Во овој текст го разработуваме прашањето за Земјината ротација во Куранот. Може ли некој да го одреди движењето на местото на кое седи во случај кога се движи целиот простор со се што е во него?
Сигурно е дека никој не може да го одреди таквото движење. Зошто? Затоа што движењето на телото кое се движи можно е да се воочи единствено ако го споредиме со нешто што е статично. Во овој случај не постои ништо статично, бидејќи целата Земја се движи. Меѓутоа, просторите на Земјата се многу стабилни. Да изведеме експеримент. Кога седиме во сосема затворено тело кое се движи додека сме во него и тука имаме стабилна положба која не се менува, нема да почувствуваме движење на ова тело се додека не отвориме прозор и го споредиме движењето на тоа тело со некој статичен објект, како што се столбовите или дрвата. Значи, движењето на телата не можеме да ги воочиме се додека не ги споредиме со некој статичен објект. Кој може да го спореди движењето на целата Земја така што ќе ја спореди со нешто што е сосема статично? Сигурно никој, се додека и ние самите се движиме…
Научна вистина: Движењето на планините не е сопствено движење туку е предизвикано со движењето на Земјата.
Возвишениот Аллах во Кур’анот вели: “И ги гледаш планините мислејќи се неподвижни. Тие се креваат како што се креваат и облаците”. (Ен-Немл, 88)
Значењето на зборот мислејќи е во тоа што укажува дека е тоа само привидение, а не е вистина, бидејќи овие масивни планини кои ги гледаме пред себе како цврсти, стабилни и неподвижни, всушност, не се такви. Возвишениот Аллах сака да ни укаже дека овие огромни, масивни и силни планини, кои се Земјини столбови и кои пред нас изгледаат цврсти, стабилни и поврзани, неуништливи и нескршливи, овие силни планини кои предизвикуваат стравопочитување, во реалноста се движат како и облаците. Потоа, кога ќе се зачудите на овие зборови и ќе се запрашате како е можно планините да се движат како облаците кога се тие најнеподвижно нешто на светот пред нашите очи? Возвишениот Аллах ни праќа порака: «Не, не чудете се! Тоа е Аллахово давање. Од Аллах кој сe совршено уредил.» Ако некој мисли дека ова ќе се случува дури на Ахирет, треба да знае дека тогаш не ќе биде ова Земја, а планините ќе се нишаат, бидејќи ние ги потврдуваме зборовите на Возвишениот Аллах:
“На Денот кога земјата ќе биде заменета со друга земја, па и небесата; и кога сите ќе излезат пред Аллах, Единствениот и Моќниот!” (Ибрахим, 48)
Покрај тоа, зарем на Ахирет ќе има привидение? Не, на Ахирет ќе се види само целосна вистина. Сe ќе видиме со ајнул-јекин, со вистински вид, и сe ќе спознаеме во неговата вистина: џеннетот и џехеннемот; наградите; полагањето на сметка и сe друго. Значи, Аллаховите зборови …мислејќи се неподвижни… значат дека вие пред планините се лажете, бидејќи мислите дека се неподвижни, а тие се движат како и облаците. Сега да обрнеме внимание на користењето на зборот се креваат (поместуваат) како што се креваат (поместуваат) и облаците, бидејќи веќе укажавме дека Аллаховиот говор е совршено јасен и прецизен. Поместување на облаците… Зошто Аллах џ.ш. не употреби некој друг израз, како што е движење на ветрот, морските таласи или што било друго? Затоа што облаците не се движат сами од себе, туку ги поместува друга сила, а таа сила е делувањето на ветрот. Кога гледаме дека облаците се движат од еден правец кон друг, не се движат сами од себе, туку доаѓаат ветрови кои ги подвижуваат и ги носат од едно место во друго. Како да сака Возвишениот Аллах да ни каже: «Внимавајте! Планините се движат, но не со сопствената сила како Земјата или ветрот. Не, оние не се движат сами од себе, т.е. оние не преминуваат од едно место на земјината површина на некое друго место. Не, нивната положба е стабилна. Оние пред вас се движат онака како што се поместуваат облаците, т.е. се поместуваат со движењето на Земјата, сосема идентично како што облаците се движат под влијание на ветрот.» Инаку, зошто Аллах не рече: «Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни а оние одат, или оние трчаат, или оние се преместуваат, или одат од едно место во друго!? Никогаш. Изоставени се сите изрази кои укажуваат на движење на планините со сопствена сила, т.е. она што со своја сила ги крева планините е Земјата. Брдата и планините се препуштени на оваа сила и оние пред вас се движат како облаците кои ги поместува делувањето на ветрот кој ги потиснува. Го гледаме ли совршенството на изразот во прецизноста на описот на Земјината ротација во Кур’анот? Зарем е можно Мухаммед, с.а.в.с., да го измислува овој говор, или да го достигне тоа знаење? Зарем не е ова муџиза, кога научниците потврдуваат дека Земјата се движи околу својата оска, а ние им кажуваме дека тоа е вистина на која Кур’анот веќе укажал. Дури, детално тоа го појаснил? С# на Земјата ја следи нејзината ротација, што ги вклучува и огромните, масивни планини. Ова, секако, се однесува на дуњалукот, зашто на Ахирет Аллах џ.ш. целосно ќе ги уништи брдата и планините и тогаш не ќе има привидение, туку ќе биде само целосно убедување…
Природата на Кур’анот ги надминува границите на иднината. Аллах потоа нe известува за природните појави кои луѓето со интелектуални напори ќе ги потврдат дури после четиринаесет векови. Тоа докажува дека Куранот ги надмина границите на иднината. Меѓутоа, поединци се впуштаат во расправа за создавањето на човекот, што претставува обид на застранување и негирање на Аллаховите ајети во светот околу нас. Ова е, исто така, муџиза на Кур’анот, т.е. постоењето на тие застранети и нивните обиди на застранување и борба против Аллаховата вера. Тоа е куранска муџиза затоа што Возвишениот Аллах н# извести за нив многу одамна пред воопшто тие да се појават, а тоа детално го објаснавме во друго поглавје.
Comments