Еден од показателите на карактеристиките на интернационализмот е имананетната особина на исламската култура – толеранцијата.
Верата на која почива ја изразува верата во двете големи вистини кои се од крајно значење поради неговото влијание на човековата мисла и однесување со другите кои се различни од нив:
Разликата помеѓу луѓето во верата и другите особини се волјата на Возвишениот Господ, која е во врска со Неговата Праведност, Мудрост. Никој нема право да ја отфрли волјата на Господ и да ги менува Неговите закони во Универзумот. Господ вели: Ако Господ сакал, сите луѓе следбеници на една вера би ги направил. Меѓутоа, тие секогаш ќе се разликуваат во верувањето, освен на они кои Господарот твој им се смилува. А затоа ги создал… (Куран-Худ 118-119).
За заблудата на неверниците и нивното непридржување кон Вистинскиот пат ќе му одговараат само на Господ и само Тој е компетентен да им суди за тоа, и ќе им суди на Судниот ден. Луѓето немаат право тоа да го прават на овој свет. Во Куранот Господ му се обраќа на Својот Пратеник Мухамед (Нека е Божји мир над него) во врска со неговите противници па му вели: Затоа ти повикувај ги и биди устраен, онака како ти се наредува, и не поводи се за прохтјевима нјховим и речи: Јас верувам во сите книги кои Господ ги објавил, и наредено ми е праведно да судам; Аллах е ваш и наш Господар, на нас нашите, а на вас вашите дела. Нема ништо што би можело меѓу нас дефинитивна пресуда да донесе. Аллах сите ќе не собере, и на Него сите ќе му се вратат. (Куран – Еш Шура 15).
Поради ваквото верување исламската култура била отворена и за немуслиманите, им дала можност да делуваат и да се докажуваат во нејзините друштва. Таа и гарантирала заштита (зимме) од Аллах, Пратеникот Мухамед (Нека е Божји мир над него) и муслиманската заедница. Тие имаат права како муслиманите и обврски како муслиманите, освен таму каде што религиите бараат различност. Тие можат да останат, и останували приврзани кон своите верувања, богослужбата и симболите. Нивните богомољи и институции останале недопрени. Не биле присилувани на работи кои нивната религија ги забранувала. Дури не им биле забранет работите кои исламот ги забранувал, ако нивната вера тоа им го дозволувала. Таков била случајот со употребата на алкохолот и свинското месо. Тие земале активно учество во градењето на исламската цивилизаација. Неретко завземале високи министерски управни или економски функции во исламските држави, за разлика од проблемите со кои денеска се соочени муслиманските малцинства и заедници во многуте западни друштва.
Comments