење од новиот завет на Библијата наместо на Стариот Завет.

Протестантите најповеќе се спротиставувале на водачот на Католичката црква – Папата и одбивале да му се покорат. Тие веруваат дека не е можно човек(свештеник) да посредува помеѓу луѓето и Бог. Заговараат дека секој човек сам треба да ја проучува и спроведува во дело светата книга – Библијата. Отфрлаат монопол на црковните луѓе за подучување на верата и на коментирање на библијата. Овие ставови тие ги прифатиле од муслиманите со кои биле во допир преку Крстоносните војни. Тогаш виделе дека секој муслиман сам за себе го учи куранот и дека нема никаков посредник помеѓу верниците – муслимани и Бог.

Тоа што се случило во европа по појавувањето на овој правец е дека луѓето почнале да се враќаат на темелите на Тората – Тевратот, а самиот Лутер Кинг го превел тоа дело на Германски. Потоа бил преведен и на англиски. Овој покрет најповеќе се раширил во Германија и Британија. Тие самите верувале во дословноста и непогрешивоста на Тората и на Библијата. Веруваат дека секое слово кое се наоѓа во него дека е вистина која ја пратил бог. На тој начин започнале да исчитуваат текстови од Стариот завет како што биле ветувањата на Ибрахим (Аврам) и Јакуб (Јаков) алејхи селам. Така тие поверувале дека во тие текстови со убедување и дека мора да се работи на нивното остварување. На тој начин тие му свртеле грб на папата и на црквените луѓе во однос на евреите. Уште повеќе преку екуменизмот и лажниот обид за обединување со православието сакаат да најдат сојузник во поглед на подршка на евреите-ционисти, а всушност познато е дека за нив сите цркви практикуваат паганизми и идолатрија. Евреите, односно Ционистите, многу се израдувале на ова движење и наоѓајќи во него можност како да му се осветат на папата и неговите следбеници но и можност како христијаните да ги турнат во меѓусебни расправии. Ги употребиле сите свои сплетки и сета своја мудрост како и имот заради ширење на тој неред. На овој начин постепено започнала состојбата на поправањето на односот помеѓу евреите и христијаните. Христијаните почнале да веруваат дека тоа е земја која е ветена на евреите преку учењето на протестантите и дека е нивна верска должност да бидат помогнати и да работат на тоа ветување.

Евреите не застанале тука тие продолжиле тоа да го шират помеѓу сите христијански фракции. Последните две столетија биле и причина на голем број на меѓухриситјански судири во Европа. Протестантите во голем број се селат во САД- ветената земја така што и најголем број на жители живеат во САД. Себеси при таа преселба се гледаа во духот на егзодусот на евреите од Египет и нивниот влез во Светата земја. Дури и имињата на САД почнале да ги нарекуваат со библиски имиња, верувајќи дека тоа е Новата земја, иако беше изградена на база на геноцид врз индијанците и масовно поробување и носење на црните луѓе од Африка. Така да американското општество во голема мерка е основано на база на протестантските- Старозаветни темели , како што и самиот претседател Картер го кажал:„Израел и САД го сочинуваат емигранти кои биле пионери и заради тоа заедно го делиме наследството на Тората – Стариот завет.“

Евреите навистина додека биле во европа преживувале вистински масакр, односно во период од 13 – 16 век се правеле невидени кампањи на чистење на европското општество од евреите и на евреите сите гледале како најзлобни суштества во светот. Тогаш во тие лоши времиња по нив помош првин им пружила исламската Шпанија, односно Андалузија, а кога биле протерани и од таму тие се населиле во Османското царство, а посебно во тогашна Македонија, Солун и Цариград. Сите овие настани се знак на појавата и близината на крајот на светот и појавата на Лажниот Деџал, односно антихрист.

Протестантското будење и протестантскиот фундаментализам и враќање кон основата на учењето од библијата доведе еден цел низ на протестантски активисти и повикувачи покриени со огромен број на средства, прикриени преку голем број хуманитарни организации се со цел да се помогне во процесот на евангелизација првин на православното и на католичкото население, а потоа со подршка на Ционистите да политички ја помогнат државата Израел и нејзините цели. Сите американски универзитети се од Харвард, Јејл, Џорџтаун, и над 20 000 школи ширум америка работат на тој план, од протестантски мисионери до претседатели на држави , меѓу нив биле Буш, Реган и Картер па се до медиумите како ЦНН и НБЦ и мегапопуларните ѕвезди како Џими Свагард, Пат Робертсон и пошироко. Целиот Холивуд е ангажиран на Ционистичко- протестантското поле и не би можело да се напише доволно на оваа тема и за секоја работа би требало да се направи посебно истражување. Денеска радикалното протестантско лоби ја тресе целата Земјина топка и денес најголемите исламофоби потекнуваат од редовите на протестантите, но истите тие за жал го држат светот во заложништво на идеите на тотална војна и отфрлање на било какви идеи на мир и соживот на Блискиот исток, Украина и пошироко.

Користен е дел од текстот : Кудс помеѓу Вистинитото и лажното ветување.

1 view0 comments

Comentários


bottom of page