top of page
Writer's pictureinfoislam

Создавање во парови и создавање на човекот

Создавање во парови е спомнато во Куранот-  

Нека е Славен и Возвишен Оној Кој во се создава пол: во она што од земјата никнува, во нив самите, и во она што тие не го знаат! (Јасин 36)

Во споредба со тоа што претставува против вредноста на поимот „пар“, машки и женски пол во себе содржи многу пошироко значење, како што е тоа во претходниот ајет истакнато „во тоа што тие не го знаат“. Точно, денес се сретнуваме со едно значење на кое сме  предупредени во ајетот. Паул Дирак, англиски научник кој изнесе дека материјата поседува спротивност, во 1933 година е награден со Нобеловата награда во областа на Физиката.  Ова откривање, наречено „Паррите“, истакнува дека материјата има свој пар наречена антиматерија. Анти-материјата во себе содржи својства кои се спротивни на материјата. На пример, спротивна од материјата е анти-материјата која е опремена со позитивни електрони и негативни протони.  Овој факт на следниот начин е опишан во едно дело: … Секој и најситниот дел има свој – анти дел- кој е во спротивно наелектризиран. Не секогашниот однос ни покажа дека формирањето и исчезнувањето на тие парови се обликува секаде и секогаш во ист момент.

Аллах џ.ш го пратил пратеникот Мухаммед с.а.в.с. како пратеник на целиот свет, како што кажува во Куранот: А тебе те пративме како милост на световите. (Куран 21:107) Значи, пратеникот Мухаммед с.а.в.с. е пратен на бедуините  во пустината од Аллах џ.ш, исто како што е пратен и на денешениот научник во модерна лабораторија. Тој е Аллахов пратеник на сите луѓе во сите времиња. Пред пратеникот Мухаммед с.а.в.с. секој пратеник беше пратен исклучиво на народот/нацијата на која и припаѓаше.

…а секој народ имаше пратеник кој ги упатуваше на правиот пат. (Куран 13:7)

Микроскопски изглед на ембрионот

Пораката на пратеникот Мухаммед с.а.в.с е меѓутоа порака на целиот човечки род и со тоа Аллах џ.ш на светот му подари доказ за вистинитоста на пораката .

Доказ кој се разликува од дадените докази на другите пратеници.

  Доказите на претходните пратеници се видени само од страна од нивните современици и можеби од страна на некои генерации веднаш после нив.  Но бидејќи е одредено пратеникот Мухаммед с.а.в.с.  да биде последен пратеник  се до денот на повторното оживување, Аллах џ.ш како поддршка  за доказ му подари вечно муџизе (чудо). Ако ги запрашаме Евреите или Христијаните да ни ги покажат чудата од пратеникот Муса а.с. (Мојсеј) или Иса а.с. (Исус) нека е мир и спас врз нив, ќе добиеме одговор  дека не е во човековата моќ денес пак да ги демонстрираат било кој од нивните чуда.  Мојсевиот а.с стап не може да се создаде, ниту пак Иса а.с. не може да се повика за да ги оживува мртвите луѓе. За нас денеска овие муџиза не се ништо друго освен Историски настани. Меѓутоа, да ги запрашаме муслиманите за најголемото муџизе (чудо) од пратеникот Мухаммед с.а.в.с. тие со леснотија можат да ја покажат својата книга Куранот, бидејќи Куранот е чудо која останува во нашите раце.  Тоа е книга отворена за сите оние кои сакаат да се запознаат со нејзината содржина. Аллах с.в.т. во Куранот вика: Кажи: „Кој е сведок најсигурен?“- и одговори: „Аллах, Тој измеѓу мене и вас ќе биде сведок. А мене овој Куран ми се објавува за да вас и оние до кои допре ве опоменувам…“ (Куран 6:19)

Чудесната природа на Куранот (покрај неговата лингвистика) лежи во знаењето (мудроста) која е во него содржана . Возвишениот Аллах ни кажува: Аллах сведочи дека е вистина она што ти се објавува, ти се објавува она што Тој единствен знае… (Куран 4:166) Значи, нашите денешни научници и учени, професори на разни универзитети и предводници на човечките мисли, имаат можност да ги испитаат мудростите кои ги наоѓаме во Аллаховата книга. Научниците дури во денешни времиња постигнуваат големи успеси во истражувањето на вселената, а Куранот за вселената и човечката природа има кажано многу порано. Па кој е тогаш резултатот на сите овие факти? Ви го претставуваме пензионерот Кеит Мур кој е еден од светски познатите научници од областа на астрономијата и ембриологијата.  Побаравме од професорот Мур да ни ја даде својата научна анализа на одредени Курански ајети и Хадиси кои се однесуваат на неговата  специјалност. Професорот Мур е автор на книгата со наслов „Човекот во развој“. Во пензија замина од местото професор по Анатомија и професор по  клеточна  Биологија на Торонтскиот Универзитет во Канада каде беше декан за природни науки на Медицинскиот Факултет и во траење од осум години како  шеф на катедрата за Анатомија.

Д-р Мур пред 11 години рабоеше на Winnipeg Универзитет во Канада. Беше на чело на многу меѓунорадни анатомски асоцијации како и Советот на Унијата на Биолошките Науки. Професорот Мур исто така е избран за член на Кралските Медицински Асоцијации на Канада, Меѓународни Академии за Цитологија, Сојузот на Американски Анатоми и Здружение на Анатоми за Северна и Јужна Америка. Годината 1984, ја доби најистакната награда доделена за работа на полето Анатомија, а тоа е “J. C. B. Grant Award” која ја доделува Здружението на Канадски Анатоми. Објави многу книги од областа клиничка Анатомија и Ембриологија од кои 8 се користат како прирачници во медицинските факултети и кои се преведени на 6 јазици. Кога го прашавме професорот Мур да ни даде своја анализа за Куранските ајети и веровесничките изјави, беше запрепастен. Се прашуваше како пратеникот Мухаммед с.а.в.с. пред 14 векови можел толку детално и точно да го опише ембрионот и фазата на развивање, кога научниците дојдоа до тоа знаење во последните 30 години. Многу брзо е меѓутоа запрепастеноста на професорот Мур прерасна во восхитување на оваа објава и упата. Тој сите свои нови знаења ги представи во интелектуални и научни кругови. Дури одржа и предавање на тема споредба на модерната ембриологија со Куранот и Суннетот каде изјави: „Ми беше задоволство да помогнам околу разјаснувањето на Куранските наведи околу развојот на човекот. Јасно ми е дека овие наведи на Мухаммед с.а.в.с. морале да му дојдат од Аллах или Бог, бидејќи овие работи се откриени многу векови после откако Куранот за нив кажува. Ова ми докажува дека Мухаммед с.а.в.с. морал да биде Аллахов пратеник“. Размисли читателу околу тоа што овој познат и угледен научник по Ембриологија изјави после студирањето на Куранските Ајети кои се однесуваат на неговата дисциплина и размисли за неговиот заклучок дека Мухаммед с.а.в.с. мора да бил Аллахов пратеник. Аллах с.в.т. кога зборува за фазите на човечкиот развој вика: 12. Ние човекот, навистина, го создадовме од глина одбрана,

13. потоа како капка семе(Нутфа) го ставивме на место сигурно.

14. Потоа капката семе Ние ја создадовме засирена крв(грушка-алаках); од засирената крв создадовме парче месо; од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме; потоа создадовме сосем друго суштество. Па, нека е вишен Аллах. Меѓу создателите Он е Најубавиот!

Арапскиот збор ‘Alаqah има три значења. Првото значење е пијавица, второто значење е закачена или обесена работа, а трето значење грушка крв. Споредувајќи слатководна пијавица со ембрион во Alaqah фаза, професорот Мур воочи огромна сличност помеѓу нив. Заклучи дека во текот Alaqah фаза ембрионот добива изглед премногу сличен со изгледот на пијавицата. После овие забелешки, професорот Мур постави слика од ембрионот и слика од пијавица една покрај друга и ги презентира на научниците на неколку научни собири. Сличностите во изгледот на пијавицата и човечкиот ембрион (доле) во Alaqаh фаза. Другото значење на зборот Alaqah е закачена/обесена работа и ова е она што можеме да го видиме во време на Alaqah фазата кога ембрионот е закачен за материцата на мајката. Третото значење на зборот Alaqah е грушка крв. Овде е важно да спомнеме, дека спрема зборовите на професорот Мур, во текот на Alaqah фазата, ембрионот поминува низ добро познатите внатрешни промени како што е формирање крв во затворени садови, додека метаболичкиот циклус се одвива внатре во плацентата. Значи крвта се наоѓа фатена во затворени садови, па од таа иста причина ембрион, покрај изглeдот на пијавица, изгледа и како грушка крв. Овие два описи се чудесно дадени само со еден Курански збор Alaqah.

ФАЗА „АЛАКАХ“

Па како тогаш Мухаммед с.а.в.с. воопшто можел да го знае сето ова? Професорот Мур исто така го студирал ембрионот во mudghah фазата (арапското значење на зборот mudghah е: супстанца како да е соџвакана). Зеде парче сирова глина, па после џвакањето со сопствената уста, го спореди со сликата на ембрионот во mudghah фаза. Заклучокот кој професорот Мур го донесе е тоа дека ембрионот во mudghah фазата достигнува потполно ист облик кој има и некоја соџвакана материја. Неколку Канадски периодичници објавиле многу од изјавите на професорот Мур. Покрај тоа професорот Мур презентираше три телевизиски емисии во кои ја истaкна усогласеноста на науката со она што веќе 1400 години е содржано во Куранот. Во согласност со тоа, на професорот Мур му е поставено следното прашање: „Дали ова значи дека вие верувате дека Куранот е Аллахов збор?“ Неговиот одговор гласеше: „Не гледам зошто тоа не би го прифатил“. Професорот Мур исто така е прашан: „Како можете во исто време да верувате во Мухаммед и Исус Христос?“, на што тој одговори: „ Верувам дека двајцата доаѓаат од иста школа“.

ФАЗА „МУДГАХ“

Слично на Мур , исто постапи д-р Маршал Џонсон од Универзитетот во Флорида„Томас Џеферсон“, кој бил и директор на Даниел Даугх институтот за истражување.Автор е преку 200 објавени научни трудови. За разлика од професор Мур , професор Џонсон се занимаваше наместо со надворешноста, со внатрешноста на фетусот и неговата анатомија.

Слично на него професор Маршал објасни дека единствено преку многу јак микроскоп е можно да се дознае за овие информации.Неговите истражувања ќе ги предочиме во некоја наредна можност.

Како што гледаме, современите научници од целиот свет денес ги спознаваат фактите кои се како дел од Аллаховото знаење, објавени во Куранот, што Аллах и ни кажал: Аллах сведочи дека е вистина она што ти се објавува, ти се објавува она што Тој Единствен знае… (Куран 4:166) Тоа што од ова произлегува е тоа дека модерните научници од целиот свет денес со леснотија би можеле да признаат дека Мухаммед с.а.в.с. е навистина пратеник од Аллах џ.ш.

Превод од босански: сестра „Неџмун“

0 views0 comments

Comments


bottom of page