top of page
Writer's pictureinfoislam

Тина од Македонија го прифати исламот


Живеам во Македонија, во главниот град Скопје. Имам 21 година. Моето име е Тина.

Родена сум во христијанско семејство од родители  Христијани. Во местото во кое живеам има луѓе од разни националности, католици, јеховини сведоци, муслимани. Одсраснав заедно со друштво кое го сочинуваа муслимани.

Како изминуваше времето во мене се јави една силна желба да бидам и јас дел од Исламот, да можам и јас да славам Исламски празник, да постам месец Рамазан како и моите другарки.

Исламот за мене беше нешто привлечно, нешто мистериозно, нешто што сум сакала да го истражувам.

Во близина на мојата куќа се наоѓа џамија и често кога ќе чуев езан чувствував нешто убаво и  излегував во дворот за да можам уште подобро да го слушнам. Знаев дека има некое значење. Сакав да имам мир и заклониште кое не можев да го најдам во христијанството. Многу пати постев кога ќе беше Божиќ, одев во црква, но тоа не ме направи потполно среќна.

Цело време мислев на Исламот, како јас сакам да бидам муслиманка и тешко ми беше затоа што тоа не сум била.

Моите родители ме учеа дека треба да се крстам и да верувам во Исус и нему да му се молам. Иако помина повеќе време мојата желба за Исламот не згасна. Кога се запишав во средно училиште јас бев една од ретките христијанки, бидејќи тоа беше претежно мулти етничко училиште.

Имаше деца од разни националности, но скоро сите беа муслимани. Тоа воопшто не беше проблем, сите ме прифатија и одлично се дружевме. Во моето одделение имав две другарки со кои интензивно се дружев. Беа муслиманки. Еден ден за време на треттата година од нашето образование, за време на одморот сите три бевме во училницата.

Ја набљудувавме околината од прозорецот и во тој момент движејќи се по тротоарот помина една муслиманка која беше покриена со хиџаб и јас кажав дека и јас сакам еден ден да бидам облечена на тој начин и дека би сакала да бидам муслиманка на што тие пријатно се изненадија.

После неколку дена повторно се сретнавме во училиште и тие ми понудија да го прочитам Куранот и јас секако бев пресреќна и го прифатив предлогот. Едвај чекав да дојдам дома и да почнам со читање и да видам што пишува во него.

Куранот беше со превод на македонски јазик. И кога стигнав дома дојде моментот да читам и седнав на кревет во мојата соба, незнам на која страница го отворив, едноставно го отворив  за да прочитам нешто. Прочитав неколку реда и бев толку зачудена, никогаш немав престава во себе што би пишувало внатре. Се почуствував како никогаш дотогаш. Читав уште малку и после некое време бев потполно убедена дека Бог е Еден и дека Исус е Негов Пратеник. Посебно ме изненади што Исус и Марија се спомнати во Куранот. Го разбрав тоа и поверував дека Бог е само еден и дека Исус не е Бог и дека можам да бидам муслиманка и покрај тоа да го почитува Исус.

Куранот имаше силно влијание врз мене. Нешто во мене позитивно се промени. Плачев со денови и бев збунета, се чувствував чудно. После тоа уште повеќе истражував; читав книги, запознав и други муслимани кои ми помогнаа и разговараа со мене. После неколку месеци конечно решив да го прифатам исламот. Цврсто одлучив да станам муслиманка. Имав 18 години. И тој ден кога преминав во ислам беше најсреќниот ден во мојот живот. Ништо дотогаш не ме усреќи толку. Преубаво е да е биде муслиман. Исламот е прекрасна религија.

Нешто повеќе од две години поминаа откако јас го изговорив шехадетот. Моите родители дознаа се. Беше страшно. Ме напаѓаа.. мојата родена сестра почна да го подига гласот на мене. Многу лошо реагираа. Не прифаќаат сеуште дека сум муслиманка. Со потешкотии ја практикувам верата, не можам слободно да клањам, ниту да читам книги. Го молам Севишниот и се надевам дека ќе ми помогне некако да ја спасам сопствената вера и дека ќе можам во потполност да го практикувам исламот. Исто така се надевам дека моето семејство еден ден ќе ме разбере да ме прифата дека јас сум таа истата како и порано, само што сум одлучила да го следам патот по кој оделе сите Пратеници.

Сета благодарност му припаѓа на Аллах, Господарот на сите нас кој Ме упати на Вистинскиот пат! Нека е мир и милост на Неговиот Пратеник, неговото семејство и асхабите  кои се избориле за тоа што  денес некои многу лесно низ раце го испуштаат.

Тина

0 views0 comments

ความคิดเห็น


bottom of page