top of page
Writer's pictureinfoislam

Срцето наоѓа мир во спомнувањето на Аллах

Според истражувањата на Дејвид Б. Ларсон,од Американскиот Национален Истражувачки Центар за Здравје,и неговиот тим,споредбата на побожните и нерелигиозните Американци дала многу изненадувачки резултати.

На пример,религиозните луѓе доживуваат 60% помалку срцеви заболувања отколку тие со малку верба или тие кои не веруваат воопшто,кога станува збор за самоубиство тогаш процентот се покачува на 100%,религиозните луѓе имаат многу пониско ниво на висок притисок,а овој однос кај пушачите е 7:1.

Беше изнесено во едно истражување публицирано во Интернационалниот Весник на Психијатрија во Медицината,еден важен научен извор во областа на медицината,дека луѓето кои се опишуваат себеси како неверници многу побрзо заболуваат и нивниот животен век е многу краток.Според резултатите на истражувањето,тие кои не веруваат се подложени на двојно зголемени маки на внатрешни стомачни болки во однос на верниците,и нивната смртност кога станува збор за дишните болести е за дури 66% поголема отколку онаа на верниците.

Секуларните психолози се стремат да докажат дека тоа се однесува на таканаречениот “психолошки ефект”. Тоа значи дека верувањето го дига човековиот дух,и придонесува за здравјето.Ова објаснување може да биде всушност прифатливо,но уште поубедливи заклучоци се покажуваат со испитување на предметот.

Вербата во Аллах е многу посилна од било кое друго психолошко влијание.Широко големиот опсег на истражување во конекцијата помеѓу религиозното верување и психолошкото здравје изнесени од Др. Херберт Бенсон од факултетот за медицина на Харвард продуцираа изненадувачки заклучоци во таа област.

И покрај фактот дека тој самиот не е верник,Др. Бенсон заклучил дека обожавањето и верувањето во Аллах имаат поголем позитивен ефект на човековото здравје отколку било кој друг предмет на испитување.Бенсон изјавил дека ни едно верување не придонесува толку многу ментален мир како што придонесува верувањето во Аллах.

Што е причината за ваквата врска помеѓу верувањето човечката душа и телото?Заклучокот добиен од страна на Бенсон е,во неговите зборови,дека човечкото тело и ум се регулирани да веруваат во Аллах. Овој факт,кој во светот на медицината полека почна да се цени,е тајна откриена во Кур`анот со следните зборови:Оние кои веруваат,со споменувањето на Аллах,ги смируваат срцата свои.А срцата се смируваат,навистина,со споменувањето на Аллах.!(сура13 ајет28).Причината што тие кои веруваат во Аллах,кои се молат и покоруваат на Него,се психички и физички поздрави е поради тоа што тие се однесуваат во склад на нивната причина на создавање.Филозофии и системи кои му се спротивставуваат на човечкото создавање и неговата причина на создавање секогаш водат до болка и несреќа.

Модерната медицина моментално се стреми на реализирање на оваа вистина.Како што рекол Патрик Глин: Научното истражување во психологијата во изминативе 25 години покажа дека,… религиозното верување е едно од најцврстите заемни врски на севкупно ментално здравје и среќа.

0 views0 comments

Comments


bottom of page