top of page
Writer's pictureinfoislam

Согледувања на некои аналитичари за развојот на политичкиот ислам

Професорот Зоран Матевски, социолог на религија, веќе неколку години го истражува религискиот фундаментализам, за кој вели дека најмногу е врзан со исламот и е најприсутен во исламските земји, иако може да биде присутен и во христијанството.

Според него, процесот што треба да води кон основните позитивни вредности на религијата се искривоколчува и се користи во погрешни цели. – Исламскиот фундаментализам е исклучително позитивна и религиска и политичка идеологија. Тоа лежи и во основата на зборот фундаментализам, што значи враќање на основата, во случајот враќање на основите на исламот, односно на базичните пораки на Мухамед. Во таа насока неговите припадници се борат против секаков вид модернизиран ислам, кој попримил елементи на современото време. Насочен е и антиевропски и антиамерикански, зашто смета дека САД и Европа се носители на некакви современи промени во општеството, односно негативни и девијантни појави – објаснува професорот.

Аналитичарот Петар Шкрбина вели дека „Западната цивилизација својот врв го достигнала во 1928 година, поседувајќи 84,2 отсто од светската економија. Уделите во бројот на жителите во светот под политичка власт на западната и муслиманската цивилизација е следниот. Во 1900 година западната цивилизација под своја политичка власт имала 44,3 проценти од населението, а исламската цивилизација 4,2 отсто. Тогаш постоеле само четири муслимански држави, и тоа: Авганистан, Турција, Саудиска Арабија и Египет. Во 2010 година Западот има политичка власт врз 11,5 проценти од населението, а исламот врз 17,9 проценти од населението. Постојат предвидувања дека во 2025 година Западот ќе има под политичка власт 10,1 проценти, а исламот 19,2 проценти. Во 1900 година во светот бројот на воено ангажираните луѓе на западната цивилизација бил 43,7 проценти, а на исламот 16,6 проценти. Во 1991 година Западот имал 21,1 процент, а исламот 20 проценти… Муслиманите имаат тенденција да ја гледаат нацијата не како поделена на религија, туку религијата да е поделена на нациите. Арапските држави на Блискиот Исток и државите на Северна Африка се новосоздадени држави, кои настанале од времето на англофранцуската доминација. Нивните граници, па дури и името на државата, го означуваат нивното вештачко создавање. Ниту едно име од тие држави нема арапски корени и покрај богатиот арапски јазик.“

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page