top of page
Writer's pictureinfoislam

Теухидул Есма вес сифат- верување во Аллаховите најубави имиња

Тев(у)хидул есма вес сифат накратко значи цврсто убедување дека на Аллах џ.ш. Му припаѓаат сите имиња и својства на совршенство и дека е далеку од сите својства на непотполност и дека тој со своите својства се одликува над сите суштества.

Својствата и имињата кои нам ни се познати треба да бидат од самите Негови зборови и зборовите на Пратеникот а.с. без нивна измена, без нивно севкупно или поединечно негирање, без обид за нивното потполно разбирање и објаснување на нивната суштественот или компарација со суштествата. Од оваа дефиниција се разбира тевхидул есма вес сифат и таа се засновува на три принципи па кој ќе се оддалечи од нив нема да биде верник во оваа врста на монотеизам:

1-верување дека Аллах џ.ш. не сичи на ниедно суштество и дека е далеку од секаков недостаток.

2-верување во Аллаховите својства и имиња кои се спомнати во Куранот и Суннетот без никакво одземање или додавање и без искривување и негирање.

3- прекинување на било каква желба за обид да се спознае вистинското значење на тие својства

Првиот принцип –темел подразбира негирање на било каква сличност помеѓу кое било својство на Аллах џ.ш. и својството на суштествата. Доказ се зборовите на Аллах џ.ш. :„И никој не Му е рамен“(Ел Ихлас) и „Аллах со ништо не споредувајте Го“(Ен Нахл, 51)

Имам Куртуби толкувајќи го ајетот: „Нему ништо слично не Му е“ вели:„Овде Аллах џ.ш. ни кажува дека во Неговата возвишеност, величественост, власт, убавите имиња и особености не сличи на ниедно Негово суштество, ниту може некое од нив да се пореди со Него. Исто така и својствата на Аллах џ.ш. кои се спомнати во Куранот и Суннетот, а тие се заеднички во однос на изговор во однос на Аллах џ.ш. и другите суштества, но воопшто не сличат во своето вистинско значење. Бидејќи особеностите на Оној кој е Отсекогаш, не се никако слични со оној кој е создаден.

Ел Васити р.а. вели:„Не постои зат(суштество) како што е Неговиот Зат(Битие) ниту име како Неговото име, ниту дло како Неговото дело, ниту својство како што е Неговото својство, освен како јазичен изговор. Зат кој не е создаден далеку е од тоа да поседува особености на создаденото, како што е невозможно да создаденото суштество поседува особености на Оној кој не е создаден. Сето ова е правец на следбениците на вистината, патот на Пратеникот а.с. и џемат(заедница) на првите генерации на муслимани

Во овој темел спаѓа и негирање на сето она што се спротиставува на она што Аллах џ.ш. се опишал себеси или со што бил опишан од неговиот Пратеник а.с..

Затоа верување во Аллах како Единствен на кој Му припаѓаат имињата и особеностите на совршенство, а тоа е негирањето на партнер, помагач, сопруга, заговарач(освен со дозвола од Аллах) и заштитник освен Него. Како што бара да се негира можноста дека кај Него постои умор, замор, дремка, смрт, незнаење, неправда, грешка, заборав, несаканост, облик, ненаспаност или било каква состојба на недостаток.

„Иман“

0 views0 comments

コメント


bottom of page