top of page
Writer's pictureinfoislam

Релјефот на земјата

Земјиниот состав е сложен. Денес грубо можеме да ја замислиме Земјата составена од еденд лабок слој, ка­де што владеат мошне високи темпертури, со еден соп­ствен центра­лен дел вокој се таложат карпите, и еден површински слој – земјината кора, цврста и сту­де­на. Овој слој е мошне тенок, од неколку километри до мак­симум неколку десетици кило­метри, додека пол­у­пре­чникот на земјата е поголем од 6000 километри: тоа значи дека кората просечно не претставува ни сто­ти дел од полупречникот на топката. На оваа мембра­на, ако може така да се каже, се случиле геолошки фе­но­­ме­ни. Во нејзината основа лежат наборите кои ги про­­извеле планинските венци; нивното формирање во ге­ологи­јата се нарекува орогенеза. Процесот има го­ле­мо значење, бидејќи на појавата на релјефот кој ќе об­разува една плани­на й соодвествува, водлабочина, про­порционалното вдлаб­нување на земјината кора што обезбедува основа вопонис­киот слој.

Историјата на распределбата на морињата и на коп­ното по површината од земјината топкаима понов да­тум и сè уште е мошне нецелосна, дури и за најмалку ста­рите и за нај­добро познатите периоди. Веројатно е де­ка појавата на океаните кои ја образуваат хид­рос­фе­ра­та естара околу половина ми­ли­јарда години. При кра­јот на палеозоикот, континентите фор­мирале един­ствена маса, а потоа се распрснале. Вториот пат, кон­ти­нен­тите или деловите одконтинентите изнур­ка­ле со фор­ми­ра­ње на планините во океанската зона (на при­мер, случајотна северноатланскиот континент и на едниот дел од Европа).

Според модерните идеи, со целата историја на фо­р­­мира­њето на поткренатите копна доминира по­ја­ва­та на планин­ските венци. Целата еволуција на зем­ја­та од палеозоикот до квартерот се класифицира во фун­кци­јата на “орогенетските фази” кои и самите се гру­пи­ра­ниво “циклуси” со истото име, со оглед на тоа што се­кое формирање на планинскиот рел­јеф имасвои ре­пе­рку­сии врз рамнотежата меѓу морињата и кон­­ти­не­нти­те. Тоа сторило да исчезнат определени де­ло­­ви на по­ја­веното копно, за да се појават други де­ло­ви и, пред сто­тици милиони години, да ја заменат рас­пределбата на континенталните и на океанските по­вр­ши­ни, така што сега првите заземаат само 3/10 од по­вр­шината на пла­нетата.

Така, мошне несовршено и мошне нецелосноно, мо­жат да се резимираат трансформациите што се слу­чи­ле во прет­ходните стотици милиони години.

Што се однесува на земјиниот релјеф, Куранот го ево­ци­ра, речиси, само формирањето на планините. На­­вистина, од гледната точка што нè засега, малку мо­же да се каже за ајетите кои ја изразуваат божјата гри­жа за луѓето, во однос на формирањето на земјата, ка­ко во:

– Сура 71, ајети 19 и 20:

“Алах ја одреди земјата да ви биде постела,

за да патувате по широките патишта нејзини”.

– Сура 51, ајет 48:

“И земјата Ние ја простревме. Е, само колку е ли­чен Оној што ја простре!”

Простирката која е распрострена, размотана, е зе­м­ји­ната кора или обвивка, стврднатата обвивка на ко­ја мо­жеме да живееме, со оглед на тоа што по­нис­ки­те слоеви на земјината топкасе мошне жешки, течни и не­соодветни за секаков вид живот.

Мошне битни се куранските аспекти кои се одне­су­ваат на планините и кои алудираат на нивната ста­бил­ност како последица на феноменот на набирањето.

0 views0 comments

コメント


bottom of page