Кога зборуваме за самоподобрување и за личен развој мора да напоменеме дека тоа не се исти работи иако и две помагаат во нашиот професионален и личен развој. Овој личен раст за да се постигне најдобриот потенцијал се нарекува личен развој кој најмногу се фокусира на врските, биологијата, и нешто што е континуирано во прогрес. Тоа повеќе се однесува на секојдневното растење и постапките кои доведуваат до тоа.
Од друга страна, самоподобрувањето мора да биде во некоја сотојба. Тоа значи дека новата состојба е веќе настаната и дека постои доказ за тоа. Постои јасна разлика помеѓу стариот јас и новиот јас. Новиот јас е новaта состојба која настанала а со тоа и промената.
Од тука заклучуваме дека процесот на личен развој води кон себеподобрување и за тоа некогаш е потребно подолго, а некогаш пократко време. Се зависи од одлуките кои се донесени и решителноста да се сторат промените. Времето не е толкав фактор туку повеќе се работи за фактор кој влијае да во одреден рок се извршат обврските кон развојот кој е процес. Развојот е начин како се прават нештата, додека самоподобрувањето е состојба на нештата и како изгледаат. Вештините за тоа како да се направи е личен развоен процес и може да се постигне преку образование, било формално или неформално, како и обуки за одредена дејност или вештина. Достигнувањето кое сме го направиле не е диплома, туку вистинската состојба на нештатата која подоцна преку саморазвојот може да доведе до реализирање на задачите и постои додадена вреност. Начинот кој е неформален подразбира и обуки преку подкаст, онлајн едукација, гледање на видео содржини поврзани со одредени настани и целосна посветеност и заинтересираност да се постигне одредено ниво. Со тоа се доаѓа до одредена квалитативна квалификација на која може да се потпреме.
Comentários