top of page
Writer's pictureinfoislam

Со постот до излекување на ракот

Во книгата „Рак, леукемија и други привидно неизлечиви болести, излечиви по природен пат“, австријскиот лекар, 80-годишниот Р. Бројс тврди дека ракот може да се излекува со помош на пост, по пат на внатрешни сили коишто секој организам ги има во себе.

Меѓутоа, таа внатрешна сила многу малку ја почитуваме. Од незнаење го занемаруваме она што Создателот на човекот, го ставил во неговото тело. Бројсовиот метод на лекување со пост поаѓа од теоријата дека за време на постот, за да се одржат виталните органи на организмот, телото мора „да го изеде туморот и сè она што не му припаѓа на организмот.“ Оној кому постот не му е непознат, веднаш ја разбира суштината, затоа што за време на постот телото се ослободува од сето она што не му припаѓа, па така во реалноста се разделува она што е болно од здраво, сè додека телото располага со сопствени резерви на сила, и болниот има надеж во уверувањето на постоење божествени сили на лекување во себе. Бројс често потсетува дека туморот е самостоен израсток и дека неговите ќелии можат да исчезнат единствено со пост, затоа што настанале во текот на погрешната исхрана. Од искуство знаеме дека телото при одрекувањето од храна се ослободува од сè што му е туѓо, т.е. од сè она што не му припаѓа на организмот.

Не е потребно многу знаење за да се спознае вредноста на исламскиот пост за здравјето на луѓето. За тоа денес пишуваат не само научните списанија и стручните медицински книги, туку и оние кои ни најмалку не се наклонети кон верата. Малку е познато дека и психијатријата му придава големо значање на постот. Под психотерапија се подразбира лекување на душата, психата.

Научно кажано, тоа е метода на лекување која се применува кај сите неврози, а во некоји случаеви и кај психозите. Вредни за внимание се резултатите до кои дошол рускиот психијатар др. Ј. Николаев, примариус на една клиника за душевни болести недалеку од Москва. Тој со успех ја применил новата постапка во лекувањето на ментално заболените, терапија којашто се состои од потполн и долготраен пост. Одбивањето храна е чест синдром на акутната шизофренија. Таквите болни досега биле принудно хранети. Меѓутоа, др. Николаев таквата реакција ја разбрал како спонтано одбивање на храната на болниот организам, па дошол до идеа да се обиде да примени методи на тотален пост. За време на постот болните добивале само вода, витамински инјекции и некои минерални соли. Откритието на др. Николаев е важно и од друг аспект. Тоа оди во прилог на една од најновите и најзначајните хипотези за настанувањето на шизофренијата. Според хипотезата, шизофренијата е органска болест од физиолошка природа предизвикана од пореметување во метаболизмот, т.е. хемиски процеси во телото на болниот во текот на кои се создаваат одредени отровни супстанции кои негативно делуваат врз работата на мозокот, всушност како дрога.

Постот, според Николаев, му дава на организмот можност да се прочисти од тие супстанции, да воспостави свој метаболитички еквилибриум и да оздрави. Исламскиот пост е човекова потреба. Со постот се лечи телото и душата и тоа без некои посебни трошоци. Постот е најголемиот пријател.

0 views0 comments

Comments


bottom of page