Каде што престанува логиката на класичното, настапува логиката на исламското банкарство. Каматата не се пресметува однапред. Ако алчноста на банкарите е причина за кризата, дали светот извлече поука? Судејќи според се попопуларното исламско банкарство, кое забранува камати, изгледа дека е така. А во тоа е тајната на успехот, бидејќи ниту една банка од тој тип, чии ограноци постојат и во нашиот регион, не пропадна. И додека исламското банкарство и исламскиот маркетинг се изучува се повеќе и на постдипломски студии на Оксворд, а Лондон станува центар на исламското банкарство каде веќе се вртат 2000 милијарди зелени банкноти, некои принципи на исламското банкарство наоѓаат место и во нашиот Закон за здружен труд. Пред 40 години тогашните организации на здружен труд го делеле ризикот, но и добивката со банките.
Во Би-Би-Ај банката во Сараево тврдат дека финансирањето на недвижнините низ партнерски однос и рента наместо однапред договорени камати, е најслично на изворното исламско банкарство.
Зијад Чосиќ од Сараево, каде постои можност за такво работење, вели дека е задоволен со банката, иако законите на Босна и Херцеговина не дозволуваат целосна примена на принципите на тој вид на банкарство.
Чосиќ вели дека банката учествува во бизниси и проекти така што го гледа успехот на самиот претприемач, а не само за каматата.
– Или на пример, некој друг сегмент кој е поврзан за затезната камата која другите банки ја наплатуваат 10 до 12 отсто, тука се на ниво од два отсто и тие одат во хуманитарни цели со цел да се решат некои социјални сегменти во општеството – рече Чосиќ.
Во Би-Би-Ај банката во Сараево тврдат дека финансирањето на недвижнините низ партнерски однос и рента наместо однапред договорени камати, е најслично на изворното исламско банкарство. Тоа е многу поприфатливо од ладниот пристап каде банките гледаат да се збогатат пред да потоне клиентот.
– Ако на пример, ние даваме 90 отсто, а вие 10 отсто за таа куќа, таа куќа ја купуваме заедно во партнерство. Оние 90 отсто кои јас сум ги купил како банка, јас ги изнајмувам на вас и ви наплатувам рента. Јас заработувам на таа рента. Не заработувам на каматата. Значи, јас секогаш заработувам на некоја економска операција која има смисла и која има вредност која не е имагинарна – објасни Амер Буквиќ, директор на Би-Би-Ај банката.
Клиентот може да има тековна сметка, која банката ја чува и одржува. Може да депонира пари и за тоа банката може, но и не мора да наплати провизија. Исто така, на клиентот му се пресметува камата на депозитите и заштедата, а нема ни заплена на имот ако не успее да го врати кредитот.
– Кога се работи за штедна сметка, тој кој инвестира во штедењето не добива никаков надомест и провизија од каде се обезбедуваат значајни средства освен во случај ако како на клиент му отвориме т.н. инвестициска сметка, изразиме подготвеност банката да управува со нашите средства како инвестициски фонд и во зависност од резултатите кои банката како управувач ќе ги оствари, ние добиваме одреден профит – рече Хасан Ханиќ, директор на Белградската банкарска академија.
Извор: Медиа.мк
Comments