top of page
Writer's pictureinfoislam

СВОЈСТВА НА ЖИТЕЛИТЕ НА РАЈОТ (Џеннетот) 1-дел


(Нека Аллах џ.ш, нé почести и направи од неговите жители)

Навистина, оваа е прилика луѓето да се ангажираат во таа насока и натпреварувачите да се натпреваруваат својот живот да го поминат во барање на патот кој води кон Џеннет.

Тој пат треба постојано да се бара, правејќи добри дела на начинот на кој е опишан и објаснет во Книгата, која Аллах џ.ш. ја објавил на најчесниот Свој роб, Мухаммед, (саллаллаху алејхи ве селлем) Аллах џ.ш. во Кур’ан вели:

وَسَارِعُوا إِلَى مَغْفِرَةٍ مِنْ رَبِّكُمْ وَجَنَّةٍ عَرْضُهَا السَّمَاوَاتُ وَالْأَرْضُ أُعِدَّتْ لِلْمُتَّقِينَ* الَّذِينَ يُنْفِقُونَ فِي السَّرَّاءِ وَالضَّرَّاءِ وَالْكَاظِمِينَ الْغَيْظَ وَالْعَافِينَ عَنْ النَّاسِ وَاللَّهُ يُحِبُّ الْمُحْسِنِينَ* وَالَّذِينَ إِذَا فَعَلُوا فَاحِشَةً أَوْ ظَلَمُوا أَنْفُسَهُمْ ذَكَرُوا اللَّهَ فَاسْتَغْفَرُوا لِذُنُوبِهِمْ وَمَنْ يَغْفِرُ الذُّنُوبَ إِلَّا اللَّهُ وَلَمْ يُصِرُّوا عَلَى مَا فَعَلُوا وَهُمْ يَعْلَمُونَ

„И побрзајте кон прошката од Госпопдарот ваш и кон Џеннетот кој се простира колку небесата и Земјата – подготвен за богобојазливите, за оние кои делат и кога се во радост и кога се во мака, и кои ја надминуваат омразата, и кои им простуваат на луѓето. Аллах ги љуби доброчинителите! И за оние кои, кога ќе направат срамно дело или кога ќе си нанесат напаст себеси, па, го споменуваат Аллаха и бараат прошка за гревовите свои, – а кој ќе ги простува гревовите освен Аллах? – и кои не се истрајни во она што го сработиле, и кои, токму, знаат…“ (Али Имран, 133:135)

А сега ќе ги наведеме својствата на жителите на Џеннет:

1- Прво својство

Луѓе кои се богобојазливи (муттекун). Тие се оние кои се плашат од Аллах џ.ш. и бараат заштита од џехеннемската(пеколната) казна со своите добри дела. Тие го извршуваат она што им се наредува, послушни се, живеат со надеж во своите добри дела, а го избегнуваат она што им се забранува, плашејќи се од Аллаховата, џ.ш. казна.

2- Второ својство Луѓе кои делат од својот имот кога се во изобилие, но и во сиромаштија. Тие делат од она што Аллах џ.ш. им го подарил, онака како е пропишано и како што се бара, од зекат, садака, а им делат на оние кои имаат право на тоа. Потоа делат за потребите на Аллаховиот пат и други хумани дела. Тие делат јавно и тајно. Нивниот живот и љубов за богатство не ги оптеретува и спречува во делење. Не се скржави ниту алчни, а својот имот го стекнуваат на дозволен начин и го делат, не плашејќи се за своите потреби.

3- Трето својство

Луѓе кои ги совладуваат гневот и лутината. А тие се оние кои се воздржуваат и својата лутина ја совладуваат кога се во состојба и прилика да ја изразат. Никому неправда не му чинат ниту нивната лутина предизвикува завист или неправеден однос кон другите.

4- Четврто својство

Луѓе кои многу простуваат. Тие се оние кои им простуваат на другите луѓе во состојба кога можат да ги казнат. Заради тоа, Возвишениот Аллах џ.ш. вели: „Навистина, Аллах ги сака доброчинителите.“ Аллах со ова поттикнува на простување, помилување, а ова треба да биде резултат на добрината, која ќе го зголеми доброто, додека простувањето кое би го зголемило злото не е пофалено и овдека на такво простување не се мисли. Возвишениот Аллах во Кур’ан вели: „Неправдата може да се возврати во иста мера, а оној кој ќе прости и помири, Аллах ќе го награди.“ (Еш-Шура, 40)

5- Пето својство

Луѓе кои се каат – теввабун. Тие се сите оние за кои во Кур’ан се вели: „И за оние кои, кога ќе нап-рават срамно дело или кога ќе си нанесат напаст себеси, па, го споменуваат Аллаха и бараат прошка за гревовите свои.“ (Али Имран, 135)

Грешењето е резултат на нечесни постапки, како што се смета за голем грев неправедно убиство, непослушност кон родители, јадење камата, јадење имот на сиракот, бегање од воено поле, зиналук, кражба и слично на тоа. А што се однесува до грешењето спрема себе си, тоа е воопштен поим. Ги опфаќа и малите и големите гревови. Тие се оние луѓе кои, кога ќе направат нешто од тоа, се сеќаваат на Аллаховата величина, се присетуваат и бараат опрост и милост за направените гревови, а ова е во склад со Аллаховите зборови: „Само Аллах простува.“ Со ова се докажува дека дова(молитва) не се упатува на друг освен на Возвишениот Ал-лах, бидејќи никој не може гревовите да ги простува освен Аллах, џ.ш., (се мисли на гревовите кои се единствено под Аллахова, џ.ш, компетенција).

6- Шесто својство

Луѓе кои не истрајуваат во правење гревови. Тоа значи дека, кога ќе направат грев, набрзо се поправаат и не истрајуваат во грешење, знаејќи што прават и познавајќи ја штетноста од упорноста во грешење. Тие побрзуваат со тевбе (каење) и насто-јуваат да ги избегнат гревовите, без оглед дали се мали или големи.

0 views0 comments

Comments


bottom of page