top of page
Writer's pictureinfoislam

Турски научници тврдат дека ланено масло ги штити очите

Лененото семе содржи десет хранливи материи, вклучувајќи ја и омега-3 и омега-6 масни киселини, витамини Б1,Б2 и Ц, железо и цинк.

Докази за заштитните својства на лененото масло научниците на турскиот универзитет “Yuzuncu Yil” добиле после експериментот на стаорци. Поточно, изложиле лабараториски стаорци на УВ зрачење секојдневно за време на две седмици , додека во нивната исхрана вклучиле и масло од ланено семе или го изоставале.

Потоа, ги измериле нивните меландиелхаиди, протеини карбонил, глутатион, глутатион на пероксидаза и супероксид дисмутаза во кожата, леќи и серумот.

Нивото на внатрешниот антиоксиданс глутатион и супероксид и дисмутаза биле зголемени кај животните кои земале ланено масло, што значи дека биле подобро подготвени да се сочуваат од оксидативниот стрес.

Програмирана клеточна смрт (апоптозата) на мрежницата била изразена кај стаорци кои не конзумирале масло од ланено семе, што значи дека ова масло успеало да ги заштити очите.

Лененото семе содржи десет хранливи материи, вклучувајќи ја и омега-3 и омега-6 масни киселини, витамини Б1,Б2 И Ц, железо и цинк. Тие се и повеќе од 100 пати побогати со лигнин фитонутритиенти од било која храна.

Преземено: ИсламБосна ( http://www.islambosna.ba/ )

Превод: сестра Муслима

0 views0 comments

Comments


bottom of page