„Сигурно ќе останеше во утробата нејзина до Денот на оживувањето. И Ние го исфрливме на едно пусто место, а тој беше болен, и сторивме над него да израсне една тиква.“ (Ес Сафат, 144-146)
Ова се однесува на Аллаховиот пратеник кој во Куранот се спомнува под три имиња Јунус, Зун-Нун и Санибу-л Хут, (во библијата се спомнува под името Јона) Јунус а.с. се налутил на својот народ и побегнал на еден брод. Од својот народ Јунус, а.с., побегнал без Аллахова дозвола. Кога се качил на бродот, тој застанал на сред море и луѓето од бродот го фрлиле во море каде го проголтнала огромна риба, најверојатно кит. Во утробата на оваа риба Јунус, а.с. ,ја сватил својата грешка и искрено го замолил драгиот Аллах за помош со довата: „Нема бог освен Тебе, Славен си! Јас, навистина, бев од тие што си сторија насилство!“ (Ел Енбија, 87) По проучената дова, драгиот Аллах го спасува и рибата го исфрла на еден пуст остров и кога се разбудил над себе видел стебло од една тиква. Тиквата е благословена билка која луѓето ја вклучиле во својот живот уште пред илјадници години. Тиквата како и краставицата, дуњата и лубеницата припаѓаат на семејството Cucurbitceae кое се состои од 125 родови кои се распространети по цел свет и сите се благословени билки. Родот Lageraria го добил името по латинскиот назив за мало шише, бидејќи обликот асоцира на шише. Археолошките наоди покажуваат дека луѓето тиквата ја употребувале уште пред 12.000 години п.н.е. Legenaria siceraria, е вид кој според многу толкувачи се однесува на куранскиот ајет, посебно е важна бидејќи е една од само неколку билки кои се култивирани во Европа и Америка. Експертите претпоставуваат дека зрелите плодови на тиквата, со своите сувите кори кои се отпорни на вода допловиле до бреговите на другите континенти и дека така се раширила нејзиниот вид. Навистина, тиквата може да плута во солена вода многу долг временски период. Зависно од видот, секој дел на билката може да се употребува за исхрана. Зрелите плодови имаат тврда и непропустлива кора кога ќе се исушат, па така се употребуваат како садови. Од тикви се прават алати, цевки, кујнски садови, музички инструменти, пловки за рибарски мрежи…Во хавајската култура на пример, тиквата се употребувала на 40 различни начини. Во кинеската медицина тиквата представувала симбол на излекување. Тиквите се јавуваат во повеќе различни облици и бои. Ниедна храна не е брза во спроведување на своите ползи од тиквата. Тиквата е блага, произведува влажност, го подобрува телесното излачување и брзо се вари. Тиквата оди со повеќето друга храна. Добра е во спречување на уринарни инфекции. Сокот од тиква е добар за прекумерната жед, кај губиток на течности во организмот поради дијареа или дијабетис. Овој сок се пие во текот на лето поради превенција на прекумерно губење на натриум и поради одржување на телото во добра состојба во кризни ситуации. Сокот од тиква лечи главоболка предизвикана од зголемена температура. Семето се употребува за ублажување на тегоби од зголемена простата и потврдени се позитивни ефекти. Се одгледува не само поради плодот кој се јаде кој може да биде тежок и преку 10 килограми, туку и поради масните семки од кои се прави лесно варливо масло. Тиквата содржи во себе масло, пектин, белковини, шеќери, каротен, манганови соли, витамин С, фосфорна киселина, фитостерини и салицилни киселини. Жолтеникавото или портокалово месо на тиквата содржи низа од скапоцени и лековити состојки. Покрај мали количини на колицин белковини, јаглени хидрати и масти, тука се и низа витамини (каротин или провитамин А, С и витамини од В група – B1, B2, B3, B6, потоа ниацин, фолна киселина и други), како и минерални состојки (калијум, фосфор, калцијум, железо). А тука се и олиго и микроелементи, пектини, целулоза и други билни влакна. Што се однесува до енергетската вредност, таа не е висока: во 100 грама плод има само околу 30 калории, т.е., 126 kJ. Тиквата може да се јаде печена или варена и спаѓа во здрава и лековита храна. Секојдневна исхрана, која ја сочинува свеж сок, варено или печено тиквино месо, се покажала како добро во лечење на споријазата. Семките од тиквата, излупени пресни или печени се одлично средство против цревни паразити. И покрај исклучителните својства тиквата е слабо застапена во домашното мени што е вистинска штета. Лековито делување: Во народната медицина плодот тиква се препорачува како диуретик, за исфрлање на вишокот вода од организмот, особено кај луѓе заболени од реума, гихт, запаление на бубрезите или бешиката. Се смета дека е одлична диетална храна за дебели лица, дијабетичарите (ако во тек на подготовката не се засладува), како и личности со зболени желудници и тенко црево или оние кои страдаат од крвав пролив. На сите се препорачува варена и печена тиква или свеж сок. Во поново време откриено е дека доколку се конзумира тиквата таа делува добро и кај заболените од псоријаза. На заболените од псоријаза им се препорачува да во сезоната кога има тикви, да јадат печени или варени тикви секој ден, а може и да цедат сок од нив. За лекување рани, изгореници или испукана кожа народната медицина препорачува мачкање со масло од семки од тиква. На заболените од запаление или воспаление на бубрег или бешика им се советува секојдневно јадат по еден оброк кој се состои од динстана тиква со малку патлиџан, сецкан лук и две лажици павлака, но без сол. Луѓето на кои често им е студено, би требало да конзумираат супа од тиква, бидејќи таа супа многу ефикасно загрева одвнатре, а особено уште ако е зачинета и со чили. За ублажување на болки од проширени вени добро е да се врзе рендана тиква и да се стави како облог на заболените места и да се држи врзана што подолго. Освен што даваат добро и вкусно масло, семките од тиква се многу лековити и се употребуваат за истерување на тенија, го олеснуваат мокрењето и помагаат кај зголемена простата. Кога се лупат треба да се внимава да не се скине сивозелената покожичка бидејќи во неа се највредните лековити состојки. Голема е добивката од тиквата, а уште поголема среќа е во искрената дова на драгиот Аллах со која Јунус, а.с., се му се обратил на Создателот за која драгиот Аллах вели: „Па му се одѕвавме и од тешкотијата го спасивме; ета така Ние ги спасуваме верниците.“ (Ел Енбија, 88)
Муслиманка.нет
コメント