За оние кои имаат срце…
Слушај!
“…оној Ден кога небото ќе биде како талог од зејтин,
а планините како волна шарена,
кога човекот својот близок нема ништо да го праша…”
тоа е Денот ветен.
Тоа е Денот на катастрофата и бегањето.
“…на денот кога човекот од братот свој ке побегне,
и од мајката своја и таткото свој,
и од пријателите свои и од синовите свои,
тој Ден секој човек само за себе ке се грижи.”
Аллaхов робу!
Зарем не мислиш и не размислуваш за за доаѓањето на тој Ден?!
И распаѓање на створенијата во тој долг Ден?!
Погледите ке бидат закочени, срцата преплашени…А јас и ти…
И сите чекаат..Каков ли ке ни биде крајот…
Да ги знаеш тешкотиите на Судниот ден, би побегнал од семејството и домовите…
Тоа е Ден кој е ветен…
Ла иллахе илАллах, каква ке биде состојбата?!
Кога ке сведочат очите?! Ла иллахе илАллах.
Кога нозете ке сведочат и ке зборуваат: “Ние во харам одевме.”
Ла иллахе илАллах, кога рацете ке кажат: “Ние за харам бевме користени!”
За оние кои имаат срце…
Аллахов робу, немој да мислиш дека полагањето на сметката ке биде лесно!
Ке бидеш прашан за ситно и крупно, ке бидеш прашан…
За мало и големо, ке бидеш прашан…
За животот, во што си го поминал… ке бидеш прашан!
Шефа’ат! Мухаммеде, подигни ја главата, и заземи се за нас! Шефа’ат!
“Господару, мојот Уммет!”
Миленику наш… заземи се за нас во таква тешка и страшна состојба…
Со највисок глас ке се вика: “Мојот ммет, мојот Уммет!”
Па каде е Умметот, човеку?!
Каде е Умметот?!
Стари? Млади? Жени?
Каде се оние од неговиот суннет, неговите сири и помагањето во Исламот?!
КАДЕ Е УММЕТОТ?!
Comments