Возвишениот Аллах му наредил на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, да ги повикува луѓето во ислам, да ги повикува во обожување на Возвишениот Создател, Еден Единствен. Така Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, ги повикувал луѓето да посведочат дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем е Негов роб и Негов пратеник.
Тарик б. Абдуллах Ел-Мухарии рекол: „Го видов Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, на пазарот, на него црвена наметка, а тој им се обраќа на луѓето со зборовите: ,О луѓе, речете: Ла илахе иллаллах, ќе успеете.’“(Ибн-Хиббан, 14/518/6562, Ибн-Хузејме, 1/82/159, Лалекаи Сахихул-меварид, 2/1684.). Кога Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, го пратил Муаз б. Џебел во Јемен, му рекол: „Ти таму ќе ги повикуваш христијаните во ислам. Прво повикувај ги во ,ла илахе иллаллах’“ во друго предание стои: ,Во обожување само на Аллах…“ (Бухари и Муслим и други). Во коментарот на овој хадис Ибн-Хаџер вели: „Во него е доказот дека неверникот станува муслиман после изјавувањето на двата шехадети.“ (Да се види: Фетхул-Бари, 13/355). Имам Ибн-Менде во делото Ел-иман, 1/198, насловил поглавје: „Докази кои укажуваат дека со изговорот: ,Ла илахе иллаллах’, се станува муслиман и дека имотот и животот на оној кој ги изговорил стануваат свети.“ Микдад б. Евсед му рекол на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем: „Аллахов Пратенику, што мислиш кога би влегол во конфликт со некој мушрик па ми ја одсече раката, а потоа се сокрие позади дрво и каже: ,Примив ислам’“, а во второто предание стои: „Потоа каже: ,Ла илахее илаллах’“, да го убијам или да го оставам жив?“ „Не го убивај“, рече Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. Микдад рекол: „Аллахов Пратенику, тој ми ја одсекол раката, потоа ги изговорил тие зборови!“ “Ако го убиеш тој ќе биде на твое место пред неговото убиство, а ти ќе бидеш на негово место пред да ги изговорил тие зборови“, рекол Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем.“ (Муслим, 2/82/95, Ебу –Давуд, 3/45/2644, Ибн-Менде, 1/201-203/55-59, Таберани, 20/247/585.). Позната е приказната на Усама б. Зејд кога тој и еден енсарија стигнале до оној мушрик. Откако видел дека му нема спас, рекол: „Ла илахе иллаллах.“ Енсаријата се свртил од него, додека Усама го усмртил со своето копје. Кога тоа му било спомнато на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, тој рекол:„О Усама, зар го уби откако кажа: ,Ла илахе иллаллах?!“ Усама рекол: „Аллахов Пратенику, тој тоа го кажа само за да се спаси.“ Меѓутоа, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем толку пати го повторувал: „Зарем го уби откако рече:,Ла илахе иллаллах’, што Усама посакал да немаше примено ислам пред тој ден.“ (Муслим, 2/83/96, Ибн-Хиббан, 11/56/4751 и Ибн-Менде, 1/208/63). Енес б. Малик пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, дошол кај едно еврејско дете кое се разболело, а понекогаш тоа го служело Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. Застанал над неговата глава и му рекол: „Кажи: ,Ла иллахе иллеллах.’“ Детето гледало во својот татко а Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, му ги повторувал истите зборови. Тогаш таткото евреин рекол: „Покори му се на Ебу-Касим, т.е., на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем.“ Откако ова дете ги изговорило двата шехадета, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Фала му на Аллах кој со мојот труд го спаси од огнот.“ (Бухари, Ебу-Давуд и Ахмед, 3/175/12278 и ова е негова верзија). Ебу Хурејре пренесува дека муслиманите од правец на Неџд заробиле човек од племето Бену-Ханиф по име Семаме б. Усал, па го врзале за еден од столбовите на џамијата. После три дена Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, наредил да го ослободат. Отишол недалеку од џамијата, се избањал, влегол во џамијата и рекол: „Сведочам дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник.“(Бухари и Муслим, 12/71/1764.). Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, го примил исламот на Семаме врз основа на изговорените шехадети, што јасно се заклучува од понатамошниот текст на оваа приказна. Имам Ибн-Наср вели: „Размислував за куранско-хадиските текстови и сватив дека со голо изговарање на шехадет се влегува во ислам. Возвишениот Аллах вели: „Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците (ангелите) и учените, постапувајќи праведно. Нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот! За Аллах единствено исламот е вистинска вера.“ (Али Имран, 18-19.). Така Возвишениот Аллах го направил неговиот шехадет ислам. Сите следбеници на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, неверникот кој ќе изговори: „Ешхеду ен ла илахе иллаллах, ве енне Мухаммедден ресулуллах’, го сметаат за муслиман… Сите кои примиле ислам пред Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, влегле во ислам со два шехадети.“ (Да се види:Тазиму кадрис-салах, стр. 422.). Шејхул-ислам Ибн Тејмијје рекол: „Прво со што се задолжени луѓето е шехадет: ,Ла илахе иллаллах ве енне Мухаммеден ресулуллах’. Со тоа неверникот станува муслиман, непријателот пријател, а нивниот живот и имот стануваат свети.“ (Видете: Фетхул-Меџид, стр. 73.). Шејхул-ислам Ибн Кајјим го спомнува несложувања на научниците дали со само признавање на Мухаммедовото, саллаллаху алејхи ве селлем, пратеништво се влегува во ислам или не. Едни сметат дека влегува, други дека не влегува. Трета група на научници прави разлика помеѓу оние кои го признаваат Аллах во основа, но го негираат Мухаммедовото, саллаллаху алејхи ве селлем, пратеништво, па со признавањето на тоа пратеништво би станале муслимани, за разлика од мушриците кои не можат да станат муслимани додека со признавањето на пратеништвото не посведочат дека Аллах е единсвено божество на кое може да му се прави ибадет. (Да се види: Муфтаху дарис-сеад, 1/330.). Имам Серхаси рекол: „Покајувањето на одметникот бидува така што ќе изговори два шехадета и ќе се одкаже од одметништвото во кое западнал.“ (да се види:Ел-мебсут, 10/112.). Познатиот ханефиски правник имам Касани рекол: „Има три начина врз основа на кои судиме дали одредена личност е верник: Прво, да изговори еден или двата шехадети и со јасни зборови да се одкаже од неверството на кое бил…“ (Да се види: Бедаеус-санаиа’, 6/66.). Ибн-Салах рекол: „За надворешниот пропис на исламот доволно е личноста да изговори два шехадети.“ (Да се види:Ел-минхаџ, 1/132, од имам Невеви). Имам Ибн-Реџеб рекол: „Општо е познато дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем го прифаќал исламот на оној кој ќе ги изговори само два шехадета, врз основа на тоа го сметал за муслиман, а неговиот живот за свет. Затоа и го осудил Усама б. Зејд кога го убил оној мушрик откако изговорил: ,Ла илахе иллеллах’“(Да се види:Џамиул-илуми вел-хикем, стр. 110.). На друго место Ибн-реџеб вели:“Кој изговори два шехадета тој превзема пропис на муслиманите.“ (да се види:џамиул-улуми вел-хикем, стр. 36.). Имам Невеви рекол: „Ако една личност ја потикне другата да изговори: ,Ла илахе иллеллах Мухаммедун ресулуллах’, па тоа го направи искрено, станува муслиман по консензусот на исламските научници.“ (Да се види:Ел-меџмуа, 3/107.). Во друго дело имам Невеви рекол: „Со изговор на два шехадета се станува муслиман.“ (Да се види:Ел-минхаџ, 4/84.0. Слично се наведува кај имам Мерадвија во Ел-инсафот, 1/403.). Имам Бехути рекол: „Кога христијан или евреин би рекол: ,Јас сум муслиман’ или ,примив ислам’, со тоа би станал муслиман, иако не ги изговорил двата шехадета. Меѓутоа, ако рече: ,Јас сум муслиман, но не сакам да ги изговорам два шехадети’ тогаш нема да се третира за муслиман се додека не ги изговори.“ (Да се види:Ер-ревдул-мурбиа’, 3/343.). Слично се наведува во делото Менарус-себил, 2/360. Имам Ебу-Тајјиб Абади во својот коментар на Ебу-Давудовиот Сунен, вели: „Примањето на ислам се огледува во изговарањето на двата шехадета.“ (Да се види:Авнул-мабуд, 2/14.). Цитираните хадиси и претходно споменатите мислења јасно укажуваат дека неверникот влегува во ислам со изјавување на двата шехадета. Исламските научници се разидуваат дали неверникот се смета за муслиман ако извршува намаз т.е., дали со голо извршување на намаз му судиме на неверникот дали е муслиман. Ханефиските научници, со четири услови, и ханефиските правници сметаат дека таквата личност ќе се третира за муслиман, за разлика од шафиските и маликиските правници кои неверникот во тој случај не го сметаат за муслиман. Ако некои научници во овој случај го сметаат извршувањето на намазот за валидно мерило на ислам, што е тогаш со изјавувањето на двата шехадета кои јасно укажуваат дека личноста прифатила ислам. Услов е само глобално да го познава значењето на шехадетот и според некои научници да се откаже од неверството во кое бил, а не е услов да мора детално да го познава значењето на шехадетот, ниту сите негови шартови. Ако ги знаеме овие факти мораме да се запрашаме со кое право поединци ги малтретираат оние кои сакаат да примат ислам, барајќи од нив посебни услови кои, за влез во ислам не ги условил Куранот ниту Суннетот ниту познатата исламска улема. Тоа е, всушност, одбивање од исламот, не нивно повикување во ислам, а Аллах најдобро знае. Извор: Минбер.ба
Commentaires