Драг брате во исламот, благодарам за твоето прашање,со кое се изразува твојата грижа за да имаш вистинско видување во учењето на исламот. Аллах им наредува на муслиманите да ги упатуваат луѓето кон знаење и самите себеси добро да се запознаат за учењето на Исламот за сите аспекти од животот.
Врската меѓу мажот и жената треба да биде основана на љубов, нежност, соработка и взаемно почитување. Според Исламското учење мажот и жената се комплетно независни во финансиите еден со друг и улогата на мажот е да троши на фамилијата од неговите финансии.
Иако тој не е задолжен да ја информира жената за тоа каде ги троши остатокот од својата заработувачка, препорачано е тоа да се направи од сочуство и заемната соработка и почит. Во одговорот на прашњето Dr.Monzer Kahf познат економист и советник додава:
Драг брате факт е дека тој заеднички живот е живот на љубов, соработка и взаемно почитување и прилагодување. Ако некој сака да инсистира на законско објаснување и граница ќе кажеме дека секое взаемно прилагодување и соработка доаѓа во предвид.
Правилното е дека мажот и жената се комплетно независни еден од друг и никој не бара да биде информиран или консултиран другиот за тоа што прави со парите или како прави и никој од нив нема право да побара да биде информиран. Овде секако треба да се знае дека од мажот се бара да троши на семејството (жената и децата) во доволна количина и разумно во зависност од мерката на неговиот буџет и моќност, додека од жената не се бара да троши за нејзините потреби или за потребите на децата и куќата. Исто така и еминантниот муслимански научник Шеик Абдел Кахалик Хасон Аш Шараев додава:
Мажот е задолжен единствено да троши пари на неговата жена и нејзините потреби и потребите на куќата, во зависност од финансискиот капацитет на мажот и стандардите на живеење на личноста.
Аллах рекол: „Богатиот нека троши според богатството свое, а тој што е сиромашен – според тоа колку што Аллах му дал, бидејќи Аллах никого не задолжува повеќе отколку што му дал; Аллах сигурно по тешкотијата ќе даде олеснување.“(65/7)
Па така ако мажот троши на својата жена и на фамилијата доволно, тогаш тој ја исполнува својата обврска и после тоа тој не е обврзан да и каже на својата жена за тоа што прави со својата заработувачка. Ако чува дел од заработувачката или троши на своите родители или на некој од роднините или дава дел од заработувачката за патот на Аллах, тогаш тој не обврзан да и каже на жената за тоа.
Dr.Monzer Kahf
Comments