top of page
Writer's pictureinfoislam

ТЕУХИДУР – РУБУБИЈЈЕ


Тевхидур – рубубијје е Тевхид кој што се однесува на делата од Аллах џ.ш. како : создавањето, опскрбата, проживувањето , усмртувањето и сл. ( Ahmed Ibn Abdur Rahman ed Duvejs , Fetava el ledzne ed daime lil buhus el alemije vel ifta, Ријад 1411 Х. , I том , стр: 20 ). 

Со Тевхидур – рубубијје признаваме дека Аллах џ.ш. е единствениот Создател на сите созданија и нивен сопственик, дека само Тој ги оживува и усмртува, дека само Тој донесува корист и нанесува штета и дека само Тој може да и удоволи на молбата кога некој ќе се најде во безизлезна ситуација.

Аллах џ.ш. во Кур,анот вели:

” Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Тој, Господарот на световите .” ( Ел – А,раф : 54 ).

Во овој вид на Тевхид влегува и верувањето во кадер ( одредбата ), потоа признанието дека единствено Аллах џ.ш. ги пропишува законите (Шеријат), и единствено Тој испраќа пејгамбери – пратеници и објавува Објави.

Кур,анот многу јасно говори за овој вид на тевхид, така што нема ниту едно Кур,анско поглавје – сура ,кое што не укажува на него. Воколку човекот верува во овој вид на тевхид, но не и во другите видови , тогаш тој нема да биде исправен верник. Аллах џ.ш. во Кур,анот ни кажува дека мушриците верувале во Тевхидур – Рубубијје ,меѓутоа тоа не им било доволно за да бидат муслимани :

” А ако ги запрашаш кој ги создал, сигурно ќе ти речат : ‘ Аллах ! ‘ Па каде тогаш се одметнуваат ? ” ( Ез- Зухруф : 87 )

„ Прашај ги : ‘ Кој ве храни вас од небото и земјата , чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото , а претвора живото во неживо, и кој управува со се ? ‘ – ‘ Аллах ‘ – ќе ти речат тие, – а ти речи : ‘ Па зошто тогаш не се плашите од Него ?” ( Јунус : 31 )

Аллах џ.ш. во Кур,анот вели : Мнозинството од тие не веруваат во Аллах, туку други Нему му сметаат за рамни . ” ( Јусуф : 106 ) Прочуениот муфессир ( толкувач на Кур,анот ) Ел Муџахид во коментарот на овој ајет вели :

” Нивниот иман ( вера ) во Аллах е признанието дека не создал и опскрбил Аллах, но тие врз тоа признание ибадет им прават и на други сем Аллах .”Muhammed Nuajm Jasin , Iman , Zagreb 1995 , str: 15 )

0 views0 comments

Kommentarer


bottom of page