Во време кога исламот и муслиманите се изложени на исмејување и напади од сите страни, и кога се заборава на муслиманскиот допринос во глобалната наука и наследство, говорот на бившата директорка на компанијата Hewlett-Packard, Карла Фиорина, е редок пример кој ја потврдува немерливата улога на исламот и муслиманите во ширењето на светлото на науката во мрачните времиња на човечката историја.
Да ги слушнеме нејзините зборови: „Некогаш постоеше цивилизација која беше најголема на светот. Беше во состојба да формира континентална супер – држава која се протегаше од еден океан до друг и од северните поднебја до тропските области и пустината. Во рамките на нејзината власт, живееја стотина милиони луѓе од различни вери и етнички групи.
Еден од нејзините јазици стана универзален јазик за поголемиот дел од светот, мост меѓу народите во повеќе од стотина земји. Нејзините војски беа составени од луѓе од многу националности, а нејзината воена заштита овозможи ниво на мир кој никогаш предходно не беше познат во историјата на човештвото. Досегнувањето на трговијата на оваа цивлизација се протегаше од Латинска Америка до Кина и насекаде измеѓу.
Повеќе од било што, оваа цивилизација ја покренуваа – изумите. Нејзините архитекти дизајнираа згради кои и прокосеа на гравитацијата. Нејзините математичари ја измислија алгебрата и алгоритмите кои овозможија изградба на компјутери и формирање на енкрипција. Нејзините доктори го испитуваа човечкото тело и пронајдоа нови лекови за болестите. Нејзините астрономи го набљудуваа небескиот свод, им дадоа имиња на ѕвездите и соѕвездијата и го трасираа патот на вселенските патувања и истражувања.
Нејзините писатели напишаа илјадници приказни – за храброста, љубовта и волшепсвото. Нејзините поети пишуваа за љубовта, кога многумина пред нив беа толку уплашени дури и да мислат на такви работи.
Кога останатите народи се плашеа од идеите, оваа цивилизација напредуваше на нивните темели и ги одржуваше во живот. Кога цензурата се закани дека ќе го избрише знаењето на минатите генерации, оваа цивилизација го сочува и го пренесе на другите.
Додека современата западна цивилизација ги дели многу од наведените особини, цивилизацијата за која зборуваме е исламскиот свет од 800 до 1600.година која го вклучуваше и Османлиското царство и престолите на Багдат, Дамаск и Каиро, и таквите просветлени владетели како Сулејман Величествениот.
Иако често не сме свесни за нашата задолженост кон оваа друга цивилизација, нејзиниет дарови многу често се дел од нашето наследство. Технолошката индустрија воопшто не би постоела без доприност на арапските метематичари. Таквите лидери како Сулејман допринеле за нашите поими за толеранција и граѓанско водство.
И можеби, можеме да научиме и лекција од неговиот пример: тоа било водство втемелено на миритократија (Миритократија е водство засновано на заслуги, таленти, вештини, интелигенција, а не на наследство (аристократија) богатство (плутократија) или волја на мнозинството (демократија). Тоа е политичка филозофија според која власта им се дава на луѓето со заслуги, компетенција, достигнувања и можности кои се проверени со испити или демонстрација на вештините, а не на наследството. Водство кое ги користело целосните можности на разноликото население, а кое ги вклучувало христијанската, исламската и еврејската традиција. Овој вид на просветлено лидерство – кое негувало култура, одржливост, разноликост и храброст – донело 800 години изуми и просперитет.
Во мрачните и сериозни времиња како денешното, повеќе од било кога мораме да ја потврдиме својата преданост во изградбата на опшествата и институциите кои тежнеат кон тој вид на величина. Повеќе од било кога, мораме своето внимание да го насочиме на важноста на водството – храбрите дела и изразено личните одлуки на лидерите.“
(Извор: Говорот на Карла Фиорина, бивша директорка на компанијата Hewlett-Packard: „Технологија, бизнис и нашиот начин на живот, што е следното?“ Одржан во Миннеаполис.)
Зошто муслиманите назадувале?
Прашањето кое логично ни се наметнува гласи: Како муслиманите стигнале на ова ниско ниво на кое се денес, кога гледаме дека и западните научници се воодушевени од силата и убавината на исламот? Сосема е јасно дека не постои недостаток на интелигенција или талент во исламскиот свет. Напротив, муслиманите и надвор од своите матични земји се лидери во многу области, па дури и во западните земји. Доколку одблиско го разгледаме ова прашање, можеме да констатираме дека муслиманите го изгубиле своето високо место во овој свет оној момент кога исламот го сведиле само на областа на личните проблеми. Предходно опишаното славно време кое го опишува Карла Фиорина се случивало во времето кога исламот бил имплементиран во секое ниво на опшеството. За напредок на едно опшество битно е системот да го подржува и потикнува талентот и трудот, за разлика од она што денес се случува во муслиманскиот свет.
Вистинскиот исламски систем е оној во кој исламот има водечка улога. Не било битно дали сте од арапско или персиско потекло, бивш црн роб или жена – сите биле еднакви пред законот и сите имале исти прилики да го остварат својот потенцијал на темелите на сопствените способности. На децата од самиот почеток им се давало исправно образование и биле со љубов подучувани за разбирање на светот, кој, Аллах, аззе ве џелле, ни го доверил да го чуваме. Развиле еколошки прифатливи технологии кои ги финансирала и подржувала самата држава. Учителите, кои играле важна улога во подигањето на младината, биле високо платени професионалци. На научниците, узумителите, писателите им се давало охрабрување и финансиски награди.
Зошто ја заборавивме исламската историја?
Во сегашноста исламот е ставен во втор план. Во времето кога муслиманите биле дел од хилафетот и нивните откритија се сметале за пионерски, држава го спроведувала исламот на сите полиња, вкучувајќи ја и внатрешната политика, меѓународните односи, економијата, политиката, социјалниот систем и образованието. Муслиманските научници кон откритија ги водела желбата за разбирање на системот кој Аллах ни го направил достапен и видлив. Се пренесува дека муслиманскиот математичар Ел – Џебр ја измислил алгебрата, затоа што сакал да истражува и да ги разбере прописите на наследното право опишано во Куранот.
Денес кај нас па и насекаде во светот децата учат за Галилео, Њутн и Ајншајн, а скоро никако не се спомнуваат истакнатите личности од исламската историја. Ретко во училиштата се спомнуваат имињата на великаните од златните генерации на муслимани, почнувајќи од чесните асхаби, радијаллаху анхум, па до табиините, се до великаните, на кои толку многу им должиме, а толку слабо на нив се сеќаваме… Ретко кое од нашите деца знае дека муслиманите биле први кои ја донеле хартијата од Кина, и дека муслиманите оваа, во прво време уметничка форма, ја претвориле во голема индустрија.
Муслиманското производство на хартија го трасирала патот кон револуцијата на штампата и денешната индустрија на принтани медии и книжевни публикации.
Спротивно на врежаното мислење, Ибн Ен – Нефис од Дамаск, арапски лекар од 13 век, прв ги појаснил основните принципи на модерната теорија на градната циркулација, скоро 350 години пред Сер Вилијам Харвеј Кент (Англија), на кого погрешно му се препишува заслугата за ова откритие.
Вистински приказ на развој на цивилизацијата
Кристифор Колумбо се потпирал на муслимански карти и наутика при откривањето на Америка. Својот успех во Индискиот океан Магелан во потполност му го должи на водството на Ибн Маџид и наутичкото наследство. За жал, сме дозволиле нашето богато и неспоредливо наследство да биде закопано во песокот на времето. Уште е попоразително, што како поединци и како народ, но уште поважно како исламски свет, не црпиме сила и не земаме поука од единствениот интелектуален извор кои ни го оставиле нашите предци.
Време е да свртиме нова страница во нашите животи, да го вратиме разнишаното самопочитување и самодоверба, да преминеме од зборови на дела. Освен тоа, мораме да разбереме и да се потсетиме на причините на падот на нашиот уммет и да работиме сложно на негово издигнување. Да вложиме напор и да не го жалиме трудот муслиманите и исламот уште еднаш да станат предводници на научниот, економскиот и културниот препород во целиот свет, како што некогаш биле.
А нема сила ниту моќ покрај Аллахова сила и моќ!
Ел Аср
Comments