Пренесено е во еден исралијат(традиција пренесена од евреите) дека блискиот Божји пријател Ибрахим(Авраам), нека е мир врз него, го запрашал Семоќниот Аллах : „Мој Господару, откаде доаѓа болеста?“
Аллах одговорил: „Од мене!“ Ибрахим повторно запрашал: „Откаде доаѓа лекот?“ Аллах одговорил: „Исто така од мене„“ „А што е со лекарот?“, запрашал потоа Ибрахим а.с.. Аллах одговорил: „Тоа е човекот преко кој Јас праќам лек.“ Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Секоја болест има лек“. Иако тоа укажување се однесува на божанското откровение на медицинските лекови, тоа го потпомага духот на пациентите и болните, како и лекарите да го истражуваат „вистинскиот лек“. Всушност кога пациентот чуствува дека постои лек за секоја болест, неговото срце бива чепнато со духот на надежта, топлината на очајот ќе залади, капијата на надежта ќе се отвори и на духот му се враќа силата со што му се враќаат вродените психолошки и природни животни доживувања. Кога неговите органски системи ќе зајакнат тие стануваат позитивна сила која ќе ја надмине и надвладее болеста. Истиот принцип се однесува и на лекарот: кога еднаш ќе спознае дека болеста на пациентот има лек тој исто така бара да го најде. Оттаму болеста на телото и таа на срцето е слична. Исто така за секоја болест на срцето Аллах создал и лек – тоа е неговата спротивност. Кога некој чиво срце е болно ќе ја препознае болеста и ја лечи со неговата спротиставеност, тој ќе ја оздрави со Божја одредба. Во „Муснедот“ е забележано дека Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Човекот не наполнил полош вршник отколку својот стомак. Поради тоа ќе биде доволно за синовите на Адем(Адам) да си го задоволат својот глад со неколку залака за да си ја поврати цврстината. Ако мора да јаде за да се најаде тогаш би требало да резервира една третина од желудникот за храна, една третина за вода и една третина нормална за дишење.“ Затоа постојат две врсти на болести, тоа е болеста на срцето и физичката болест која е последица на влегување на состојки чиво делување ги оштетува природните функции и рамнотежата на телото, и ова е врста на општа болест која ги погаѓа повеќето луѓе. Ваквата болест најчесто е предизвикана со претерано јадење, земање на храна пред да заврши варењето на претходната храна, јадење на тешка храна која споро се вари, јадење на храна со дефинциентен состав, јадење и мешање на храна на спротиставена храна или посебно подготвени благи работи за ист оброк. Кога телото ќе се навикне на ваква врста на исхрана ќе наследи разни врсти на вакви болести. Поради тоа велиме дека умереноста е патот кон доброто здравје, а телото се користи со умереност и исхраната треба да биде умерена. Тоа е бидејќи полниот стомак го оштетува телото, срцето и душата. Овој случај е уште потежок кога ќе стане навика, бидејќи личноста ќе почуствува депресија, тромост и тешкотијата и на телото и на душата и ќе ја занемари послушноста на темелни верски должности.
Медицина на Пратеникот – Ибн Кајим ел Џевзи
Comments