top of page
Writer's pictureinfoislam

Секта протерана од Црна Гора

Црна Гора протера 58 странски државјани, меѓу кои 43 Руси, поврзани со верски култ. Полицијата не кажа за која верска група се работи, но локалните медиуми јавуваат дека протераните биле членови на јапонскиот култ Аум Шинрикјо, чии членови, во очекување на крајот на светот, извршија смртоносни напади со нервен гас во метрото во Токио во 1995 година.

Црногорската полиција соопшти дека луѓето биле протерани вчера поради тоа што немале дозволи за привремен престој во земјата. Освен Руси, меѓу протераните имало и Јапонци, Украинци и Узбекистанци. Тие престојувале во два хотели во Црна Гора. Дале изјави во полиција, а нивните лаптопи и телефони биле одземени за испитување. Сектата е комбинација на тибетанско  верување, хиндуизам, будизам и христијанство, а особено беше популарна во Јапонија пред терористичкиот напад со хемиски отров во Токиското метро во 1995 година.

Водачот на сектата се има прогласено како очекуваниот Месија односно спасител.

0 views0 comments

Comments


bottom of page