top of page
Writer's pictureinfoislam

Работење со пасија

Личниот раст е начин за луѓето да ги евалуираат нивните потенцијали и и да се постават цели кои ќе ги максимизираат нивните перформанси и потенцијали.

Следењето на иделаите и соништатта не е лесно и не е пат кој оди по една патека. Животните правци ни се разликуваат, но се разликуваат и нашите ресурси со кои располагаме за да постигнеме одредена вредност, било духовна или материјална. Нашите желби на некое ниво мора да коинцидираат со нашата реалност. Многу од мотивациони видеа кои се популаризирани во денешно време не ја согледуваат реалноста со која луѓето се соочуваат, а индивидуалниот успех не е секогаш мерило за другите луѓе и нивните патишта. Но, тоа што сите нас не спојува кон патот на успехот е мотивацијата и желбата која треба да доаѓа со пасија и задоволство кое не прати во исполнување на секојдневните цели и задачи кои сме си ги поставиле.

Photo by Pixabay on Pexels.com

Особено тоа е битно кога се работи за кариера која доколку не ни се допаѓа може да предизвика немоќ и депресија. Заради тоа мора да се поработи на промена на кариерата и за да се живее просперитетен и убав живот. Без талент, амбиција, ментална сила и самоконтрола и самодисциплина многу е тешко да се исполнат тие вредност и да се постигне било каква промена во нашиот живот. Самодисциплината може да не научи да штедиме, да научиме да работиме и да научиме да напредуваме со строго одредени правила кои се контролирани од нашиот ум, а не од нашите страсти. Затоа нашите страсти мора да бидат во согласност со тоа што го сакаме. На тој пат на успехот тоа ќе ни биде најголемата подршка и најголемиот пријател и ослонец. Твојата пасија е нешто што ќе те води без да жалиш за губитокот кој ќе те снајде, твојата пасија ќе те одржи на површината на водата и уште повеќе ќе те натера да пливаш кон копното на спасот. Наместо дa се препуштиш на струите кои ќе те носат, пронајди го патот со силата на умот. Тие енергии кои ќе извираат ќе бидат од силата на внатрешноста произлезени од придонесот и креативноста која те следи.

Photo by Lisa Fotios on Pexels.com

Не ги потценувај твоите желби и не ја потценувај таа енергија. Колку и да е голем поразот пасијата ќе те подигне повторно да застанеш на нозе и да се бориш со пречките, таа ќе те направи да се чувствуваш среќен и да работиш на тоа на што не си успеал од прва. Сите потешкотии ќе ти изгледаат малечки и ќе ти обезбедат насмевка при одење на работа. Заради тоа прв чекор во твојот раст е откривање на твојата пасија.

Работи напорно и за тоа што ти е важно. Најдобра награда ќе ти биде тоа што Семоќниот Бог ти дал шанса да работиш напорно и за работа вредна за тоа. Колку е само битно да му се заблагодариме за таа благодет?

За да успееш ќе треба време и патот ќе биде трнлив и исполнет со многу горчливи мигови. Лошите настани, падови и одбивања на крајот ќе се претворат во успони и среќни мигови.

Грешка која овде се прави е тоа што многуте луѓе кои почнуваат со развој имаат завист и љубомора кон успешните. Доколку тоа го имате при себе размислете што све таа личност поминала да дојде до успех. Доколку успееш истата работа ќе те очекува и тебе, бидејќи луѓето во суштина не ја поднесуваат конкуренцијата и некој да изгледа подобар од нив. Заради тоа разберете ги овие работи на време и предочете си дека секој човек на плантета Земја има свој миг и своја можност да се качи на скалилата на успехот. Тој на некој начин е предодреден од Оној кој тие работи ни ги дал на услуга од мигот кога нашата интелигенција го спознала како Креатор на сите наши можности и на нашата судбина. Некои работи нема да можеме да ги промениме и ќе живееме со нив, но промените кои се најбитни си ти самиот и она што планираш да го направиш, а не она што веќе било.

0 views0 comments

Comments


bottom of page