top of page
Writer's pictureinfoislam

Точниот датум на раѓањето и на „смртта“ на Исус не е познатa

Во христијанството, Исусовото раѓање (т.е. „божиќ“) се слави на 25 декември според Грегоријанскиот календар и на 7 јануари според Јулијанскиот календар. Најрани корени околу славењето на овој датум потекнуваат од околу 330 година од новата ера. Пред тоа се славело на 7 јануари, како дел од „Богојавление“, во спомен, не само на неговото раѓање, туку и на денот кога тој бил баптисан од страна на Јован во река- та Јордан. Најдеталниот приказ околу раѓањето на Исус е даден во Еван- гелието по Матеј225 и Евангелието по Лука.226 Денес научниците сѐ уште дискутираат околу деталите за Христовото раѓање, а некои од нив тврдат дека го знаат и точниот датум на неговото раѓање и смрт. Евангелијата на Лука и Матеј не го споменуваат точниот датум на Исусовото раѓање и смрт. Според многу учени, Исусовото раѓање се случило во лето или есен.227 Ова донекаде го докажува и Новиот Завет во Евангелието по Лука, 2:8-15, каде се вели дека во тоа време на спуштањето на ангелот Божји кој ги известил пастирите за раѓањето на Месијата во Давидовиот град. Тоа значи дека добитокот се чува ноќе само кога е лето, но не и зиме и дека ведрото небо кое е спомнато укажува дека временските прилики биле поволни. Дионисиј Ексигус (470–544 г.н.е.) се обидел да го утврди точниот датум од неговото раѓање и дошол до заклучок дека тоа било 753 години по основањето на Рим.228 Тој создал нов систем, кој со еден дел се одвоил од календарот што се користел тогаш, кој би се засновал на годините од владеењето на римскиот цар Диоклецијан. Царот Диоклецијан ги протерал христијаните, па постоела добра причина да биде „протеран“ од системот на датирање во корист на некој што бил инспи- риран со раѓањето на Исус Христос. Целиот христијански календар е заснован на погрешно сметање, тврди и папата Бенедикт Шеснаесетти во својата нова книга,229 во која истакнува дека Исус Христос е роден неколку години порано отколку што се сметало. Датумот на Исусовата „смрт“ исто така не е јасна. Според Евангелието по Јован, распнувањето го поврзува пред Пасха, празник кој паѓа во петок, на четиринаесеттиот ден во месецот Март. Евреите според луни-соларниот календар и според мислењето на Џон Пол Маер230 тврдат дека Исус најверојатно „умрел“ во април 30-та година или април во 33-та година од својот живот.

225Веројатно напишано во периодот од 60-та до 90-та година.

226 Пишувано од 65-та до 100-та година.

227 Врз основа на темелни и солидни проучувања на евангелијата, христијански истражувачи аргументирано тврдат дека Исус се родил во есен, односно во месец октомври кога овчарите сеуште ги паселе и преноќувале со своите стада под отворено небо. Во палестинското поднебје есента е сеуште блага, топла.

228 Како датум го одредил 25 декември 1година п.н.е, а следната година ја нарекол 1 година по новата ера, со што започнал системот за мерење на времето од Исусовото раѓање. Системот бил направен во 532 година, а речиси два века подоцна бил прифатен како календар на христијанската цивилизација.

229Грешката од неколку години ја направил монахот Дионисиј Ексигус при сметањето на почетокот на нашиот календар, кој се заснова на раѓањето на Исус Христос, пишува 85-годишниот сега веќе бивш папа во книгата Исус од Назарет: Приказна за детството, чиј прв тираж е распродаден во повеќе милиони примероци. Тој додава дека датумот на раѓање на Исус Христос всушност е неколку години порано. Ваквите тврдења не се нови, бидејќи многу историчари веруваат дека Исус е роден меѓу 7 и 2 година пред новата ера. Меѓутоа, фактот дека папата Бенедикт Шеснаесетти го доведува во прашање камен-темелникот на христијанската традиција е навистина изненадувачки. Се смета дека Дионисиј Ексигус, кој е роден во источна Европа, е создавач на модерниот календар и концептот „лето господово“.

230John P.Meier, библиски научник и католички свештеник роден во 1942 година. За неговото мнение во врска со смртта на Исус Христос подетално види во неговата книга A Marginal Jew: Rethinking the Historical Jesus, том 2, во третиот дел.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page