Гунар Самуелсон од универзитетот во Гетебург, смета дека легендата за неговото погубување повеќе се базира на традициите на христијанската црква и уметничките илустрации, отколку на автентични антички текстови. Тој вели дека Библијата е погрешно протолкувана бидејќи никаде директно не се спомнува употребата на шајки или распетие, само тоа дека Исус носел “стаурус”, што во исто време може да значи и стап.
“Проблем е тоа што во античката литература не постојат описи на распетија. Изворите кои би очекувале да го поткрепат општоприфатеното сфаќање на настанот, всушност не кажуваат ништо за тој момент”, Самуелсон ја објаснува својата теза, изнесена во 400 страници.
Древната грчка, латинска и хебрејска литератира од Хомер до првиот век од новата ера, опишуваат палета од казни, но никаде не се спомнуваат крстови или распетија. Освен тоа, ни Новиот Завет не открива онолку, колку што ние би сакале да веруваме, нагласува теологот.
Доказите дека Исус бил оставен да умре прикован на крст се изненадувачко ретки, и во древната претхристијанска и небиблиска литература, но и во самата Света Книга. Самуелсон, кој и самиот е посветен христијанин, тврди дека текстовите посветени на погубувањето, не опишуваат како Христос бил прикачен на “направата за егзекуција”.
“Тоа е срцето на проблемот. Писанијата не се толку прецизни и полни со информации, како што ние христијаните би сакале да бидат. Постојат пишани докази за постоењето на Исус. Јас лично верувам дека споменатиот човек е „божји син“. Мојата намера не е да ги убедам христијаните да се сомневаат во библиските текстови, туку да ги читаат такви какви што се а не какви што мислат дека се. Да не читаат меѓу редови. Содржината на Библијата е сосема доволна, нема потреба да додаваме нешто”, резимира тој.
Превземено од http://on.net.mk/zhivot/isus-ne-bil-raspnat-na-krst
Comments