Разликите и аналогиите со библиските приказни и научни аспекти и поврзаноста со Куранот
За разлика од Стариот Завет, Куранот не дава контиунирана и целосна приказна за создавањето. Наместо континуирана приказна, на бројни места во Книгата се наоѓаат редови во кои се евоцираат некои негови аспекти и, помалку или повеќе, се евоцираат сукцесивни настани што го обележале. За да добиеме појасна претстава за начинот на кој овие последните се дадени, треба да ги собереме фрагментите распрскани во голем број сури.
Книгата не се однесува на темите на создавањето, одделно. Така, во Куранот се третирани многу големи теми за кои се заинтересирани научниците, било да се работи за земски или за небески феномени, или за прашањата што се однесуваат на човекот. За секоја од нив е извршено истото собирањето на ајетите. Има голем број на ајети( знаци- лингвист. Стихови) кои говорат за научни феномени и нивниот број е над илјада.
Освен ајетите кои посебно го опишуваат создавањето, четириесет други ајети за астрономијата донесуват прецизни податоци кои се комплетирани со овие податоци. Некои од нив се само размислување за славата на Создателот и на Организаторот на сите ѕвездени и планетарни системи, за кои знаеме дека се распоредени во рамнотежа чие одржување Њутон го објаснил со помош на законот за меѓусебното привлекување на телата. За да се разбере потполно таа следственост и приказ кој ни го нуди Куранот, ќе оставиме самиот Куран да си го каже своето.За таа цел секој ајет(знак) од Куранот во врска со Небото или Универзумот посебно гледавме да го обработиме и да му го дадеме своето вистинско значење, и ги поврзавме модерните аспекти на науката со традиционалниот начин на толкување на Куранот и воедно се обидовме да направиме спој со кој ќе успееме колку толку да го приближиме читателот до длабочината и важноста на која ни ја нуди Куранот.
На почетокот Бог ги создаде небото и земјата и …..
Куранот не ги содржи во себе овие особини, и затоа е различен од сите други религиозни скрипти, и како факт ако читате некои религиозни скрипти ке забележите дека содржаттипичен човечки стил, зборуваат за одредена личност, за неговиот живот, за неговата фамилија и тн. Контекстот следува по ред, поглавје 1 потоа 2,3 и тн.
И Куранот зборува за животот на некои личности, но не во човечки стил.
Куранот има свој уникатен стил, и е уникатна книга.
Аллах (сл.прев.Единиот Бог) во Куранот вели:
3:190 Во создавањето на Небото и Земјата и во промената на ноќта и денот вие имате навистина знаменитости кои доказ за тие што се разум обдарени.
3:191 за оние кои стоејќи и седејќи и лежејќи Аллах Го спомнуваат и размислуваат за создавањето на небото и Земјата. „Господару наш, Ти не Го создаде ова залудно, фален биди Ти и сочувај не од казната во огинот!
„А зошто тие не размислат за Куранот? Да е тој од некој друг, а не од Аллах, сигурно во него ќе најдеа многу противречности“ (Ан Ниса, 82)
Вели Гари Милер во книгата :
Ова е јасен повик кон не-муслиманите. Во основа Куранот ги повикува да најдат грешка. Самиот ваков повик не е во природа на човекот и не е конзистентен со неговата личност. Ниеден човек после испитот во школо или на факултет нема да напише на крајот порака на својот професор:„Ова дело е совршено .Нема ниту една грешка.Најди и една ако можеш!“ Никој од луѓето не го прави тоа. Но сепак Куранот на луѓето им се обраќа на овој начин. Друг интересен пристап во Куранот е што на читателите им дели совети. Куранот не известува за тазлични работи, а потоа порачува:„Ако сакаш да дознаеш повеќе за некоја работа, или ако се сомневаш во тоа, прашај ги тие што знаат.“ Ова е исто така многу изненадувајќи пристап. Бидејќи непостои книга чив автор пишува книга за историја, географија, биологија и друго, а не е образуван во одредена област да на крај ги советува читателите , доколку се сомневаат во исправноста на материјата , да ги прашаат оние кои то знаат.
Возвишениот Аллах јасно ни кажал дека Неговата Книга,Куран, е објавена како Опомена и подсетник на целиот свет.
Куранот е навистина на целиот свет опомена!-и вие наскоро ќе ја сознаете неговата порака!
(превод на значението на Куран 38:87-88)
Значи Куранот е подсетник на сиот човечки род се до Судниот Ден. Куранот во себе ги има информациите со народите од дамнешно време па се до информациите кои се протегаат во денешно време и во иднината. Со обзир дека секој Курански ајет е објавен од Аллаховот џ.ш. знаење , Аллах џ.ш. кажал: „Аллах сведочи дека она што ти го објавува е вистината, го објавува она што единствено Тој го знае, а и ангелите сведочат; – а доволен е Аллах како сведок.!“
( превод на значението 4:166)
Сите ајети во себе содржат божествено значение , а човечкиот род е тој кој што со времето се развива , менува и унапредува. Со доаѓањето до поголеми степени на разбирање на природните науки, човештвото успева да донекаде го разбере значењето на Божјите зборови во одредени ајети.Значи, со спознавањето на одредени ајети објавени од Аллах џ.ш., и со константниот процес на напредок и развој на човештвото, човечкиот род би требало да биде во можност да успее да разбере некој ајет и слично. Со ова се повеќе ќе може да се сознаат одредени курански ајети. Ова е една од Куранските карактеристики. Професорот Армстронг е познат научник во НАСА и истиот навел пример како железото е вонземски елемент, и еден атом на железо за да се создаде потребна е енергија поголема 4 пати од енергијата на целиот Сончев систем со Сонцето и сите планети во него. А Аллах во куранот вели :
„а железото Го спуштивме, во кое има голема сила и кое на луѓето им користи – и да би укажал Аллах на оние кои ја помагаат верата Негова и пратениците Негови кога не Го гледаат. Аллах, навистина, е Моќен и Силен.(57:25)
Comments