top of page
Writer's pictureinfoislam

Тероризмот и религиите

Спротивно на она што се тврди од страна на расистите како Бил Махер, муслиманите не се многу понасилни од луѓето од другите религии.

Стапката на убиства во поголемиот дел од муслиманскиот свет се многу пониски во споредба со САД.(На сликата погоре со сина боја се христијански убиства, со црвена се муслиманските )

Што се однесува до политичко насилство, луѓето од христијанското наследство во дваесеттиот век избришаа од лицето на Земјата  десетици милиони луѓе во двете светски војни и преку  колонијална репресија. Овој масовен масакр не се случи од причина што европските христијани се полоши или различно од другите луѓе, туку затоа што тие беа првите кои ја индустријализираа војната и го бранеа својот национален модел. Понекогаш се тврди дека тие не дејствувале во име на религијата, туку на национализмот. Но, навистина, колку наивно. Религија и национализмот се тесно испреплетени. Британскиот монарх е глава на Црквата на Англија, и тоа во најмала рака се уште значеше нешто во првата половина на дваесеттиот век. Шведската црква е исто така национална црква. Шпанија? Дали  навистина таа не беше поврзана со католицизмот? Дали Црквата и чувствата на Франциско Франко кон неа не играа никаква улога во Граѓанската војна? И, трик прашање: Кое  муслиманско насилство е управувано од страна на форми на модерниот национализам, исто така?

Јас не можам да откријам каде муслиманите убиле  повеќе од 2 милиони луѓе, или како политичко насилство во целиот дваесетти век. Едино можеби во иранско-ирачката војна 1980-1988 и војната на Советскиот Сојуз и пост-советската војна во Авганистан, за што Европејците носат поголема вина.

Споредете го тоа со Христијанскиот европски резултат од да речеме 100 милиони луѓе убиени (16 милиони луѓе загинати во Првата светска војна, 60 милиони во Втората светска војна- иако некои од нив се припишува на будистите во Азија- и уште милиони луѓе загинати, повеќето во колонијалните војни.)

Белгија е позната по пиво со вкус на јагода и прекрасен замок во Гравенстин, но кога Белгија го освои Конго се проценува дека ги уби половина од нивните жители со текот на времето, некои 8 милиони луѓе во најмала рака.

Или, пак, помеѓу 1916-1930 царска Русија и тогашниот Советски сили кои се соочуваа со револт од Централна Азијци  кои се обидува да ги исфрлат надвор од владеењето христијаните (а потоа марксистите).  Европско правило – Руските сили убија околу 1,5 милиони луѓе. Тоа е ужасно, но никој, без разлика дали во Русија и во Европа и во Северна Америка немаа поим дека Централната Азијците се масовно убивани за време на Првата светска војна и пред и по неа, и дека им е ограбен голем дел од нивното богатство. Русија кога брутално го освои и му пресуди на Кавказ и на Централна Азија беше Источна православна, христијанска империја (и се чини дека тоа е и денес!).

Потоа, меѓу половина милион и еден милион Алжирци загинаа во војната на земјата за независност од Франција, 1954-1962, во време кога населението броеше само 11 милиони!

Јас би можеле продолжам со ова. Каде и да се копа во Европскиот колонијализам во Афро-Азија, има тела. Многу тела.

Сега, кога мислам на тоа, можеби 100 милиони луѓе убиени од страна на луѓето од Европското христијанско наследство во дваесеттиот век е потценета бројка.

Што се однесува до религиозен тероризам, и тој е универзален. Мора да се признае, некои групи го користеа  тероризмот како тактика повеќе во некои периоди од другите. Ционистите во време на британската власт во Палестина биле активни терористи во 1940 година, од британски аспект, а во периодот 1965-1980, ФБИ смета дека еврејската одбранбена лига е меѓу најактивните терористички групи во САД. (Членовите нивни во еден момент ковале заговор за атентат на републиканецот Дарел Иса, бидејќи бил со либанско потекло.) Сега бидејќи еврејските националисти во голема мера се здобиле со она што го барале, тероризмот се намалил меѓу нив. Но, тоа, најверојатно, ќе се обнови ако тие престанат да добиваат на нивниот начин. Односно, Еврејските доселеници не само што  вршат тероризирање на Палестинците, но тие претставуваат закана за тероризам врз самиот Израел (како што беше убиството на  сега веќе починатиот премиер Јицак Рабин).

Дури и во поново време, тешко е за мене да направам разлика помеѓу Тамерлан Царнаев и Барух Голдстајн, сторителот на масакрот во Хеброн.

Или на пример ладнокрвниот бомбашки напад на храмот Ајмер во Индија од страна Бхавеш Пател и бандата на хинду националистите. Иритирачко, тие беа вознемирени кога втората бомба што ја поставија не експлодира, така што тие не предизвикаа толку хаос како што би сакале. Ајмер е екуменски суфиски храм, кој исто така, го посетуваа и Хиндусите, и овие фанатици сакаа да се запре таков отворен ум на споделување на духовниот простор, бидејќи тие ги мразат муслиманите.

Будистите извршиле исто така голем број на тероризми и друг вид насилство. Многумина во редовите на Зен во Јапонија го поддржуваа милитаризмот во првата половина на дваесеттиот век, за кои нивните лидери подоцна се извинија. Постоеше и кампањата на атентати на Ино Широ во 1930 година во Јапонија. Денес милитантни будистички монаси во Бурма / Мјанмар се повикуваат на кампањата на етничко чистење против Рохинга муслиманите и илјадници се убиени, милион и повеќе раселени.

Што се однесува до христијанството, Божјата Армија на отпорот во Уганда иницираше непријателства во кои беа раселени два милиони луѓе. И покрај тоа што е еден африкански култ, тој е од христијанско потекло и е резултат на западните мисионери кои проповедаа во Африка. Ако Саудиските проповедници можат да бидат делумно виновни за Талибанците, зошто за христијанските мисионари тоа не би важело?

И покрај големиот број на европските муслимани, во период од 2007-2009 помалку од 1 отсто на терористички напади во тој континент биле извршени од лицата на таа заедница.

Тероризмот е тактика на екстремистите во рамките на секоја религија, и во рамките на секуларната идеологија на марксизмот или национализам. Ниедна религија, вклучувајќи го и исламот не проповеда недискриминирачко насилство врз невини.

Потребно е посебен вид на слепило за да ги видите христијаните од европското наследство како “убави и фини”, а муслиманите „насилни“, со оглед на случувањата во дваесеттиот век  што се  споменати погоре. Човечките суштества се човечки суштества и луѓето прибегнуваат кон насилство поради своите амбиции или жалби. Луѓето што повеќе се помоќни тие со повеќе насилство се чини дека се служат. Добрата вест е дека бројот на војни се намалува со текот на времето, и Втората светска војна, најголемиот костурница во куќа во историјата, не се повторила.

Барем не сеуште.

Текстот е превземен и преведен од Џуан Кол

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page