Кога на час по историја, соученик и кажач на 19-годишната Американка Хера Хашми, студентка на Универзитетот на Колорадо, дека сите терористи се муслимани, одлучила да преземе нешто за да го покаже спротивното.
„Не се сите муслимани терористи, но сите терористи се муслимани“, ѝ рекол соученикот на Хашми. Дополнително, се пожалил дека многу малку муслимани се борат против тероризмот.
Хашми била вчудовидена од анализата. Муслиманите постојано ги осудуваат јавно злосторствата кои се прават во име на исламот, вели таа. Сепак, многу луѓе мислат дека муслиманите гласно зборуваат против тероризмот.
Затоа, Хашми одлучила да го промени тоа. Користејќи табели на Гугл, направила „листа од 712 страници на која се запишани муслимани кои осудуваат тероризам, со извори“, која потоа ја споделила на Твитер. На листата има вклучено се, од семејно насилство, до нападот на Кулите близначки.
„Сакав да им покажам на луѓето колку слаб аргумент е тоа дека муслиманите не се грижат за теороризам“, објаснува таа.
Нејзините статистики добиле голема реакција. Во наредните 24 часа, „твитот“ на Хашми бил повторно споделен уште 15000 пати. Неколкумина нејзини следбеници волонтирале за да и помогнат да ја претвори табелата во интерактивна веб страница. Една недела од првото објавување, muslimscondemn.com била создадена. Ова се случило минатиот ноември, но веб страницата постојано расте оттогаш.
Проектот на Хашми не е создаден само за да докаже дека муслиманите се исто така против тероризмот, туку за да покаже колку е смешно што од нив постојано се очекува да се извинуваат за терористичките акти. Муслиманите, забележува таа, се „држат на поразличен стандард од другите малцинства: од 1,6 милијарди луѓе се очекува да се извинат и да го осудат тероризмот, поради неколкумина лудаци. Нема никаков смисол“, вели таа.
„Јас не ги гледам Кју Клукс Кланот или Вестборо баптистичката црква како веродостојни преставувања на христијанството. Знам дека се на маргините. Затоа, многу е фрустрирачки да треба да се бранам себеси и да треба да се извинувам за делата на луди луѓе“, заклучува тинејџерката.
تعليقات