top of page
Writer's pictureinfoislam

САЕНТОЛОШКАТА ТОТАЛИТАРНА СЕКТА РЕГИСТРИРАНА И ВО МАКЕДОНИЈА, И ТОА КАКО ЦРКВА

Со одлука на Основниот суд Скопје 2, од пред некој ден во Македонија е регистрирана саентолошката тоталитарна секта како црква. Со регистрацијата, саентолошката секта е вметната во Регистарот на религиозни заедници и верски групи во Република Македонија.

Накусо, да се потсетиме дека саентологијата е движење или верување во учење чија идеологија се темели на делата на американскиот писател Л. Рон Хабард. Воспоставена е како секуларна филозофија во 1952 година, а нејзин творец бил писателот на научна фантастика Л. Рон Хабард, кој бил докажан пропаднат „психоаналитичар“.

Недолго потоа, во 1953 година била пренасочена како применета религиска филозофија, Хабард својата неверојатно популарна, но истовремено и необично приглупа религија ја основал на тезата дека животот на Земјата индиректно го создал семоќното вонземско суштество Ксена, меѓугалактички диктатор, кој пред 75 милиони години испратил милијарда свои поданици на Земјата, ги сместил покрај вулкани и потоа ги убил со хидрогенски бомби. Останале само нивните души – тетаните – од кои подоцна се развил животот на планетата Земја.

Ксена во меѓувреме бил затворен од неговите поданици во електронска планинска стапица, во која се наоѓа се до денес. Саентолозите тој мит го кријат од јавноста, но креаторите на серијата Саут Парк на одличен начин го искористија во една од своите епизоди.

За основачот на сектата, Рон Хабарт, треба да се знае и тоа дека, прво направил програма за ментално здравје, која ја нарекол дијанетика. Во исто време Рон се оженил, па се преселувал по Америка живеејќи од пишување научнофантастични романи. Години потоа го основа своето прво саентолошко здружение, кое имало цел да ја промовира неговата нова „наука“. Дијанетиката почнал да ја нуди по медицинските институции што не покажувале никаков интерес за тоа. Неговата дијанетика имала цел да ги брише „програмите“ што сме ги вградиле во мозокот преку сеќавања и искуства што подоцна предизвикуваат емоционални и физички проблеми. Хабарт тврдел дека на тој начин можат да се лечат разни болести, односно речиси сите болести. Потоа ја објавува книгата „Дијанетика – модерна наука за ментално здравје“.

Книгата доживува успех како книга за „самопомош“, а Хабарт во неколку месеци продал околу 55. 000 примероци. Инаку, ја промовирал како „најголемо откритие по огнот и лакот и стрелата“. Држел часови по неверојатна цена од 500 долари, за откривање на „посветените“ на „најголемата тајна“. Почнал страшно многу да заработува и со парите да ги финансира неговите здруженија низ светот, кои вклучувале и окултизам. Американското списание „Саентифик Америка“ реагира на ова и пишува дека саентологијата на Хабарт содржи многу ветувања, а малку докази.

Поради огромниот маркетинг на кој ставал најголем акцент за да привлече публика, фирмата на Хабарт влегла во долг од 200.000 долари, а многу од учениците почнале да ја напуштаат сметајќи дека немаат никакви резултати од часовите.

Во 1951 Хабарт ја затвора фирмата и се разведува од сопругата, која веќе била во врска со независниот ревизор на дијанетиката. Парот го пријавува во ФБИ користејќи ја американската антикомунистичка хистерија, тврдејќи дека се комунистички провокатори. Неговата бивша сопруга така излегува во јавност со обвинувања против Хабарт и при разводот си ја зема со себе ќерката од овој брак.

За да ги избегне долговите, Хабарт се преселува во Канзас, каде што со помош на милијардерот Дон Пурсел основа Фондација, која повторно ја проповеда дијанетичката практика. Сепак, судот одлучува дека новата фондација е должна да ги плати долговите останати од претходната. Милионерот го тужи судот, а Хабарт повторно се жени со една 18-годишна девојка, која била следбеник и „слеп верник“ во дијанетиката. Заедно се селат во Феникс (Аризона), каде што повторно прават ново здружение, но овојпат не под името дијанетика, туку како саентологија. Всушност саентологијата не промовирала ништо друго туку истото, односно, основите на дијанетиката.

РОДИТЕЛИ! ЧУВАЈТЕ ГИ СВОИТЕ ДЕЦА ШТО ЧИТААТ И СО КОГО СЕ ДРУЖАТ!

0 views0 comments

Comments


bottom of page