Според податоците од 1996 год. секој четврти жител на Земјата е муслиман, а тоа во бројки би изнесувало повеќе од 1.482.597.000 од вкупно5.777.940.000 луѓе на Земјата или 26%.
Гледано по континенти најмногу муслимани има во Азија со 1.022.692.000, но интересен е и податокот декатие не се мнозинство на овој континет туку сочинуваат само 30%. Всушност, вистински муслиманиски континент е Африка каде муслиманите го претставуваат мнозинството,поточно 59%, а вкупно се 426.282.000. Муслиманите се апсолутно мнозинство во 59 држави на светот, а држава со најголем број на муслимани е Индонезија со 196.288.020 или 95% од вкупног број на жители(Податоци од минатиот век). Веднаш по нив се големите муслимански заедници во Пакистан, Египет, Судан, Турција итн. Интересни се подаците за муслиманските “малцинства” во дражвите со најмногу-бројно жителство, како Кина каде што има 133.100.545 или 11%, Индија 133.295.027 или 14%. Муслиманите се апсолутно мнозинство во земјите за кои повеќето од нас воопштоне слушнале, како Малдива, Мауританија, Џибути… Муслимани има дури и на еден од најодаличните острви на Тихиот океан-Велигденскиот остров, каде ги има 10% т.е. 81, што од вкупно 813 жители и не толку малку. Ако го земеме во предвид фактот како Исламот се шири брзо, па можеби и островот набргу ќе го промени името, да кажеме во Бајрамски остров. Годишната стапка на прираст на бројот на муслиманите е 6,40% што е навистина многу, и само за споредба христијаните имаат стапка на прираст од 1,46%. Според ова во 1997 година имало 1.577.483.000, а проценката за 1998 е 1.678.442.000 мулимани. Можеби најдобар показател за големиот пораст на бројот на муслимани е податкот дека во последните педесетина години тој број се зголемил за неверојатни 500% додека бројот на христијаните за исто време се зголемил за само 47%, на Хиндуситеза 117% и Будистите за 63%. Секако дека највлијателен факт за ова е особено големиот наталитет кај муслиманите, но сигурно е дака за овој број значително допринесува и прифаќањето на Исламот од страна на немуслимани за кое сведочат податоците за огромниот пораст на бројот на муслиманитеа на Запад. Во периодот од 1989г. до 1998г. бројот на муслиманите во Европа се наголеми за 142,35%, во Северна Америка за 25% и Австралија за 257,07%, меѓутоа што се однесува до Австралија овој процент и не е толку значаен со оглед на тоа дека до пред дваесет години таму скоро и да немало муслимани. Битно е да се напомене дека муслиманите во најсилните западни земји како САД, Англија и Франција се втора најголема верска заедница. Извор: Циа
コメント