Земјиниот состав е сложен. Денес грубо можеме да ја замислиме Земјата составена од еденд лабок слој, каде што владеат мошне високи темпертури, со еден сопствен централен дел вокој се таложат карпите, и еден површински слој – земјината кора, цврста и студена. Овој слој е мошне тенок, од неколку километри до максимум неколку десетици километри, додека полупречникот на земјата е поголем од 6000 километри: тоа значи дека кората просечно не претставува ни стоти дел од полупречникот на топката. На оваа мембрана, ако може така да се каже, се случиле геолошки феномени. Во нејзината основа лежат наборите кои ги произвеле планинските венци; нивното формирање во геологијата се нарекува орогенеза. Процесот има големо значење, бидејќи на појавата на релјефот кој ќе образува една планина й соодвествува, водлабочина, пропорционалното вдлабнување на земјината кора што обезбедува основа вопонискиот слој.
Историјата на распределбата на морињата и на копното по површината од земјината топкаима понов датум и сè уште е мошне нецелосна, дури и за најмалку старите и за најдобро познатите периоди. Веројатно е дека појавата на океаните кои ја образуваат хидросферата естара околу половина милијарда години. При крајот на палеозоикот, континентите формирале единствена маса, а потоа се распрснале. Вториот пат, континентите или деловите одконтинентите изнуркале со формирање на планините во океанската зона (на пример, случајотна северноатланскиот континент и на едниот дел од Европа).
Според модерните идеи, со целата историја на формирањето на поткренатите копна доминира појавата на планинските венци. Целата еволуција на земјата од палеозоикот до квартерот се класифицира во функцијата на “орогенетските фази” кои и самите се групираниво “циклуси” со истото име, со оглед на тоа што секое формирање на планинскиот релјеф имасвои реперкусии врз рамнотежата меѓу морињата и континентите. Тоа сторило да исчезнат определени делови на појавеното копно, за да се појават други делови и, пред стотици милиони години, да ја заменат распределбата на континенталните и на океанските површини, така што сега првите заземаат само 3/10 од површината на планетата.
Така, мошне несовршено и мошне нецелосноно, можат да се резимираат трансформациите што се случиле во претходните стотици милиони години.
Што се однесува на земјиниот релјеф, Куранот го евоцира, речиси, само формирањето на планините. Навистина, од гледната точка што нè засега, малку може да се каже за ајетите кои ја изразуваат божјата грижа за луѓето, во однос на формирањето на земјата, како во:
– Сура 71, ајети 19 и 20:
“Алах ја одреди земјата да ви биде постела,
за да патувате по широките патишта нејзини”.
– Сура 51, ајет 48:
“И земјата Ние ја простревме. Е, само колку е личен Оној што ја простре!”
Простирката која е распрострена, размотана, е земјината кора или обвивка, стврднатата обвивка на која можеме да живееме, со оглед на тоа што пониските слоеви на земјината топкасе мошне жешки, течни и несоодветни за секаков вид живот.
Мошне битни се куранските аспекти кои се однесуваат на планините и кои алудираат на нивната стабилност како последица на феноменот на набирањето.
Comments