top of page
Writer's pictureinfoislam

Седум навики на многу успешните

Седум навики на високо успешната младина

Не можете да побегнете од тоа, приказната за навиките е секаде околу вас. Родителите често ти зборуваат да престанеш со своите лоши навики, учителот ти кажува да ги развиеш своите добри навики, пријателите те притискаат да ги практикуваш нивните навики, телевизијата и медиумите влијаат врз тебе да ги пробаш новите и ”кул” навики. “Никогаш нема да бидеш успешен.” – реченица која без престан се повторува ‘’ – освен ако не ги оставиш своите лоши навики а и подобриш оние добрите’’ на крајот се е на тебе. Мораш да одлучиш кои и какви ќе бидат твоите навики. Дали си размислувал за ова?

Ако си жив и дишиш, треба постојано да бидеш во борба со сам себе, да ги развиеш навиките кои ќе те приближат до Возвишениот Аллах. Успехот на овој свет е директно поврзан со силата на твојата врска со Возвишениот Аллах. Колку е некој далеку од Аллах џ.ш. и учењето на Мухаммед с.а.в.с., помала е веројатноста за постигнување успех на овој, а уште помалку на идниот свет. Не е ли време за нас да блеснеме со исламското светло и да ги распознаеме потребните навики на високото успешна исламска младина.

Овде се седум навики, неизбежни за високо успешната муслиманска младина, извадени од Куранот и суннетот на Мухаммед с.а.в.с.

1. Да се биде вистинољубив

Не е лесно секогаш да се биде вистинољубив, особено ако направиме некоја грешка, се грижиме дали со тек на време ќе се обелодени тоа што сме го кажале или направиле, се препотуваме, исплашени сме, се чуствуваме нервозно и вознемирено. Често сме исплашени ако ја кажеме вистината за нешто што сме кажале или направиле, дека ќе имаме проблеми со пријателите или роднините за истото. Забораваме дека, без разлика дали сме ја кажале вистината или не, Возвишениот Аллах знае точно што каде припаѓа, иако тие работи не се видливи или прикажани на луѓето. Покрај тоа колку болно изгледа да се каже вистината, сите сме свесни за чуството на олеснување кое го доживуваме кога ја кажуваме вистината, дури иако последицата на кажувањето на вистината е некоја навидум казна. За вистинољубивоста во верата и за вистинољубивоста во прашање на заработка и губиток, Аллах џ.ш. ни говори во Куранот: Аллах џ.ш. ќе рече: Аллах ќе рече:

„Ова е Денот во кој на искрените искреноста нивна ќе им биде од корист; ним ќе им припаднат џеннетските градини низ кои реки течат; вечно и довека во нив ќе останат. Аллах ќе биде задоволен со нив, а и тие со Него. Тоа голем успех ќе биде!“

(Ел-Маида Трпеза, 119)

Многу постигнуваме со тоа што сме искрени за разлика од избегнување на казната и вината ако сме неискрени. Факт е дека нас неискреноста не води само во пропаст, гарантирајќи дека ако еднаш излажеме, ќе бидеме присилени да ги кажеме повеќе од нив. Да се биде вистинољубив кај муслиманите не е опција, туку обврска, затоа што целта на нашата искреност е Џеннет. Аллаховиот миленик Мухаммед.с.а.в.с. рекол: ”Искреноста води кон чистота, а чистотата води кон Џеннет.” Човекот истрајува во вистината додека не стане искрена особа, лагата води кон грешењето а грешењето води во Џехеннемскиот оган.“ (Сахих Бухари книга бр 73,хадис бр.116) Најголем успех, према тоа е да преку нашата младост, зрелите години и староста да бидеме искрени.

2. Да се биде достоен за доверба

Кој е достоинствен на тоа? Секако Аллах Возвишениот, Тој е навистина во права смисла достоен за доверба. Но кај луѓето кој е достоинствен за доверба? На кого можете да верувате за цел свој живот? Дали вие сте доверливиi? Се сметате ли себеси за доверлив? За напредок во животот, за достигнување на поставената цел, потребно е луѓето да те сметаат достоен за верување и сигурен. Да се биде од доверба не смее да биде произволна активност туку навика,така да можеш да бидеш сигурен во сите работи, големи или мали, сооедветни или несоодветни, лесни или тешки.

Во вообичаениот говор (некнижевен) често слушаме “Ти го чувам грбот” подразбирајќи го буквалниот израз, луѓето не можат да видат што е позади нив па им треба пријател кој ќе им го покрие тој ”агол” во случај да не им се случи нешто позади грб. Замислите само вашиот пријател да се качува на дрво да го дофати хартиениот змај (кој застанал таму), а кој е на многу тенка гранка, и те прашува дали може да се потпре на тебе, таа личност ти дава поверение, и се потпира на тебе во случај да се скине гранката, тука нема место за шега и растроеност – овде пријателите ти го даваат својот живот на доверба. Кога рековме дека е Аллах достоен за доверба, доаѓаме до вистински факт дека нас Возвишениот Аллах никогаш нема да не предаде и дека никогаш нема да не напушти. Тој возвишениот вели за оној кој сака да прифати Ислам:

“Во верата не е дозволено со сила да се принудува – правиот пат јасно се разликува од заблудата! Оној кој не верува во шејтанот, а верува во Аллах – се држи за најцврстата врска, која нема да се прекине. – А Аллах се слуша и се знае.” (Ел Бекаре-Крава, 256 ајет)

Сите Аллахови пратеници биле доверливи, и Аллах тоа го потврдил на народите кои биле сомнителни. Пратеникот Худ а.с. алудирајќи на ова му вели на својот народ: „Ви ја доставувам посланицата на Господарот свој, и јас сум ви искрен советник.“(Ел-А’раф-Бедем, 68 ајет)

Ставете се себеси на задача да станете од оние кои се доверливи, прифатете ја таа одговорност и извршете ја. Кога вам другите ви веруваат немојте да го изневерите нивното верување. Можете да прочитате во преубавиот животопис на нашиот Пратеник Мухаммед алејхи селам за тоа како луѓето му ги давале своите драгоцености во доверба, знаејќи дека по нивното враќање тие работи ќе бидат недопрени и сочувани. Неговите лични и работни правила биле познати меѓу народот уште пред да знае дека е Аллахов Пратеник, буквално еден од најискрените и најсигурните.

3. Да се има самоконтрола и да се биде свесен за Бог

Веројатно најтежок предизвик кај адолесцентите е самоконтролата како не би станале жртва на страстите, особено љубовните желби. Нашиот успех во животот зависи од тоа колку добро можеме да се самоконтролираме и да бидеме умерени во работите кои се дозволени и колку сме способни да се оддалечиме од недозволените работи.

Зашто е самоконтролата (воздржување) толку критична? Шејтановата цел е да бидеш роб на своите страсти, до граница до која ќе јадеш додека не почуствуваш непријатност (пренатрупаност), и без ограничување ќе користиш пијалоци кои содржат кофеин, шеќер, вештачки зачини; а дека ќе спиеш повеќе од колку што обавуваш намаз, и дека ќе одиш за задоволување на своите сексуални желби. Развивањето на воздржувањето (самоконтролата) потполно станува дел од вас, кога тоа ќе го постигнете вашето воздржување оди полесно, без многу напори. Аллах Возвишениот за тоа кажува: “Тоа можат да го постигнат само трпеливите; тоа можат да го постигнат само тие што се многу среќни.” (Објаснување 35) Во настојувањето да бидеш високо успешен млад муслиман, т.е. да заслужиш голема награда, неопходно е да развиеш способност за воздржување (самоконтрола).

Интересена поклопеност е тоа дека преку неговиот превод на Куран, Абдуллах Јусуф Али ја преведува „taqwa-таква“ како самоконтрола (воздржување), додека најчесто е преведена како “богобојазност” од каде што сфаќаме без напор дека врв на воздржувањето е полно и потполно разбирање дека навистина сме свесни за својата должност кон Господарот. Колку убаво ќе биде ако можеш да погледнеш назад во животот и да кажеш, сето благодарение и благодарност припаѓаат на Аллах кога не потклекнав пред љубовните барања и кога сум бил упорен во воздржувањето (самоконтрола).

4.Биди потполн

Погледни ја својата соба, колку незавршени проекти имаш? Кога работиш задача, дали често брзаш да го направиш стандардно како би го завршил порано или тоа го правиш полека, гледаш што правиш, и она најважното, дали е тоа целосно завршено.

Учителот често ќе го проценува извештајот по тоа колку добро и до која граница оди ученикот во дадените теми. Да се биде постојан не е навика која се развива преку ”преку ноќ”. Во спротивно постојаноста би била непотполна, да се биде брзач и да се работи брзо без посветување внимание на прецизност или квалитет. Најсовршен е Аллах Возвишениот, Кој совршено ја создал, Кој ја усовршил нашата вера и Кој го водел Мухаммед с.а.в.с . до совршенство во однесувањето и личноста. Во Муввата од имам Малик го наоѓаме следното предание од Јахја кој пренесува од Малик дека го слушнал Пратеникот с.а.в.с. како вели : ’’Пратен сум да го усовршам убавото однесување’’ (Книга бр,47,хадис бр. 47.1.8.)

Потполноста произлегува од желбата за перфекција, со граници кои се достапни за луѓето. Барање на совршенство во нашите постапки и говорот во младоста нам ни помага да развиеме прецизност, не само за темелност во нашите животи, но и прецизност на животот на тие околу нас. Да се биде потполн во намазот(молитвата) на пример не учи нас да бидеме сконцентрирани во зборовите кои ги изговараме и во различните положби во намазот.

5. Да се биде ориентиран

Илјадници идеи ти поминуваат во главата во моментот кога ќе застанеш за намаз, дали си тоа ти? Навистина? Што правиш со тие идеи ? Дали ги остваруваш? Што кога седиш во клас? Дали се прашуваш, сонуваш и не можеш да се фокусираш на лекцијата? Дали често бараш било каков изговор да престанеш да го правиш тоа што го правиш во моментот?

Развивањето навика за фокусираност ти дава сигурност да бидеш подвижен, буден и тотално мотивиран да работиш и да ги завршиш своите задачи, што и да биде тоа. Да се биде преокупиран во детството со играчки, илузии, и константно менување на канали на телевозорот допринесува невозможност на концентрација – фокусирање. Меѓу најдобрите начини да развиеме фокусирање е да практикуваме молитва со длабока концентрација како би го достигнале тоа да сме скоро не свесни за нашето опкружување. Аллах Возвишениот во Куранот вели дека верници се ”оние кои својата молитва понизно ја обавуваат’. ‘(Ел- Муминун-Верници, ајет бр..2)

Понизноста за која е овде зборот резултат е тотално фокусирање и сконцентрираност поради свеста на присутноста на Возвишениот Аллах џ.ш. Потруди се да развиеш фокусираност што можеш подобро, без разлика за каква активност се работи, било во намаз, на универзитет, атлетика или некои други работи.

6. Да се биде точен- прецизен

Престани да збориш дека нон стоп доцниш поради ”Муслиманското стандардно време” или ”стандардното време” на твојата етничка група.. Последна работа која треба да ја препишеме на исламот е тоа дека неговото учење не наведува да доцниме или да не бидеме точни! Колку тажна ситуација на работите, ние нашите слабости да ги препишеме на нашата вера и етика.

Високо успешни поединци, биле они муслимани или не, разбираат и ја ценат вредноста не само на нивното време туку и времето на оние со кои се среќаваат. Да се остават луѓето да чекаат со саати е нешто со кое не треба да се гордее никој, и тоа е навика која не смее да најде место кај личностите кои настојуваат да бидат успешни.

Еден од главните столбови на Исламот е намаз, а Аллах и Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. нам ни напоменуваат да го обавуваме намазот во неговото време. Кога Абдуллах р.а. прашал ”Кое дело е најдраго на Аллах?” Пратеникот Мухаммед алејхи селам одговорил ’ ‘Да обавуваш намаз на време” (Сахих Бухари книга бр.10, хадис 505)

Ако навистина сакаш денот да ти се смета за успешен, мораш сите обврзителни намази во нивните времиња да ги клањаш и ако е можно да обавиш уште и некој доброволен намаз. Ако ти е испланиран денот и имаш обврски за време на намазот, не мораш да клањаш точно на време кога обично клањаш, тогаш ќе задаоцниш на сите термини кои ги имаш. Точноста е навика која кога ќе се заврши, им покажува на другите чудесна важност која исламот ја придава на времето и тоа не само на нашето туку со секој со кого стапуваме во контакт.

7. Биди доследен

Покрај сите горе наведени навики, една од оние кои ќе ти помогнат да бидеш високо успешен муслиман е да бидеш доследен. Не може да се биде вистинољубив еден ден, а лажго другиот ден, не може да се биде од доверба еден ден а несигурен другиот ден и така натаму за секоја навика. Муслиманот од рани години сфаќа дека е полесно да се направи нешто еднаш или кога и да го посакаме тоа, но многу е тешко да се прави нешто што е прописно и постојано. Мајката на верниците Аиша р.а. пренесува дека најдраго дело на Аллах е тоа кое постојано и прописно се прави. (Сахих Бухари книга бр.76 хадис бр..469) Прописните и постојаните дела покажуваат дека личноста размислувала за тоа, има намера тоа да го направи т.е. планира и спрема тоа работи. Ти нагласуваме да бидеш доследен колку и да е можно, посебно во оние делови на твојот живот во кои треба подобрување, како што се намазот, постот, твоето однесување, твоите навики на учење и тн.. Немој да кажеш јас ќе клањам секој ден цел ден, или ќе постам доброволен пост секој ден и секој месец или ќе учам по цела ноќ секоја ноќ ,затоа што таквите постапки се неиздржливи за луѓето. Но кажи нешто друго а тоа е дека ќе прочитам секој ден најмалку еден дел од Куранот, или ќе настојувам да им помогнам на родителите најмалку во една куќна работа секој ден, или ке пробам да научам најмалку една лекција однапред како би бил во предност на предавањата.

Никогаш не се преоптоварувај со обврски кои не можат да се исполнат, туку чекори напред полека и темелно и потрпи се на Аллах, тој најдобро ги познава твоите недостатоци и е најдобар помошник кон патот на успехот на овој и оној свет.

0 views0 comments

Comments


bottom of page