top of page
Writer's pictureinfoislam

Слаби хадиси кои ни ги открил големиот учењак Ибн Тејмијје

Во името на Аллах, Милостивиот, Самилосен! Шејху –Л- Ислам ибн Тејмијје бил запрашан за (Аллаховите) зборови кои се пренесуваат од Пратеникот с.а.в.с ., Ниту земјата и небото не може да  ги содржи, но може срцето на искрениот верник.”Tој одговорил: Славен нека е Аллах. Спомнато е од Израелќаните ( Хадисот е од еврејски извори) и за него не постои познат ланец кој води до Пратеникот с.а.в.с. Тој хадис значи дека Аллах Својата Љубов и знаење ја ставил во срцето на својот роб.

Слично на ова е и со хадисот, “Срцето е Божја куќа” Во срцето е домот или вербата во Аллах, како и знаењето и љубовта спрема Него. Тие го пренесуваат хадисот кудси, ‘ Бев скриена ризница (богатство), па посакав да бидам познат. Ги створив луѓето како би бил познат.” Ова не се од Пратеникот с.а.в.с зборови, и не знам никаков ланец за ова предание , ни Сахих ни Даиф(ни веродостоен ни слаб). Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол: ‘ Аллах го створил разумот и му рекол, Дојди тука, и тој дојде. Потоа му рекол, Оди тамо, и тој отиде. Тој рече, Таква е мојата Возвишеност и Слава, несум создал ништо повредно од тебе. Поради тебе ќе наградувам и казнувам. Овој хадис е батил (лажен) и мевду (Измислен) по концензус на хадиските научници /алими. Се пренесуваат зборвите: “Љубовта спрема дуњалуков(овој свет) е корен на секое грешење”. Него го пренесува Дзундуб ибн Абдуллах ел- Вадзали, но не постои познат ланец до Пратеникот с.а.в.с Се пренесуваат зборовите: “Дуњалукот за верникот е само еден мал чекор” Ова не се зборови од Пратеникот с.а.в.с ниту од претходниците од овој уммет или од неговите имами. Се пренесуваат зборовите: ‘ Кога нешто ќе ти се случи, прифати го веднаш тоа, и “ Кој ќе му се предаде некоја на работа , нека ја прифати. Првиот хадис се пренесува од еден селеф (предходниците). Вториот хадис е батил (лажен) , бидејќи кога некому нешто ќе му се предаде, може тоа да го прифати а и не мора, судејќи по она што Аллах и Неговиот Пратеник ни го кажале. Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол, “Давајте садака на сиромасите бидејќи утре тие ќе имаат власта каква ќе биде таа власт.” И “ Сиромаштвото е моја гордост и од тоа учам.” Овие хадиси се лажни и ги нема во ниту една позната муслиманска книга. Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “Јас сум град на знаење, а Али е неговата врата”. Овој хадис е Даиф и по хадиските научници, измислен е . Го бележи ет-Тирмизи и други, но е лажен. Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “ На денот на проживувањето сиромасите Ќе седат и Аллах ќе им рече, Таква е мојата Возвишенот и Слава, дуњалучките работи на вас не сум ви ги скратил бидејќи сте безначајни, но јас сакав да ве возвишам во овој ден. Одите онаму каде луѓето стојат, и кој вас ќе ви даде вода за пиење или парче леб или облека, однесете го во Џеннетот. Шејх вели: Овој хадид е лажен и не го бележи ниту еден Хадиски научник. Батил е и не во склад со Куранот, и Суннетот и концензусот на научниците (иџма). Тие велат кога Пратеникот с.а.в.с стигнал во Медина, ќерката ен-Надздзара излезе со Дајрињата и Пееле “ Тела’ ел-Бедру ’алејна мин тханијјат ел-Вида,” а Аллаховиот Пратеник с.а.в.с им рекол, “ Тресите ги Дајрињата, Аллах вас ви се смилува.” Хадисот за жената која удирала со Дајрињата за прославен повод е Сахих и тоа се правело во времето на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с, но не е забележано дека рекол, “ Тресите ги Дајрињата.” Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол, “ О Аллаху, ме извади од омиленото парче на земја, па всели ме во (Своето) омилено парче земја.”

Овој хадис е исто така е батил иако го бележи ет-Тирмизи и други. За Мека тој рекол, Ти си ми омилено парче на Аллаховата земја.” И рекол, “ Ти си на Аллах омилено парче земја.” Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол: ”Кој ќе ме посети во една година мене и мојот татко Ибрахим ќе влезе во Џеннет.Ова е измислена лага и овој хадис не го бележи ниту еден хадиски научник. Тие велат дека Омер р.а го убил својот татко. Ова е лага неговиот татко умрел пред него кога мисијата на Пратеникот с.а.в.с започна. Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “ Бев пратеник уште кога беше Адем а.с помеѓу водата и земјата. Бев Пратник уште кога Адем а.с не беше ни вода ни земја”. Овие зборови се лажни. Тие го пренесуваат хадисот, “ Креветот на самецот е Огин. Сиромешен е човекот кој нема жена, и жената која нема човек (маж)”. Ова не се зборови на Пратеникот с.а.в.с. Се пренесува дека Ибрахим а.с , откако ја изградил Ќаба, клањал илјада рекати во секој негов агол, а Аллах му објавил, “ О Ибрахиме, тоа не е како хранење на гладинот човек или облекување ма човекот кој нема да го покрије својот аврет(срамен дел).” Oва е лага и не го има во исламските книги. Се пренесуваат зборовите, ‘ Не презирај ја маката затоа што ќе те снајде и лицемерие.” Не се знаее дека Пратеникот с.а.в.с ги изговорил овие зборови. Се пренесуваат зборовите,“ Кој ќе го подучи на својот брат еден ајет од Аллаховата книга ќе стане негов власник(сопственик)”. Ова е лага и не може да се најде во ниту една книга од научниците/алимите. Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол, Ги гледам гревовите (пред очи) на мојот уммет и не гледам поголем грев од да човекот заборави да научи еден ајет.” Ако е овој хадис Сахих, под заборавување се мисли на неучење. Овој хадис гласи вака, “ Помеѓу гревовите на мојот уммет е гревот на човекот кој Аллах го дарувал со ајет од Куранот но тој го запоставил се додека не го заборавил.” Под заборавување овде се мисли оттргање од Куранот, односно неверување или неделување во склад со него. Што се однесува занемерување на учење на ајетите додека не се заборават, тоа не е грев. Тие ги прнесуваат зборовите, Еден ајет од Куранот е подобар од Мухаммеда и Мухаммедовото семејство.

Куранот е Аллахов збор, објавен, а не создаден, и на него не постои слично. Овие зборови ни се пренсуваат од Пратеникот с.а.в.с Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол, “ Ако дојдеш со намера да разговараш за сопрот (несогласување) кој што ќе се случи помеѓу моите асхаби, молчи. Ако дојде со намера да разговараш за Божјата волја и одредба (el-qada we-l-qadr), Молчи.” Ланецот на овој хадис е munqati(прекинат). Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с му рекол на Салман ел-Фарси додека јадел грозје, “ Ду, ду” што значи јади по два.

Ова не се зборови од Пратеникот с.а.в.с хадисот е батил (Лажен). Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол:Кој ќе ги возмемири Дзи ммите (жидовите или христијаните под исламска власт) , на Кијаметскиот ден Аллах ќе му биде противник. Или, на Кијаметскиот ден јас ќе му бидам противник. Хасисот е даиф(слаб) Се знае дека Пратеникот с.а.в.с рекол: Кој ќе го убие му’ ахид (член на невернички народ кој е во мировен договор со муслиманите) (без никаква причина) не ќе го почуствува Џеннетскиот мирис”. Тие велат дека Пратеникот с.а.в.с рекол: “Koj ќе ја запали светилката во Џамијата, се додека светилката свети во Џамијата, мелеките држачи на аршот ќе се молат за опрост на неговите гревови”.

Непознат ми е ланецот кој иде до Пратеникот с.а.в.с (Од делата: ел-Фетва ел-Кабура, 5/88-93)

0 views0 comments

Comentários


bottom of page