top of page
Writer's pictureinfoislam

Сахара ќе станува зелена?

images (3)

На ББЦ е објавена веста дека се пронајдени остатоци од животни кои живееле во џунгли и зеленило пред десетици илјади години. Поточно се работи за изумрен вид на слон кој некогаш се движел по богати зелени пасишта. И втората вест со откривањето на овие диносауруси , индиректно укажува дека Сахара некогаш била зелена. Фосили што неодамна се откриени во Сахара покажуваат дека пустината некогаш била влажно тропско место во кое живееле шест видови на необични, а можеби и интелегентни крокодили. Истражувачите на новите видови влекачи има дале звучни имиња како крокодил-крмак (BoarCros), крокодил-глушец (RatCros), крокодил-куче (DogCros), крокодил-патка (DuckCros) и крокодил-палачинка(PancakeCros). Тие оценуваат дека нивното откритие помогна да се сфати начинот на опстанок на крокодилите во минатото и сега. Крокодилите чии фосилни остатоци се откриени живееле пред 145 до 65 милиони години, кога континентите биле близу еден до друг, а светот потопол и повлажен од денес.

– Бевме изненадени од пронаоѓањето на толку голем број видови кои живееле во ист период и на исто место. Секој вид на крокодил имал различен режим на исхрана и различно однесување. Изгледа меѓусебно го поделиле екосистемот така што секој вид го користел на свој сопствен начин, изјави палентеологот од Универзитетот „МекГил“ во Монтреал, Ханс Ларсон.

Од овде се гледа дека некогаш арапските земји биле со зеленило и дека повторно ќе се вратат во зеленило како порано.

Ова е и мудроста запишна во едно предание на Мухаммед алејхи селам кој укажува и на минатото време и на идното време.

Еден од предзнаците на Судниот ден спаѓа и враќање на арапските земји во обилик на ливади и реки, како што вели едно предание кое го пренесува Ебу Хурејре од Пратеникот Мухаммед а.с.:

„Нема да настапи Судниот ден се додека не се врати арапската земја во облик на ливади и реки. (како што била)“ (Муслим,7/97)

Сахара се раззеленува

Надворешното значење на хадисот укажува и на тоа дека арапските градови ќе имаат вода во изобилие која ќе се користи за наводнување, а преку тоа ќе настанат ливади и шуми. Една од последните светски познати вести е враќањето на зеленилото во пустините, посебно во Средна и Северна Африка и Арапскиот полуостров.

Ширење на пустината, суша и очај – тоа е тоа што глобалното затоплување и го „спрема“ на Африка – или барем така ни говорат. Сепак, реалноста е поинаква – температурите стануваат се попогодни за милионите Африканци во најсувите делови на континентот. Научниците сега увидуваат дека пустината Сахара и регионите во нејзина близина стануваат се позелени, благодарение на се почестите дождови, пишува „ NationalGeographic“. Доколку сценариото продолжи, дождовите ќе ги ревитализираат сушните региони.

Трендот на намалување на пустината е поддржан со моделот за менувањето на климата, кој предвидува враќање на условите од пред околу 12.000 години, со што Сахара ќе стане раскошна савана.

Зелените делови на пустината се гледаат на сателитските снимки од регионот, вклучувајќи го и Сахел, полупустинското подрачје на границата со Сахара, кое се протега на околу 3.860 километри. Фотографиите снимени во периодот од 1982 до 2002 година покажуваат дека зеленилото се шири во Сахел. Вегетацијата се зголемува и во централниот дел на Чад и во западен Судан, укажуваат научниците.

Ова веројатно се случува бидејќи жешкиот воздух има поголем капацитет да ја задржи влагата, која за возврат создава дожд, додаваат научниците.

Сето ова е индикација повеќе да секој сам за себе размисли за духовното значење и пораките кои Единиот Бог ни ги пренел преку Пратеникот Мухаммед во време кога не постоеле никакви индиции за такви научни откритија како што се периодите на климатски промени, а се работи за милиони години пред воопшто да се појави човекот.

Двете вести иако не се поврзани укажуваат на остварување на овие зборови кои ни ги пренел Мухаммед а.с. пред 15 века.

(МИА, ББЦ)

0 views0 comments

Comments


bottom of page