top of page
Writer's pictureinfoislam

Сака да го прифати исламот, но нема муслимани во градот


Прашање:

Јас сум многу заинтересиран/а да дознаам повеќе за Исламот и да го прифатам. Мојот проблем е тоа што живеам во област во која воопшто нема муслиманска заедница. Нема места за богослужба, не постојат групи за изучување на исламот, ништо. Што е најдобар начин за мене за да започнам со учење и што треба да знам? Одговор:

Елхамдулллиллах,(Благодарноста Му припаѓа на Аллах) Драги мој Истражувачу, веднаш штом ќе дојдеш до сознание  дека исламот е вистинската религија на правдата и вистинскиот пат, треба да побрзаш да го прифатиш и да почнеш да ги практикуваш  пропишаните обврски како што се молитва и слично. Вашиот труд да дознаете повеќе за исламот е нешто прекрасно и вредно за пофалба.

Вашата жалба во врска со отсуството на корисно опкружување и праведна животната средина е  валидна и до некој степен претставува проблем, меѓутоа, оваа пречка без сомнение може да се надмине со волјата на Аллах. На пример, постојат неколку страници на интернет што можете да ги користите за да се стекнете со знаења и корист. Можете исто така да договорите со различните исламски организации или издавачки куќи за да се добијат вредни и информативни книги за исламот. Можно е да постои исламски центар во вашиот град или во близина на вашиот градот каде може да одите, дури и ако е само еднаш месечно да се запознаете со вашите  муслимански браќа/сестри и да се добие совет од нив и да се соработува со нив во правда и добри дела. Можеби може да го искористите интернетот како еден пат за да дознаете адресите на исламски центри во секој одреден град или држава.

Ако е можно да се преселите во град  каде што постои муслиманската заедница или исламски центар кој се придржува до  главниот правец на исламот(Ехли суннет вел џемат), ова ќе биде многу добро за вас. Доколку, во најлош случај, Аллах да Ве чува, да претпоставиме дека нема да се најде ниту еден муслиман, тоа нетреба да ве спречи да се држите до постот и другите прописи во  исламската вера. Во исламот имате постојана  врска со Господарот ваш, вие Му се поклонувате и разговарате со Него и од Него замолете водство, поддршка и помош во придржување кон својата религија; сметај дека дружењето со Него и безбедност која ја бараш во твоите молитви кон Него и  во кои барааш засолниште во Него – се до степен до кој ќе се компензира  отсаството на било кој друг, и ќе ја смират твојата осаменост и неможност да се сретнеш со своите браќа/ сестри во вера. Разгледај ја  ситуацијата на следбениците на нашиот сакан Пратеник (мир над него) кои го прифатија исламот во неговите зачетоци. Тие останале сами и отуѓени меѓу своите племиња и луѓе и секој од нив го обожал Аллах од своето место на живеење се додека со Пратеникот(мир над него) не мигрирале во Медина, каде го поддржале во создавање на првата исламска држава.

Бараме од Аллах да ве упати и вие да одговорите што брзо на повикот на Аллах и неговиот Пратеник (мир над него) и Ви посакувам успех во овој живот и на оној свет.

Исламот Q & A Шеик Мухамед Салих Мунаџид

0 views0 comments

コメント


bottom of page