top of page
Writer's pictureinfoislam

Совет до плановите и целите кои треба да ги исполнат исламските и други организации

Исламските  и други организации пред се треба да имаат за цел потпомагање во добро и промовирање на општокорисни добра и цели со кои ќе се подигне духовната, етичката и моралната свест кај граѓаните во Република Северна Македонија.

Ајет: Едни на други помагајте си во доброчинство и честитост, а не соучествувајте во грев и непријателство; и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах страшно (строго) казнува. (Маиде, 3)

За жал, многу исламски организации ги запоставиле заедниците во кои живеат и едукацијата како средство да се приближат на многуте исламски заборавени вредности во исламското општество. Секоја добротворна организација како посебни цели треба да промовира дијалог и атмосфера на разбирање помеѓу различни етнички, верски и национални групи со цел на меѓусебна толеранција и соживот, како и подигање на заедничата свест.

За да се постигнат многубројните добри цели, како дел од методите кои би требало да се послужи би биле следниве:

  1. Промовирање на дијалог помеѓу сите луѓе без разлика на нивната верска, расна, национална припадност;

  2. Промовирање на моралните вредности кои важат и се прифатливи во сите општествени средини;

  3. Поддршка на кампањи во спречување на сите асоцијални појави од било која група;

  4. Промовирање и поддршка на кампањи на владини и невладини организации и тоа:

  5. поддршка на кампањи кои се водат против деградирање на поединецот и општеството во целост.

  6. поддршка на веќе постоечките кампањи кои се водат против насилството врз жената, насилство врз децата, трговија со луѓе, органи и.т.н

  7. поддршка на кампањи што се водат за забрана на пушењето на јавни места, злоупотреба на алкохолот, дрогата и други опојни средства;

  8. водење на кампањи против педофилија, проституција, јавен неморал и друго;

  9. Промовирање на вредностите на воспитанието, образованието и науката;

  10. Промовирање на убавиот однос и грижа кон родителите, сирачињата, постарите лица, лицата со недоволен психофизички развој, лицата со посебни потреби како и инвалидите;

  11. Промовирање и развивање на спортскиот дух кај младите како и подигање на свеста за истото кај останатите граѓани;

  12. Промовирање на кампањи за заштита на природата, поддршка на кампањи за пошумување, директно учество во кампањи за собирање на отпадоци и смет и подигање на свеста кај луѓето за јавната чистота;

  13. Организирање на посети на културно-историски објекти со цел зачувување и промовирање на нивното културно, религиско и национално значење за граѓаните на Република Северна Македонија;

  14. Подигање на свеста за лична хигиена и одржување на хигиенските услови како главна превенција против заразни болести;

  15. Оддржување на трибини и предавања со цел да се исполнат горенаведените цели како и водење етички дијалог во точки во кои не се согласуваат различни конфесии. 

Освен овие точки кои ги набројавме,  треба да сме свесни дека секоја организација треба да биде насочена во градење на колективот, а не да бидат гласноговорници на еден поединец, или една мала група која нема да носи одговорност за  своите постапки пред членството. Напротив, треба да има силен надзорен орган кој ќе ги прегледува финансиските и други трошоци, кој орган ќе биде гарант  за исполнување на  предвидените цели за кои е наменета организацијата, а не на остварување на лични профити или лична корист.

0 views0 comments

Comments


bottom of page