top of page
Writer's pictureinfoislam

Темјан – лек за подобрување на меморијата


Енес, радијаллаху анху, пренесува следен хадис : „Исполнете ги вашите домови со мирис на темјан и мајчина душица“. Али , радијаллаху анху, пренесува дека некој човек се жалел како е заборавен па овој му препорачал да користи темјан бидејќи тој лечи амнезија и го јакнее срцето.

Ибн Абас , радијаллаху анху, кажал ако помешаме шеќер и темјан па тоа го изедеме на гладен стомак ќе немаме проблем со мокрење и со амнезија.

Ебу Нуајм , радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Дајте на вашите бремени жени темјан бидејќи машкото дете кое ќе се роди ќе биде силно и со здраво срце, а ако е женско ќе биде привлечна и со широки бокови.“

Не е ни чудо што Пратеникот Мухаммед алејхис селам темјанот    го препорачал уште пред 1400г.

Во еден хадис се пренесува дека еден човек му се жалел на Пратеникот с.а.в.с. на заборавеност па Аллаховиот Пратеник с.а.в.с му порача: „Користи темјин бидејќи тој го закрепнува срцето и му дава храброст и е лек од заборавање.“

Деформираната Boswelia грмушка или Boswelia дрвото расте до 6м височина и му припаѓа на семејствотоBalsam (Burseraceae). Расте на гола земја до 1000м надморска височина.

Постојат две места на потекло: неплодниот регион на Источна Африка, како Сомалија, Етиопија и Јужниот Арапски Полуостров, како и Индија.

Видови темјан

Олибанум (темјан) арапско потекло: Boswellia sacra, Boswellia carteri и од индиско потекло: Салаи гугл Boswelia serrata.

Стеблото на дрвото се сече со нож, од кое истекува  течноста на дрвото.Оваа течност се стврднува и покрај високата температура. Користејќи стругало стврднатите капки се собираат. Ова се прави еднаш или двапати годишно. Секоја година се користат различни дрвја, бидејќи на дрвјата им е потребно време за да закрепнат. Денеска постојат неколку плантажи од овој вид.

Што е попроѕирен и што помалку дрво содржи тоа подобро. Во него се содржи чиста течност, вода, гума, етерични масла, горчливи состојки, киселини, трагови од растенија, басорин итн.

Досега се пронајдени преку 200други хемиски состојки.

Паганизми кои се прават  со темјанот

Кадење. Во христијанството се верува  дека темјанот е многу помоќен од која било друга билка. Неговиот интензивен мирис им вградило верување на луѓето дека можат да дишат повторно. Бидејќи не бил достапен во големи количини станал луксуз со кој црквата се збогатувала. Само во  богатите семејства се горел темјан врз јаглен. Темјанот станал толку баран што станал еден од најскапоцените подароци за царскиот двор. Предхристијанскиот Император Нерон бил најекстравагантен со прекрасниот темјан со арома на дрво. За погребот на неговата жена Попеја, се раскажува дека тој го употебил целогодишното производство на темјанот. Со неговиот чад се верувало дека се отстрануваат и уништуваат зли духови. Тоа бил концепт познат кај Јужноамериканските индијанци. Кај некои народи бил познат  како штит за патниците. Поради ова голем број на муслиманите го избегнуваат темјанот иако е наведен како лек во преданијата на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем , од причина што бил користен во црквени церемонии и ритуали.

Темјанот за разлика од килибарот бил забранет во древниот Јудаизам, со смртна казна.

Денеска со современи научни методи е утврдено дека темјанот, како што ни укажал и самиот Пратеник Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, е навистина лек кој се користи за подобрување на мокрење, за срцеви болести и како лек за амнезија.

Подготвил Ебу Абдулмалик

0 views0 comments

Comments


bottom of page