Возвишениот Аллах вели:
„Успеаја, секако, верниците: кои се во намазите нивни покајнички, и кои се рамнодушни кон безработицата, и кои зекат спроведуваат, и кои ги чуваат срамните места свои, освен со жените свои или со оние кои се во сопственост нивна… па, тие, навистина, се надвор од прекорот, додека оние кои посакуваат преку тоа, токму, претеруваат; и кои, исто така, се грижат за аманетите свои и за договорот свој, и оние кои внимаваат врз намазите свои: овие, токму, се наследниците, кои го наследуваат Џеннетот и во него за навек ќе останат.“ (Ел-Му’минун, 1:11)
Овие кур’ански ајети во себе опфаќаат неколку значајни својства на верниците кои ќе бидат во Џеннет, а тие се:
Прво:
Верници (ел-му’минун). Тие се оние веруваат во Аллах џ.ш., и се она што влегува во верувањето, како верување во Неговите мелеки(ангели), книги, пејгамбери(пратеници), Судниот ден, и дека сé што се случува (добро и лошо) се случува со Аллахова, џ.ш. волја и одредба, иако неопходно е горе споменатото верување да се примени во дело и збор (теорија и пракса).
Второ:
Скрушеност. Тие се оние кои кога извршуваат молитва, тоа го прават скрушено и понизно, со смирено срце и тело, стоејќи во намаз, свесни дека стојат пред Возвишениот Аллах, џ.ш. со изговарање на Неговите зборови, му се приближуваат со сеќавање на Него, надевајќи се во средбата, учејќи дова скрушено и понизно, јавно и тајно.
Трето:
Луѓе кои избегнуваат „лагв“, а тоа е се она од што нема никаква корист, без оглед дали се работи за дело или зборови. Тие не се занимаваат со работи кои не ги интересираат и своето време го поминуваат во корисни цели, како што го чуваат намазот и понизно го извршуваат, кои го чуваат времето од безделничење.
Ако нивното својство е избегнување на „лагв“, а тоа е она што нема корист, тогаш чувањето на она што е штетно кај нив е на прво место.
Четврто:
Луѓе кои делат зекат. Тука се мисли на задолжителниот дел што се дава од својот имот, а можно е да се мисли и на преостанатите давања кои ја чистат душата од непријатни дела и зборови.
Петто:
Луѓе кои срамните места ги чуваат, освен од жените свои или оние кои се во нивен посед. Тие не заслужуваат прекор. Тие своите срамни места ги чуваат од блуд, бидејќи тој е голем грев и го разорува општествениот поредок и заедница.
Можно е поимот чување на половите органи да се сфати во поширока смисла, како гледање, допирање, како што се вели: „Овој прекор не го заслужуваат бидејќи во основа половиот орган се чува за жената. Зашто таа врска е со причина, да се зачува човечкиот род и потреба, а кој бара надвор од тоа, тој е грешен, како што вели Аллах џ.ш.:
„А оние кои покрај тоа бараат, тие претеруваат во зло.“
Оттука произлегува забраната за онанирање, кое уште се вика и „таен процес“ бидејќи тоа излегува надвор од рамките на горе споменатите дејства, а тие се законските жени.
Шесто:
Луѓе кои се грижат за своите доверени аманети и обврски. Аманет е она што се довери на чување кај некого, сеедно, дали се работи за збор, работа, или пак, гледање со своите очи во нешто. Па кој тебе ќе ти раскаже некоја тајна, тој со тоа ти доверил аманет. Кој ќе направи нешто во твое присуство што не би си сакал секој да го знае, ти доверил аманет, кој ќе ти даде нешто од богатство или зборови, со тоа ти доверил аманет.
А обврските за кои станува збор се однесуваат на обврските кон друг човек, како што се обврските кон Аллах џ.ш., кон соседот или воопшто обврските меѓу луѓето. Оној кој посакува Џеннет, ги чува аманетите и ги исполнува обврските, без оглед дали се однесуваат на обврски кон Аллах џ.ш. или луѓето. Во тоа, секако, влегува исполнување на дадената збор, потпишаните договори, со услов да се однесува во дозволени работи.
Седмо: Луѓе кои го чуваат намазот. Тие се оние кои редовно клањаат намаз и истрајуваат во неговото извршување во одредено време, и тоа го прават на најдобар начин, со сите форми на намазот.
Аллах џ.ш., во Кур’ан спомнал бројни својства на жителите на Џеннет, освен овие што ги споменавме овде. Ова е спомнато заради оние кои посакуваат да ги постигнат овие својства.
А кај Аллах се враќа све.Аллах да не упати на секое добро.Амин.
コメント