Величењето на личности може да доведе до тоа да се обожува некој друг освен Аллах с.в.т. Ибраимовата[ Аврамова] вера значи да не се обожува никој и ништо покрај Аллах, ни Сонцето, ни месечината, ни ѕвездите, па ни пратениците и добрите луѓе. Нешта кои не може да ги направи никој друг освен Аллах с.в.т. и се бараат само од Него: дожд, снабдување, упатство, простување на гревовите и сл. Ние им веруваме и ги респектираме пратениците, ги следиме и го потврдуваме она со што доаѓале. Неверувањето во еден пратеник или Книга, значи неверување во сите пратеници и книги. Не е дозволено да се бакнува земјата пред шејховите и владетелите, како што не е дозволено ни поклонувањето. На Пратеникот с.а.в.с. му било кажано: „Ако некој од нас го сретне својот брат, дали да му се поклони?“ Одговорот гласел: „Не“. (Ет Тирмизи). Откако Муаз се вратил од Шам паднал на сеџде пред Пратеникот с.а.в.с. Кога тоа го видел Пратеникот, веднаш му возвратил: „Што е ова, Муаз?“. Добил одговор: „Аллахов Пратенику, видов во Шам како им се поклонуваат на нивните свештеници и споменуваат дека истото тоа го правеле и пред своите пратеници.“ Пратеникот с.а.в.с. му рекол: „Лажат! Ако бев наредел некому да се поклонува пред некој друг, ќе и наредев на жената да се поклонува на нејзиниот маж поради неговото право кое го има кај неа. Муазе, не треба да му се поклонуваме на ниту еден друг, освен на Аллах“. (Ибн Маџе, Ахмед Ел Хаким). Ако некој ова го направи заради приближување и ибадет, таа постапка се смета за едно од најлошите дела и таквата личност се смета за заблудена. Исправните претходници во времето на Веровесникот с.а.в.с. немале обичај да стануваат кога ќе го виделе. Понекогаш ќе станеле кога некој ќе дошол од пат, излегувајќи му во пресрет, онака како што Пратеникот с.а.в.с. станал и тргнал во пресрет на Икрим. По доаѓањето на Сад Ибн Муаз им рекол на енсариите: „Застанете пред вашиот предводник“. (Ет Тирмизи, Ахмед). Предводникот не смее да бара од своите следбеници да му стануваат, освен ако тие доброволно не му излезат во пресрет при неговото враќање од пат. Ако кај луѓето постои обичај да му се укаже почест на гостинот со стоење, а оставањето на тоа се смета за оставање на неговото право или намерно понижување, или конкретната личност не го познава обичајот во склад со суннетот, подобро му е да стане бидејќи така ќе се зачуваат меѓусебните односи и ќе се отстрани омразата. Додека оној кој знае дека стоењето не е во склад со суннетот, нестоењето не се смета за вознемирување и ускратување на правата на другиот. Давањето олеснување на оној кој не го познава суннетот не потпаѓа под зборовите на Пратеникот с.а.в.с. „ Оној кој сака луѓето да му стануваат, нека се подготви за Огнот“. (Ебу Давид, Ет Тирмизи и др.) бидејќи овој хадис означува луѓето да му станат на некој кој седи, а не кога тој доаѓа. Постои разлика меѓу термините: станав пред него и стоев пред него (قمتُ إليه و قمتُ له)
Се пренесува дека кога Пратеникот с.а.в.с. клањал седејќи додека бил болен, им наредил и на останатите да седат. Им рекол: „Не ме величајте како што неарапите се величаат еден со друг.“ (Ел Бухари, Муслим). Им забранил да стојат при намазот додека тој седи за да не ги имитираат неарапите (Персијците, Византијците), кои стојат пред нивните великани додека тие седат. Не е дозволено поклонување, иако во законите на претходните пратеници тоа било дозволено: „И тој родителите ги стави на престолот и сите му се поклонија, па тој рече: ‘О татко мој, ова е остварување на мојот некогашен сон.’“ (Сура Јусуф 100).
Минбер.ба
Comments