Исламската организација за медицински науки во Кувајт ги објавила резултатите на научната студија која докажала дека читањето Кур’ан на немуслиманите, кои не го разбираат арапскиот јазик, има теравпетско и смирувачко дејство. Д-р.Ахмед ел-Кадиј ги изнел главните резултати на својата студија на специјалната конференција организирана од страна на исламската заедница на Северна Америка.
Д-р. Ел-Кадиј, докажал дека се случиле физиолошки промени во нервниот систем на пациентите кои слушале читање на Куранот, додека биле контролирани од електронски современ систем во една клиника која се наоѓа во Панама на Флорида.
Тој нагласил дека истражувачот извел 120 експерименти на пет доброволци од двата пола, на различна возраст, кои не биле муслимани и не го говореле арапскиот јазик. Експериментот опфатил читање на сури (поглавја) од Чесниот Куран, паралелно со читање на обичен арапски текст (кој не е од Куранот). Доброволците не ја знаеле разликата помеѓу читањето на Кур’анот и читањето на арапскиот текст. Исламскиот медицински доктор рекол дека експериментите, кои се извршени од страна на др. Ел-Кадиј, докажале дека 97% имале посилен позитивен ефект кај доброволците кои слушале читање на Курански текст во споредба со доброволците кои само слушале обичен арапски текст.
Ова укажува дека основа на секоe лечење претставува Куранот, како примарно средство, а потоа се пристапува по останатите медикаменти. Овој принцип се применува на сите видови на болести, како на психичките така и на физичките. Некои веруваат дека лицата чија болест е телесна треба да одат во болница поради лекување, додека оние кои се психички болни, помош треба да бараат во психијатриски клиники, а само за душевно-заболените лекот би требало да биде во Куранот. Врз основа на што ја направиле оваа поделба?
Куранот е лек за болните срца, како и за виталноста на човечките тела. Возвишениот Аллах ни кажува: „Ние го објавуваме во Куранот она што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста.“
Го запрашале Пратеникот Мухаммед за Рукјата: „О Пратенику Божји, за рукјата која ние ја користиме, медицината која ја земаме и превенцијата која ја бараме, дали сето ова ја менува Аллаховата одредба? Тој кажа: „Па тие се дел од Аллаховата одредба.“ Да го погледнеме на зборот „шифаун“ (излекување), кој тука е употребен поради својот видлив резултат. А не е употребен зборот „деваун“ (лек), бидејќи за секој лек постои можност некогаш да користи, а некогаш не.
Ибнул-Kајјим во својата книга „Задул-мe’aд“, рекол: „Во Куранот се наоѓа целоснo лекување за сите видови на болести, душевни и телесни. Тој е дуњалучки и ахиретски лек. Меѓутоа, не секој е достоен и од Аллах помогнат во тоа. Ако болниот сака правилно да го искористи Куранот за лекување, тој треба да го наметне на својата болест со цврсто убедување и вера, искрено и со целосна доверба. Исполнувајќи ги овие услови неговата болест нема да може да опстане. А како би можела да опстане, како би можела да му одолее на говорот на Господарот на небесите и на Земјата? Како да му се спротивстави на говорот кој би ги уништил планините кога би им се објавил, а земјата на парчиња би ја расекол? Не постои болест, а во Куранот да нема нешто што би нè упатило кон нејзино излекување, или нè запознало за нејзината причина. Така што, оној кого Куранот не го лекува, него Аллах не го лечи, а кому Куранот нема да му биде доволен, Аллах нема ништо да му направи достапно за него.”
Тоа би значело дека убавото мислење за Аллах и неограничената доверба во Него е повеќе од потребна во текот на лечењето. „Услов за успешно лечење на болниот е неговото цврсто верување дека лекот ќе му користи.”
Недостатокот во верата се гледа во ставањето на Алаховиот говор на тест, дали тој ќе ни користи или не. Ако водата зeмзем би ја пиеле од чиста проба и љубопитност,тоа не би ни користило. Она што би можело, со Аллахова дозвола, да ни донесе корист е целосната сигурност, убедување и верување дека нашиот Господар дека таа вода ќе ни ја направил лековита.
Comentários