Самоподобрувањето не е само во сфера на индивидуалните туку и на колективните дејности. Тука се докажуваат вистинските вредности на развојот кој одредена личност ги достигнала и способностите со кои е одликувана. Лидерските способности се практичен пример на дејствување и признание за саморазвојот на една личност.
Кога збориме за непрекинат развој и самоподбрување тогаш треба да погледнеме како тоа се прави во поголемите организации и бизниси.
Еден од тие методи е примена на планирањето, правењето, проверката и дејствувањето или ПДЦА.
Во тој прв чекор кога треба да се направи план веднаш доаѓаме до проблемите како што се дефинирање на проблемот со кој се соочуваме, кој е капацитетот и која е групата коај ја целиме за да подобро го продадеме производот.
После извршеното планирање се прашуваме како го правиме тоа, односно начинот на кој се извршува.
Во извршувањето и примената на методите секогаш се применува начинот кој ќе доведе до помал ризик иќе даде помала загуба. На овој начин учиме и растее. Се тестира компанијата и организацијата и можностите на поединците вработени во неа. После тоа ќе го очекуваме фидбекот и ако е добар тоа е знак дека некој производ може да продолжи да се тестира.
За саморазвојот на една организација битно е да се евалуираат резултатите, да се споредат очекувањата и да се види дали одреден приод е фективен или не е.
Кога ќе си ги поставиме тие прашања доаѓаме до одговор дали се одело според планот или не. Секогаш по добивање на резултатот дејствувај според него. Со тоа се случува развоен процес и растење на компанијата и усвојување на нови методологии кои ќе и помогне да го издржи темпото со кое напредува.
Сето тоа што го добиваме не значи дека ние ќе ги примениме само тие техники. Што повеќе производи и примероци даваат подобра претстава за идните подобрувања и со тоа имаме доволно податоци по кои ќе ги поставиме новите проекти. Во таа терминологија усвоените методи остануваат база на која ќе се работи, а подобрувањата на производите се методологија која ќе ги замени старите навики со нови.
Кога сето ова ќе се сработи доаѓа до имплементација на моделот и за тоа е потребно посветување. Сето учење како што напоменавме почнува од помало кон поголемо. Никогаш не се оди од горе надоле за да го прошириме нашиот бизнис. Постепениот раст ќе доведе до подобро одржување на процесот и при тоа може да се воведат контролни механизми кои ќе ги прекинат процесите на рушење на ситемот.
Едноставен начин на учење со проширување на заработка преку онлајн трговија
Материјалното богатство не е најбитното нешто во животот, но сигурно е нешто најнеопходно за да успееме во нашата независност. Затоа да не останеме скриени во школка и да мислиме дека парите ќе ни дојдат од ниоткаде. Одличен начин да се учи со трговија е преку онлајн купување и работење. Зошто е тоа битно?
Битно е бидејќи со малку пари се учи како се врши трговија и какви се механизми се применуваат при трговија. Одличен начин на заработка е Амазон селлер кој ава алатки и можност да се научи продажбата и секој да оствари добиток. Сето тоа може подоцна да се пренесе и во практично купување на пазар и да се применат исти методи и техники за да се обезбеди сигурен купувач и да се задржи муштеријата. Кога ќе се научи тој потешкиот пат на онлајн работење истиот може да се пренесе како знаење на други кои не се научени инавикнат да работат преку интернет. Ова учење е особено битно во ера на коронавируси и во услови на превентивни здраствени мерки кои предлагаат да се работи од домашни услови. Тоа во догледно време ќе ја зголеми конкуренцијата, но оние кои се најспособни на тоа поле и најснаодливи ќе генерираат пасивен приход.
Тоа не е за секого лесен начин на приход како што изгледа, бидејќи истите ќе се испробаат на тоа поле и за месец или два ќе се откажат од таквите идеи. Затоа клучно за успех на тоа поле е постојаноста и паметно градење на дигитален профил.
Таа постојаност и паметно работење нема веднаш да генерира профит, но со време ќе се здобиеш со неопходното искуство да видиш која социјална платформа најдобро одговара за генерирање пасивен приход.
Некој ќе се надева на брза заработувачка, но да бидеме реални. Онлајн заработувачката си има свои правила и свои постојани домаќини и гости кои со години изградиле доверба. Многу ќе биде тешко без нешто иновативно да се пробие било каков производ и било каков проект. Од друга страна подигнати се нивоата и очекувањата, како што You tube поставил ограничувања за 1000 претплатници на канал за да може да се монетезираат видеата, така е и во другите области.
Едно нешто е сигурно. Колку е поголем проблемот кој го решавате, тоа ќе ви донесе поголема заработувачка. Онлајн заработувачката најчесто се врзува со проблемите кои ги мачат луѓето. За да тие проблеми ги решат истите ги пребаруваат на интернет. Пример на тоа е ако ве мачат оси или комарци. Доколку комарците станат агресивни и има наплив од нив луѓето ќе бараат начин како да се заштитат. Тоа посебно важи доколку децата се алергични и има потреба од нивна заштита. Тука вие стапувате на сцена со добра реклама и понуда за препарати против каснување од комарци. Онлајн бизнисот е широка палета на акции. Од пишување книги, аудиокниги, правење курсеви и страници, видеа и рекламирање на фејсбук, до правење сопствени онлајн продавници. Сето тоа може да вроди со плод.
Истото важи и за индустриските комапнии кои имаат уште посложени проблеми со вадење лиценци и слично.
Богатите луѓе сите овие концепти ги разбираат многу добро.
Тие го вредуваат времето и вложуваат во вистински и правовремени потреби. Планираат однапред за сезоната која предстои и вложуваат во рабти кои луѓето ќе ги интересираат. Сега за време на коронавирусот најголема заинтересираност е во заштита на луѓето и превентивните мерки. Тие што водат сакаат сега да заработат изработуваат маски. Тие што отпосле сакаат да заработат планираат што ќе биде после вирусот. Луѓето ќе сакаат да шетаат и учествуваат во социјалниот живот и повеќе да се дружат. Визионерот е секогаш испред времето кое го засега светот околу него. Тој ги набљудува работите какви ќе бидат кога никој нема да претпоставува.
Разберете дека пасивниот онлајн приход е големо искачување за вас на скалилото.
Пасивниот приход може да го инвестираш мудро и во работи кои што се како издавање под кирија, купување возила за рентање, издавање на алат и слично.
Comments