top of page
Writer's pictureinfoislam

Разбирањето на исламските прописи – Шејх Салих Усејмин


Еден од битните фактори за разбирањето на прописите на исламското будење е поимот на исправно разбирање на истите, т.е. на она што го сакаат Аллах ﷻ и неговиот Пратеник Мухаммед عليه السلام. Тоа е така, бидејќи на многу луѓе им е дадено знаење, но не и разбирање за она што го знаат. Не е доволно да ја научиш напамет Аллаховата Книга и соодветно на своите можности следење на еден дел од суннетот на Божјиот Пратеник Мухаммед عليه السلام, без разбирање туку е неопходно да се на исправен начин да се разбере тоа што доаѓа од Аллах и неговиот Пратеник عليه السلام. Колку само има неисправности кај луѓе кои со шеријатските текстови аргументираат тоа што не е во склад со она што сакаат Аллах и Неговиот Пратеник عليه السلام, па ширењето на такви ставови станува често причина на заблуда.






Евидентно е дека причините кои настануваат од разбирање на прописите можат да бидат поопасни од грешките предизвикани од незнаење. Незналицата кога ќе погреши заради своето незнење свесен е дека незнае и ќе бара корисно знаење за да се поправи, додека оној кој погрешно разбрал е убеден дека знае и ќе мисли дека одреден став по одредено прашање е баш она што Аллах и неговиот Пратеник го сакаат. Неколку примери говорат за исправното разбирање во исламот: Возвишениот вели: 78. И спомни ги Давуд и Сулејман, кога судеа за посевот што во ноќта нечии овци го испасле, и Ние бевме сведоци на судењето нивно 79. и направивме Сулејман да проникне во тоа, а на двајцата мудрост и знаење им дадовме. И ги потчинивме планините и птиците за со Давуд, на Аллах да Му заблагодаруваат: Ние бевме кадарни тоа да го направиме.“(Ел Енбија) Аллах ﷻ му подарил на Сулејман а.с. во однос на Давуд а.с. способност на подобро разбирање по ова прашање, односно „ да проникне“, меѓутоа со тоа не се докажува незнаењето на Давуд, бидејќи: „и на двајцата им дадовме власт и знаење.“ Во чесниот Куран Аллах ﷻ ја спомнува особеност на Сулејман(помладиот), но исто така говори и за она со што го одликувал Давуд (постариот): „ И ги потчинивме планините и птиците за со Давуд, на Аллах да Му заблагодаруваат“, со што тие двајца би се изедначиле. Возвишениот Аллах првин ја спомнал благодетта која ја имале двајцата, а тоа се власта и знаењето, а потоа го спомал она со што секој посебно се одликувал (сите луѓе не се исти по своите карактери и способности). Сето ова укажува колку нешто е битно да се разбере и дека знаење без разбирање не е секогаш доволно. Втор пример: замисли да имаш два сада, еден со топла а друг со студена вода. Зима е и многу е студено. Потоа доаѓа човек кој сака да се избања после имање однос(џунуплук), и луѓето му велат подобро да земе студена вода, бидејќи студената вода, нели носи награда за потешкотијата, според зборовите на Пратеникот عليه السلام кој не известил со следново: „Сакате ли да ве известам за тоа со што Аллах ги брише гревовите и ги подига степените? „рекоа, секако Божји Пратенику“, Тој кажа: „Земање абдест во тешки услови.“(пренесува Муслим) Ова означува земање на абдест во студени денови. Земање на абдест со студена вода подобро е од земање на абдест со топла вода.“ Човекот дал фетва дека користењето на студената вода е подобро и го аргументирал со претходниот хадис. Каде е сега грешката, во знаењето или разбирањето? Јасно е дека е во разбирањето. Аллаховиот Пратеник عليه السلام говори за земањето абдест во тешки услови, но не ни кажал при тоа дека треба да биде студена вода кога имаме можност за избор. Тоа се мисли на тешки услови кои човек неможе да ги избегне. Пратениковите зборови: „Земање абдест во тешки услови“ значат дека студената вода несмее да го спречи човекот да земе абдест ако не е во можност да ја употреби онаа што е потопла. Прашањето е сега дали сака Аллах ﷻ да им олесни или отежни на Своите робови? Одговор лежи во зборовите на Возвишениот: „Аллах сака да ви олесни, а не потешкотии да имате. ( Ел Бекаре, 185) Дури и во зборовите на Пратеникот عليه السلام се вели дека : „Оваа вера е лесна.“(Дел од хадис на Бухарија- фетхул бари) Затоа и порачувам на младината која е на пат на исламко будење, дека прашањето за разбирањето е многу битно и дека е приоритетно тоа што сака Аллах од своите робови. Исто така постојано мора да се има на ум дека Возвишениот Аллах сака да им олесни на Своите робови во чинењето на ибадетите, а не да им создаде потешкотии. Шејх Мухаммед Салих ел Усејмин Исламско Будење Превод: Ебу Абдулмалик


1 view0 comments

Comments


bottom of page